Објави ја возбудливата порака од Откровение
1 Книгата Откровение ни има помогнато да ја разбереме возбудливата порака што е запишана во библиската книга Откровение. Помогни им на другите да сфатат како таа порака се однесува и на нив така што ќе ја нудиш книгата во службата во текот на март. Можеби следниве предлози ќе ти послужат при подготовката на твоите презентации.
2 По прикладен поздрав, можеш отприлика да го кажеш ова:
◼ „Сте чуле ли некогаш за четирите јавачи на Апокалипсата? [Дозволи одговор.] Дадени се различни објаснувања за тоа што претставуваат овие јавачи. Но, дали знаете дека нивното симболично јавање е всушност дел од едно библиско пророштво што прорекува настани што се случиле во наше време и вели дека сите ние сме вклучени на еден или друг начин? [Дозволи одговор.] Дали ќе ве интересира да го разберете ова пророштво и што значи за нас неговото исполнување?“ Ако е покажан искрен интерес, можеш да укажеш на илустрациите од 16. поглавје од книгата Откровение и да ги поврзеш со некои стихови што се испишани со масни букви. Или можеш да коментираш некој аспект од визијата така што ќе го употребиш трактатот Ќе преживее ли овој свет? Ако е покажан интерес, понуди ја книгата или договори се да дојдеш повторно за да дискутирате повеќе за визијата и нејзиното значење.
3 Или, можеби ќе сакаш да се обидеш со пристап сличен на овој:
◼ „Сте го чуле ли некогаш терминот ‚Армагедон‘? [Дозволи одговор.] Многумина мислеа дека тоа се однесува на опустошувачка нуклеарна војна во денешно време. Всушност, Армагедон е нешто сосем друго. Според Библијата, тој ќе значи важна промена на подобро која ќе доведе до свет со траен мир.“ Зависно од реакцијата на лицето, можеш да укажеш на библиски стих како што е Откровение 16:16 или Псалм 36:10, 11, а потоа да го свртиш вниманието на 39. поглавје од книгата Откровение. Ако е јасно видлив искрен интерес, можеби ќе сакаш да ја понудиш книгата. Во спротивно, може да се одлучиш да разгледаш прикладни мисли од трактатот Ќе преживее ли овој свет?
4 Можеби ќе бидеш во состојба да го поттикнеш интересот со овој предлог:
◼ „Во ова време од годината, многумина ширум светот размислуваат за смртта и воскресението на Исус Христос. Дали сте се прашале некогаш што прави тој од неговото воскресение па наваму? Голем број возбудливи настани во наше време се поврзани со Исусовата сегашна улога во Божјата намера. Некои од нив се опишани во книгата Откровение. Ќе сакате ли да научите повеќе за тоа каква била Божјата намера кога го испратил својот Син на Земјата и што значи тоа за вас и за вашите сакани?“ Можеби ќе можеш да го свртиш вниманието на 1. и 2. пасус од 41. поглавје од книгата Откровение или да истакнеш прикладни мисли од најновите изданија на Стражарска кула и Разбудете се! Или, можеби ќе сакаш да го употребиш трактатот Живот во мирољубивиот нов свет за да подбудиш натамошен интерес.
5 Не заборави да ги поканиш сите што покажале интерес да присуствуваат на Споменот. Со Јеховин благослов, можеби ќе можеш да му помогнеш на некој ‚да ги чуе зборовите на пророштвото и да пази на напишаното во него‘ (Откр. 1:3).