Нуди ги најдобрите списанија на светот
1 Наведената цел на Стражарска кула е „да го прослави Јехова Бог како Суверен на вселената“. Разбудете се! е „од корист за целото семејство. . . . Ова списание ја јакне довербата во Творецот, кој ветил дека ќе создаде еден нов свет во кој ќе владеат мир и безбедност“. Овие цитати се земени од самите списанија. Бидејќи ги постигнуваат овие цели, станале извор на утеха за милиони читатели.
2 Овие часописи ќе ги нудиме во нашата служба во текот на април и мај. За да бидеме делотворни, треба да бидеме добро запознаени со нивната содржина. Прочитај го секој број и забележи мисли кои можеби ќе можеш да ги користиш кога ги нудиш. Размисли за она што ги интересира луѓето. Кои општествени, семејни или емоционални прашања доминираат во размислувањето на повеќето луѓе? Обиди се да размислиш што ќе кажеш што длабоко ќе ги трогне и ќе им подбуди желба да научат повеќе.
3 Посебно нудење на Стражарска кула од 1. април: Повеќето луѓе копнеат по подобар свет, свет без многуте проблеми кои сега толку често ги лишуваат од радоста.
Откако ќе се претставиш, можеш да речеш:
◼ „Би сакал да ви покажам еден интересен коментар што е даден во оваа статија со наслов ‚Подобар свет — зарем е само сон?‘ Таму вели: ‚Овој свет, нашиов свет — секако не е едно идеално место. . . . Бескраен, се чини, е списокот на денешниве јадови‘. Ваквата ситуација ни отежнува да бидеме оптимисти кога се работи за иднината, зар не? Меѓутоа, дозволете ми да ви покажам што вели за иднината Псалм 36:11.“ Откако ќе го прочиташ стихот, прашај го станарот што мисли за ова ветување. Ако одговори поволно, сврти кај статијата „Еден подобар свет — мошне блиску!“, страница 4, и речи: „Овде се наведени извесен број библиски стихови, вклучувајќи го и овој кој штотуку го прочитавме од Псалм 36:11. Верувам дека ќе уживате додека ги читате овие статии и ги барате библиските стихови во својата Библија. Радо ќе ви ги оставам“. Ако е прикладно, спомени дека нашето дело се потпира со доброволни прилози и дека би бил спремен да прифатиш мал прилог.
4 Посебно нудење на Стражарска кула од 15. април: Статијата од 4. страница прашува: „Каде можеш да најдеш сигурно водство?“
Откако ќе се претставиш, можеш да речеш:
◼ „Во денешниов свет има толку многу проблеми како што е [спомени нешто што моментално ги загрижува луѓето во таа средина или некој новински наслов]. Ова нѐ тера да се запрашаме дали некој некогаш ќе нѐ извлече од оваа каша. За среќа, 2. Тимотеј 3:16, 17 нѐ уверува дека Библијата е водич до среќен и безбеден начин на живот.“ Откако ќе ги прочиташ овие стихови, покажи како Стражарска кула ни помага да разбереме зошто Библијата е сигурен водич.
5 Ако претпочиташ да го нудиш Разбудете се!, можеш да го употребиш изданието од април-јуни и статијата „Може ли светот да се обедини?“ Веројатно ќе увидиш дека луѓето на подрачјето забележуваат како се прават напори од разни страни за луѓето да се обединат. Многумина од нив ги интересира дали е навистина можно да се обединат сите народи.
6 Ако сме одушевени од нашите списанија, најдобрите на светот, ќе бидеме заинтересирани да им ги дадеме на другите за да можат и тие да ја прифатат надежта на Царството и да учествуваат во величањето на Јехова како Суверен Господар на вселената (Пс. 82:18).