Гради вера во Творецот на човештвото
1 Повеќето луѓе дошле до некој заклучок околу потеклото на животот. За жал, врз многумина е извршено погрешно влијание да ја прифатат еволуцијата како одговор. Книгата Создавање во детали ги разгледува обете страни на спорното прашање и нуди убедливи докази во корист на Библијата. Како да им помогнеме на искрените луѓе кои покажале спремност да слушаат? Така што ќе правиме повторни посети. Кога ќе дојдеме повторно, секогаш е добро да имаме на ум нешто конкретно што ќе го кажеме за да градиме вера во Јехова како наш Творец.
2 Ако лицето покажува дека ѝ верува на Библијата, овој пристап може да е делотворен за да го започнеш својот разговор:
◼ „Исаија 45:18 содржи силни зборови за потеклото на вселената; би сакал да знам што мислите Вие за тоа. [Прочитај и дозволи коментар.] Јехова се идентификува себеси како Творецот на небото и Земјата. А што е со животот на оваа Земја? Исаија 42:5 повторно му ја припишува нему сета заслуга. [Прочитај.] Ако е вистина она што го вели Библијата, еволуцијата мора да е лажна. Мислите ли дека можете да имате доверба во Библијата?“ Осврни се на 17. поглавје од книгата Создавање и истакни натамошни причини за верување во Јехова како Творец.
3 Можеш да го започнеш својот разговор отприлика вака:
◼ „При мојата последна посета го поставивме прашањето: Каква е иднината на човекот и Земјата? Забележете како одговара на тоа прашање книгата што ви ја оставив.“ Сврти на страници 234–235 од книгата Создавање и охрабри го да ги прочита 6. и 7. пасус. Ако е покажан натамошен интерес, би можел да прашаш: „Какви драматични промени мислите дека ќе се случат на Земјата?“ Ако е прикладно, оваа мисла може да се разгледува во таа прилика или на твојата следна посета така што ќе продолжиш со други пасуси од истото поглавје од книгата Создавање.
4 Ако станарот изгледа дека на некој начин е религиозно настроен, би можел да го прашаш:
◼ „Сте забележале ли дека многу луѓе денес ја припишуваат заслугата на една безлична природа или на персонификацијата наречена Мајка Природа? [Дозволи коментар.] Библијата не нѐ остава во незнаење во врска со вистинскиот Творец.“ Прочитај Откровение 4:11. Откако ќе се прочита стихот, станарот може да се искаже. Потоа можеш да го свртиш вниманието на специфична точка–две од 11. поглавје од книгата Создавање и можеби да ја истакнеш намерата на Творецот да ја претвори целата Земја во рај под Христовото Царство.
5 Друг начин на кој можеш да ја започнеш повторната посета е така што ќе кажеш:
◼ „Човештвото има претрпено големи болки и жалост поради злото и злобата. Јехова, Творецот на Земјата, ветил дека на овие услови ќе им дојде крајот. [Сврти на страница 196 и прочитај Изреки 2:21, 22.] Оние кои го признаваат како свој Творец и ја вршат неговата волја можат да очекуваат чудесни благослови.“ Ако е прикладно во тој момент, продолжи со дискусија за Откровение 21:4, 5 на страници 197–198.
6 Искусни објавители имаат увидено дека е најдобро да се испланира одредено време за повторни посети. Конкретните подготовки за ова дело ќе ни помогнат да го следиме интересот навреме. Одреди го времето што е најдоборо за тебе и за луѓето кои живеат на подрачјето. Со твоето редовно учествување во ова дело, ќе најдеш радост во исполнувањето на налогот да ‚правиш ученици‘ (Мат. 28:19, 20, НС).