Покажи ја твојата грижа преку повторни посети
1 Пронаоѓањето на заинтересирани луѓе од врата до врата ја покажува нашата желба да им дадеме на другите прилика да ја чујат пораката за Царството. Затоа, немој да заборавиш да дојдеш повторно таму каде што си оставил литература во текот на јануари бидејќи тоа е еден извонреден начин да ја покажеш твојата грижа за другите.
2 Ако си ја оставил книгата „Царство“, обиди се да го продолжиш разговорот на следниов начин:
◼ „Претходно зборувавме за Божјето Царство и за она што ќе го стори за нас. Тоа Царство наскоро ќе ја претвори Земјата во рај. Бидејќи никогаш не сме виделе рај, можеби ни паѓа тешко да си го замислиме. Еве како би можел да изгледа. [Осврни се на илустрацијата на 4. и 5. страница.] Таков рај е ветен во Библијата.“ Прочитај Псалм 71:7. Ако постои интерес, сврти на 174. и 175. страница, 3. и 4. пасус, и укажи на она што мораме ние да сториме ако сакаме да живееме во претстојниот Рај.
3 Еве еден предлог и за повторна посета на место каде што е оставена книгата „Среќа“:
◼ „Сите ние сакаме да бидеме среќни. Многумина сметаат дека во овој свет е невозможна вистинска среќа. Што мислите Вие за тоа? [Дозволи одговор.] Се вели дека среќата е состојба на умот. Ако умовите ни се исполнети со љубов кон другите, со почитување кон Бог и со сигурна надеж за иднината, можеме да доживееме вистинска среќа и покрај нашите проблеми.“ Прочитај Псалм 118:1, 2. Објасни дека преку проучувањето на Библијата учиме како да ги сакаме другите, како да покажуваме почитување кон Бог и како да најдеме утешна надеж за иднината.
4 Можеш да направиш посета на место каде што си ја оставил книгата „Вистински мир и безбедност — Како да се пронајдат?“ со кратка презентација слична на следнава:
◼ „Светските водачи денес не можат да донесат мир и безбедност. Јехова Бог е единствениот кој може да го стори тоа. Библијата ни покажува што треба ние да сториме. [Дискутирај за мислите од 1. и 2. пасус на 175. страница, а потоа прочитај Исаија 26:4.] Би сакал да Ви покажам како може оваа книга да Ви помогне.“
5 Можеш да направиш повторна посета таму каде што си ја оставил брошурата „Се грижи ли Бог навистина за нас“, според следниов предлог:
◼ „Минатиот пат Ви оставив примерок од оваа брошура која поставува едно битно прашање: ‚Се грижи ли Бог навистина за нас?‘ Откако ја разгледавте брошурава, до кој заклучок дојдовте? [Дозволи одговор.] Веројатно се охрабривте кога ги прочитавте библиските стихови кои ветуваат рајски нов свет во кој ќе можеме да живееме во мир. [Покажи му ги илустрациите на 2. и 3. страница, и укажи на некои од привлечните обележја на новиот свет.] Сигурен сум дека Вие и Вашите сакани би сакале да живеете во еден таков свет. Забележете што вели за тоа 16. пасус на 31. страница.“ Прочитај го пасусот и укажи дека да се бара Јехова значи да се учи повеќе за него и за неговите намери преку проучување на неговата Реч, Библијата.
6 Јехова служи како совршен пример на Пастир полн со љубов кој се грижи за своите овци (Езек. 34:11-14). Нашите искрени напори да ја имитираме неговата нежна грижа, му се допаѓаат, ја покажуваат нашата љубов и им донесуваат благослов на другите.