ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 6/95 стр. 1
  • Христос како Пример за младите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Христос како Пример за младите
  • Нашата служба за Царството 1995
  • Сличен материјал
  • Можеш ли да се ставиш на располагање?
    Нашата служба за Царството 2001
  • Дали ова е можеби најдобрата кариера за тебе?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Можеш ли да му служиш на Јехова како пионер?
    Нашата служба за Царството 1993
  • Пионерите даваат, но и примаат благослови
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
Повеќе
Нашата служба за Царството 1995
km 6/95 стр. 1

Христос како Пример за младите

1 После долга библиска дискусија, еден младич рекол: „Импресиониран сум од енергичноста на Исус Христос. Тоа е водач кому можам да му верувам“. Ова не може да се рече за ниту еден политичар ниту, пак, за некоја спортска или естрадна ѕвезда. Вистинските христијани не ги земаат за пример оние кои отворено ги прифатиле световните мерила и нехристијанскиот начин на живот (Пс. 145:3, 4).

2 Кога ќе почнат да покажуваат вера во Исус Христос, младите луѓе можат да бидат сигурни дека се претставуваат себеси како Божји овци и дека Исус ги познава. Добриот Пастир се грижи за нив (Јован 10:14, 15, 27). Младите кои го следат Христос како свој Пример се благословени.

3 Еден брат, кој моментално служи во Бетелот во Бруклин, уште на осум години си ја поставил за цел оваа предност на службата. Бил охрабрен да гледа на бетелската служба како на еден практичен начин да го следи Христовиот пример кога ќе порасне. Неговите родители, како и патувачките надгледници, му помогнале да ја задржи пред себе таа цел. За да му помогнат да се подготви, го охрабрувале марливо да се напрега, токму како еден член на бетелското семејство, извршувајќи куќни работи, помагајќи околу одржувањето на Салата на Царството и развивајќи вештини во службата. По повеќе години радосна бетелска служба, благодарен е што направил напори да го имитира Христовиот пример додека растел.

4 Исус не тежнеел по световна кариера; ја избрал службата. Една млада сестра сакала да биде пионер кога завршила со школувањето, но се колебала бидејќи немала пригодна работа со скратено работно време. Размислувала: ‚Прво ќе најдам работа, а потоа ќе поднесам молба за пионерска служба‘. Некој старешина ѝ укажал дека, колку повеќе чека толку подобра ќе ѝ изгледа работата со цело работно време, бидејќи ќе нема нешто што ќе ја спречи да ја прифати. Таа раскажува: „Му се молев на Јехова за неговиот дух да ме води“. Веднаш се пријавила за помошен пионер, а подоцна станала и општ пионер. Кратко потоа, нашла идеално работно место кое ѝ одговарало на распоредот за пионерска служба.

5 Исус секому храбро му ја објавувал пораката за Царството (Мат. 4:23). Младите христијани можат исто така да научат да бидат храбри во проповедањето, а не да се плашат од другите. Еден 14-годишен Сведок известува: „Сите во училиштето знаат за мојот став како христијанин. . . . Го знаат тоа толку добро што, кога ќе сретнам соученик додека сум во службата, не се чувствувам посрамен. Соучениците обично слушаат, и многупати земаат литература“.

6 Размислувањето за Христовиот пример може да им помогне на младите да донесуваат мудри одлуки за својата иднина. Наместо да се преокупираат со световни цели, тие ‚си спомнуваат за својот Творец‘, покажувајќи ревност во Јеховината служба (Проп. 12:1). Како Христос Исус, и тие ја негуваат ‚љубовта од Отецот‘ која донесува благослови далеку попожелни од што и да е друго што го нуди светот. Наместо да ‚поминат‘ со стариот свет, можат желно да очекуваат да ‚останат довека‘ (1. Јов. 2:15-17).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели