Следи го секој интерес за да им бидеш од корист на другите
1 Кој е клучниот фактор што ни помага да одредиме дали треба или не треба да оставиме некому наша литература? Интересот! Истото важи и за правењето повторни посети. Секогаш кога некој покажува макар мал интерес за пораката за Царството, ние сакаме да сториме сѐ што можеме за да му бидеме од корист на тоа лице. Затоа правиме повторни посети, со цел да го негуваме интересот на тоа лице и да започнеме домашна библиска студија. Ваква цел имаме и кога не сме оставиле литература. Како може тоа да се изведе?
2 Ако претходно сте разговарале за денешната раширеност на брачните проблеми и притоа си ја оставил книгата „Живеј засекогаш“, можеш да го започнеш разговорот на следниов начин:
◼ „На претходната посета разговаравме за бракот и за практичните библиски совети кои можат да ни помогнат да најдеме поголема среќа. Зарем не е вистина дека дури и во најдобрите семејства, одвреме–навреме се појавуваат проблеми? [Дозволи одговор.] Библијата ни дава извонредни совети кои можат да ни помогнат да ги решиме проблемите во семејните односи. Едно семејство може да биде благословено преку заедничко проучување на Библијата.“ Сврти на 246. страница и дискутирајте за 23. пасус. Прочитај Јован 17:3 и понуди се да помогнеш семејството да почне да ја проучува Библијата дома.
3 Ако сте зборувале за децата и за нивната потреба од воспитување, можеш да ја продолжиш дискусијата на следниов начин:
◼ „Претходниот пат зборувавме за духовното воспитување кое им е потребно на децата и за тоа како можат родителите да им помогнат. Повеќето родители со кои разговарав се растревожени поради лошото однесување на толку многу млади луѓе денес. Што мислите Вие за . . . ? [Спомени пример на лошо однесување на младите кое често се забележува во вашата средина. Дозволи одговор.] Дозволете ми да Ви покажам некои од практичните совети дадени во Библијата.“ Сврти кај 22. пасус на 246. страница во книгата Живеј засекогаш, дискутирајте за главната мисла, па прочитај Ефесјаните 6:4. Укажи на тоа дека повеќето деца всушност сакаат дисциплина и водство. Кога родителите марливо им ја даваат, децата се посреќни и се однесуваат кон другите со поголемо почитување. Објасни како ние ја проучуваме Библијата со нашите деца.
4 Ако темата на твојот разговор била рајската Земја, тогаш можеш да го речеш следново за повторно да го оживееш интересот:
◼ „Во оваа книга видовме некои илустрации кои ни покажуваат како ќе изгледа Земјата кога Бог ќе ја претвори во рај. Тоа нема многу да ни значи ако не можеме да го уживаме заедно со оние што ги сакаме. Дали се согласувате со тоа?“ Дозволи одговор. Потоа сврти на 162. страница во книгата Живеј засекогаш. Прочитај Откровение 21:3, 4 и објасни како ќе можат нашите сакани да бидат секогаш со нас. Ако наидеш на поволна реакција, прочитај Јован 5:28, 29 за да покажеш дека мртвите ќе се вратат во живот. Укажи на насловната страница од книгата и речи: „Навистина, ние можеме засекогаш да живееме во рајот на Земјата!“ Договори се, на следната посета да дискутирате за тоа како знаеме дека тоа е близу.
5 Главната цел на една повторна посета е да им помогне на интересентите да извлечат корист од пораката за Царството. На повеќето луѓе им треба поттик кој ќе го побуди нивниот апетит за духовни работи. Насочи го нивното внимание на конкретни точки од практична вредност што се наоѓаат во литературата, нагласувајќи како можат тие да им помогнат подобро да ја разберат Библијата. Повторните посети кои ги постигнуваат овие цели ќе им помогнат на другите да извлечат корист на најдобриот можен начин.