Помогни им на другите да извлечат корист
1 Јехова ветува дека ќе нѐ поучи за сѐ она што треба да го знаеме. Во Псалм 32:8 (НС) тој нѐ уверува: „Ќе направам да имаш увид и ќе те поучам за патот по кој треба да одиш. Со очи вперени во тебе, ќе те советувам“. Оваа гаранција е од голема корист за нас. Ние сакаме несебично да им покажеме на другите како можат да извлечат корист ако ги применат мудрите совети од Библијата (Иса. 48:17). Во септември ќе можеме да го правиме тоа со нудење на книгата Живеј засекогаш. Додека ги подготвуваме своите презентации, во нив можеме на различни начини да ја покажеме практичната вредност на Библијата.
2 Со оглед на денешната зачестеност на брачните проблеми, можеби ќе сакаш да ја изнесеш следнава мисла од книгата „Живеј засекогаш“:
◼ „Повеќето луѓе со кои зборував се многу загрижени поради тоа што недостигот на среќа во бракот и разводите се сѐ почести. Што мислите вие за овој проблем? [Дозволи одговор.] Многумина не ги сфатиле основните причини за тоа. Доколку вложат искрени напори, многу брачни парови не само што ќе го спасат својот брак туку ќе најдат и вистинска среќа. Клучот на успехот лежи во применувањето на советите од Библијата.“ Прочитај Ефесјаните 5:28, 29, 33. Сврти на 243. страница, дискутирајте за 16. и 17. пасус, а потоа понуди ја книгата.
3 На децата им е потребно родителите да им посветат квалитетно време и да ги воспитаат. Кога ќе ја нудиш книгата „Живеј заекогаш“, можеш да речеш:
◼ „Сите ние сме заинтересирани за идното добро на нашите деца. Според ваше мислење, кој е најдобриот начин на кој родителите можат да им помогнат на своите деца да имаат сигурна иднина? [Дозволи одговор.] Чујте го следниов совет од една библиска изрека напишана пред околу 3.000 години. [Прочитај Изреки 22:6.] Иако нашите деца можат да извлечат голема корист од поуките што ги добиваат на училиште, највредното школување ќе го добијат дома од своите родители. Тоа бара време, внимание и љубов, но достојно е за секој напор.“ Сврти на 245. страница, дискутирајте за 20. и 21. пасус, а потоа објасни на кој начин може да се користи книгата како основа за семејна студија на Библијата.
4 Можеби ќе сакаш да ја понудиш книгата „Живеј заекогаш“, покажувајќи на кој начин ќе стане Земјата рај:
◼ „Сигурен сум дека сте заинтересирани за тоа каков ќе Ви биде животот во иднина. Во Господовата молитва, Исус нѐ учел да се молиме да се врши Божјата волја и на Земјата како на небото. Како ќе изгледа Земјата кога ќе се исполнат овие зборови? [Дозволи одговор.] Тука има една уметничка претстава за рајски свет. [Укажи на илустрациите на 12. и 13. страница. Потоа прочитај го Исаија 11:6-9 во 12. пасус.] Зарем не би било прекрасно да се живее во еден таков свет? Оваа книга ќе Ви покаже како можете Вие и Вашето семејство да живеете во ваков рај.“
5 Претходната подготовка на твојата презентација е клучен фактор за тоа каков успех ќе имаш на врата. Пред да чукнеш, погрижи се да кажеш нешто конкретно во врска со некоја библиска мисла. Исто така, имај на ум краток коментар за некое интересно обележје на списанието или на трактатот што планираш да го понудиш ако книгата не е прифатена. Искористи ја секоја прилика во септември да го сееш семето на вистината за Царството (Проп. 11:6). Ќе им помогнеш на другите да ги пожнеат користите што ќе траат засекогаш.