Сите восхитени од излегувањето на новата книга на обласниот конгрес
Новата книга го истакнува спознанието за Бог
1 Колку само бевме воодушевени од целокупната програма на нашиот обласен конгрес летово! Нашата радост беше неизмерна кога во саботата попладне го чувме објавувањето на новата книга, Спознание кое води до вечен живот, и информациите во врска со тоа. На милијардите жители на Земјата им е потребно спознание кое може да го даде само Бог — спознание за Бог и за неговиот Син, Исус Христос (Изр. 2:1-6; Јован 17:3).
2 Колку само впечатливо ги опиша говорникот деловите од книгата! Воодушевувачките наслови, практичните илустрации, позитивното излагање на вистината, едноставните прашања и рамката со наслов „Провери го своето спознание“ која се наоѓа на крајот од секое поглавје, се некои од обележјата што ќе бидат привлечни за сите кои ќе ја читаат книгата. Но, особена корист ќе извлечат нашите библиски ученици додека за кратко време ќе ги совладуваат основите на библиските учења.
3 Во завршните говори во сабота и во недела, бевме охрабрени на нашата семејна студија да ја користиме оваа нова книга. Веројатно досега сме се запознале со нејзината содржина. Без сомнение, веќе сте дискутирале и околу точките што сакате да ги имате на ум кога ќе ја нудите оваа нова книга на подрачјето.
4 Точки за повторување: Можеби се сеќаваш дека, кога беше изнесена темата „Зошто му е потребно на човештвото спознание за Бог“, говорникот нагласи неколку точки, вклучувајќи ги и следниве: 1) Кога ја користиш оваа книга за водење на студии, не би било мудро да внесуваш дополнителен материјал кој би можел да ги засени главните точки; концентрирај се само на тоа да го пренесеш она што го изнесува книгата во секое поглавје. 2) Поглавјата се со умерена должина, така што секогаш кога ќе проучуваш, ќе бидеш во состојба да поминеш по едно поглавје. 3) На крајот од секое поглавје, прашањата во рамката под наслов „Провери го своето спознание“ ќе овозможат едно концизно повторување.
5 Користи ја на библиски студии: Приличен број објавители се распрашувале дали е препорачливо да ги префрлат своите библиски студии на оваа нова книга. Ако си поминал поголем дел од книгата која досега се проучувала, би било практично да го довршиш проучувањето на таа публикација. Ако не, препорака е да преминеш на книгата Спознание. Ако си користел брошура или трактат за да започнеш библиска студија, во погодно време воведи ја новата книга и користи ја на библиската студија. Повеќе информации за употребата на книгата Спознание ќе се појават во Наша служба за Царството во наредниве месеци.
6 Јехова ја дал оваа нова книга за да ни помогне да ги поучуваме другите за спознанието кое води до вечен живот. Сега треба добро да се подготвуваме и да имаме целосен удел во делото кое допрва треба да се изврши.