ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 1/96 стр. 8
  • Проповедај со увид

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Проповедај со увид
  • Нашата служба за Царството 1996
  • Сличен материјал
  • Спознанието од Бог одговара на многу прашања
    Нашата служба за Царството 1997
  • Како да ја нудиме книгата Што учи Библијата
    Нашата служба за Царството 2006
  • Добро да се искористат нашите постари книги
    Нашата служба за Царството 1995
  • Предложени презентации за служба на теренот
    Нашата служба за Царството 2005
Повеќе
Нашата служба за Царството 1996
km 1/96 стр. 8

Проповедај со увид

1 За да имаме увид потребно е да сфатиме нешто во врска со луѓето на кои им проповедаме. Зошто? Бидејќи нашиот успех во достигнувањето на срцата на луѓето зависи од нашата способност да ја презентираме пораката на Царството на начин кој ќе им биде привлечен. Во текот на месец јануари ќе нудиме разни книги за библиска студија што собранијата можеби сѐ уште ги имаат на располагање. Ако не, објавителите ќе ја користат книгата Вистински мир и безбедност — Како можеш да ги пронајдеш? Следниве предлози можат да бидат од помош.

2 Ако избереш да ја нудиш книгата „Вистински мир и безбедност — Како можеш да ги пронајдеш?“, можеш да се осврнеш на илустрацијата на 4. страница и да кажеш:

◼ „Оваа илустрација е една уметничка претстава на она што Библијата го учи за Божјата намера со Земјата. Што мислите, што би се барало од Вас и од Вашето семејство за да живеете на една рајска Земја? [Дозволи одговор.] Библијата покажува дека вистинскиот мир и безбедност наскоро ќе бидат реалност ширум Земјата и дека Рајот ќе биде обновен. [Прочитај Псалм 36:10, 11.] Оваа книга може да Ви покаже што треба да правите за да извлечете корист од она што ќе го стори Бог. Би сакал да Ви го оставам овој примерок.“ Ако има поволен одговор, може накратко да објасниш за подготовката за донации.

3 Ако ја користиш книгата „Направи го среќен семејниот живот“, можеш да кажеш нешто како ова:

◼ „Ќе се сложите ли дека денешните семејства се соочуваат со предизвици кои им биле непознати на претходните генерации? [Дозволи одговор.] Според Вашето мислење, зошто се случува тоа? [Сослушај го одговорот. Сврти и прочитај 2. Тимотеј 3:1-3.] Изразите ‚непокорни спрема родителите‘ и ‚непомирливи‘ точно опишуваат многумина од нашево време. Меѓутоа, истиот Бог кој ги претскажал овие проблеми, ни дал и здраво водство како да се зајакне блискоста во семејството“. Прочитај го пасусот од „Издавачите“ на страница 2. Понуди ја книгата, а потоа спомни за подготовката за донации.

4 Еден друг пристап што би можел да се користи со книгата „Вистински мир и безбедност — Како можеш да ги пронајдеш?“, започнува со прашањето:

◼ „Денес многу луѓе веруваат дека Бог не е вистински заинтересиран за нас луѓето на Земјата и дека тој нема да преземе ништо во врска со проблемите што постојат. Дали и Вие мислите така? [Дозволи одговор.] Дозволете ми да Ви прочитам што кажува ова помошно средство за проучување на Библијата во врска со Божјата намера со луѓето и со Земјата. [Прочитај го 1. пасус и првата реченица од 2. пасус на 43. страница.] Ве уверувам дека постои здрава причина зошто Бог ги допушта проблемите кои постојат на Земјата. Ако сакате да дознаете која е таа, Ве молам, прочитајте ја оваа книга која носи наслов Вистински мир и безбедност — Како можеш да ги пронајдеш?“ Ако станарот вети дека ќе ја прочита книгата, остави му ја и спомни ја подготовката за донации.

5 Ако сакаш да изнесеш кратка презентација користејќи ја книгата „Светска безбедност под ‚Кнезот на мирот‘“, би можел да ја отвориш книгата на 4. страница и да прашаш:

◼ „Што ќе се случи со планетата Земја? Многумина се прашуваат за тоа. Мислите ли дека таа некогаш ќе стане рај?“ Сослушај го одговорот на домаќинот, а потоа прочитај ги уводните мисли на 2. страница. Понуди да ја оставиш книгата и објасни ги подготовките за донации.

6 Добриот увид ќе нѐ оспособи да ги препознаеме потребите и интересите на луѓето кои ги среќаваме. Стихот од Изреки 16:23 нѐ уверува во тоа, велејќи: „Срцето на мудриот го прави јазикот негов мудар, разумот се пројавува и во устата негова“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели