ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 1/96 стр. 7
  • Зборувај со смелост

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зборувај со смелост
  • Нашата служба за Царството 1996
  • Сличен материјал
  • ‚Смело зборувај ја Божјата реч‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Следи го примерот на Исус — проповедај со смелост
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Проповедај ја добрата вест насекаде
    Нашата служба за Царството 1996
  • Продолжете со смелост да ја зборувате Божјата реч
    Нашата служба за Царството 2005
Повеќе
Нашата служба за Царството 1996
km 1/96 стр. 7

Зборувај со смелост

1 Во текот на последниве години, објавителите во некои подрачја увидуваат дека е сѐ потешко да разговараат со луѓето во нивниот дом. Многумина известуваат дека, кога се вршат посети од куќа до куќа, повеќе од 50-проценти од луѓето на нивното подрачје не се дома. Како резултат на тоа, голем дел од времето кое е потрошено е непродуктивно.

2 Со години порано, многу луѓе биле наоѓани дома во недела, за која обично се сметало дека е ден за одмор. Навиките се промениле. Денес е вообичаено луѓето да работат на световни вработувања, да се грижат за потребите на семејството, како што е пазарувањето, или да се рекреираат, поради што исто така не се дома. Така, дури и во неделите станало проблем да се стапи во контакт со луѓето во службата од куќа до куќа.

3 Кога луѓето не се дома, тоа очигледно значи дека се на некое друго место. Бидејќи нашата цел е да разговараме со луѓето, зошто да не зборуваме со оние кои ги среќаваме — на улица, на пазар или на работното место. Павле имал обичај да им приоѓа на оние ‚со кои ќе се сретнел‘ за да им даде сведоштво (Дела 17:17). Ова се покажало како продуктивна форма на сведочење тогаш, а тоа е продуктивна форма на сведочење и во наше време.

4 Кога одиме од куќа до куќа, обично гледаме луѓе кои се шетаат или чекаат некого. Кога е убаво времето, тие можеби седат на клупа во парк или го поправаат или го мијат својот автомобил. Една пријателска насмевка или другарски поздрав може да биде сѐ што е потребно за да започнеме разговор. Ако живеат во близина, можеме дури и да спомнеме дека веројатно кратко пред тоа сме биле кај нив, но не сме ги нашле дома и дека ни е драго што сега ја имаме таа прилика да разговараме со нив. Кога презеле иницијатива да покажат малку поголема смелост, многумина доживеале наградувачки искуства.

5 Смелоста донесува резултати: Еден брат раскажува дека тој им пристапува на луѓе кои стојат, чекаат автобус, лежерно си се шетаат или, пак, седат во своите автомобили. Со срдечна насмевка и весел глас, тој им пристапува на луѓето како некој пријателски настроен сосед кој само сака да ги посети. На овој начин, не само што дал многу литература туку започнал и неколку библиски студии.

6 Еден друг брат и неговата сопруга оделе од куќа до куќа кога наишле на една жена која одела покрај нив, носејќи голема торба со намирници. Тие започнале разговор, фалејќи ја за нејзината трудољубивост што се грижи за потребите на своето семејство. „Но кој“, прашале тие, „може да ги задоволи потребите на човештвото?“ Тоа го поттикнало интересот на жената. Еден краток разговор придонел таа да ги покани во својот дом, каде што била започната библиска студија.

7 Така, идниот пат кога ќе сведочиш од куќа до куќа, било да е тоа во недела или во друг ден од седмицата, и кога ќе видиш дека луѓето не се дома, зошто да не собереш малку поголема смелост и не разговараш со луѓето кои ги среќаваш — на улица или на други места? (1. Сол. 2:2). Можеби ќе имаш многу попродуктивна служба и ќе искусиш поголема радост во твојата служба.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели