Теократски вести
Албанија: Во август, 600-те објавители кои дадоа извештај, го постигнаа 28-миот последователен најголем број.
Ангола: До крајот на службената година беше достигнат досега најголем број од 26.129 објавители. Беше постигнат и најголем број на општи пионери — 1.309. Во август објавителите имаа во просек по 15 часа и по две библиски студии.
Британија: Радосни сме да известиме дека во август беше достигнат досега нов најголем број од 132.440 објавители. Ова претставува 2-процентен пораст во однос на минатата службена година.
Чиле: Во текот на месец август беше достигнат досега нов најголем број од вкупно 50.283 објавители! За првпат беше надминат бројот 50.000. Објавителите минуваа просечно по 12 часа во службата на подрачјето. Беа водени вкупно 63.732 домашни библиски студии.