ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 2/97 стр. 1
  • Што е со твоите роднини?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што е со твоите роднини?
  • Нашата служба за Царството 1997
  • Сличен материјал
  • Како треба да им сведочиме на роднините?
    Нашата служба за Царството 2004
  • Допри до срцето на твоите најблиски
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Вистината не носи „мир, туку меч“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
  • „Оние што те слушаат“ ќе се спасат
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
Повеќе
Нашата служба за Царството 1997
km 2/97 стр. 1

Што е со твоите роднини?

1 Повеќето од нас имаме извесен број роднини кои не се во вистината. Колку само копнееме тие сакани да ни се придружат на патот кон животот! Нашата грижа за нивната вечна иднина можеби е поголема кога тие се членови на нашето домаќинство. Иако со години сме се обидувале да ги заинтересираме за вистината, не треба да заклучиме дека ситуацијата е безнадежна.

2 Кога Исус го извршувал своето проповедање, ‚браќата Негови не верувале во Него‘ (Јован 7:5). Во еден момент, неговите роднини помислиле дека е луд (Мар. 3:21, НС). Сепак, Исус не се предал, што се однесува до нив. Со текот на времето, неговите браќа ја прифатиле вистината (Дела 1:14). Неговиот полубрат Јаков станал столб на христијанското собрание (Гал. 1:18, 19; 2:9). Ако и ти сакаш да ја имаш радоста да видиш како твоите роднини ја прифаќаат вистината, не престанувај да се обидуваш да ги достигнеш со добрата вест за Царството.

3 Биди им освежување, немој да ги оптоваруваш: Кога Исус им проповедал на другите, неговите слушатели се чувствувале освежени, не притеснети (Мат. 11:28, 29). Тој не ги оптоварувал со учења кои тие не можеле да ги разберат. За да ги освежиш своите роднини со водите на вистината, секојпат давај им по една шолја, а не по една кофа! Еден патувачки надгледник забележал: „Најдобри резултати постигнале оние кои ја буделе љубопитноста кај своите роднини со тоа што им сведочеле во одмерени дози“. На овој начин, дури и некои противници можат да почнат да поставуваат прашања и конечно да развијат жед за вистината (1. Петр. 2:2; спореди 1. Коринтјаните 3:1, 2).

4 Многу христијани кои се во брак, делотворно им сведочеле на своите партнери кои не се соверници така што им оставале литература, отворена на материјал кој би можел да ги интересира. Една сестра која го правела тоа, водела и студија со своите деца на место каде што можел да слуша и нејзиниот сопруг, и давала објаснувања кои би можеле да му користат. Понекогаш таа ќе го прашала: „При моето проучување денес го научив тоа и тоа. Што мислиш ти за тоа?“ На крајот, нејзиниот сопруг ја прифатил вистината.

5 Биди полн со почитување, не нестрплив: Една објавителка коментирала дека „дури и роднините имаат право на сопствени гледишта и мислења“. Затоа, треба да покажеме почитување кога тие ги искажуваат своите мисли или кога јасно нѐ замолуваат да не им зборуваме за вистината (Проп. 3:7; 1. Петр. 3:15, НС). Ако сме стрпливи, полни со љубов и ако сме добри слушачи, можеме да бараме погодни прилики за да им дадеме префинето сведоштво. Таквата стрпливост може да биде наградувачка, како што можеме да видиме од случајот на еден христијански сопруг кој 20 години стрпливо го поднесувал погрешното постапување со него од страна на сопругата која не била соверник. Штом почнала да се менува, тој рекол: „Колку сум му благодарен на Јехова што ми помогна да негувам долготрпеливост, затоа што сега можам да го видам резултатот: мојата сопруга почна да оди по патот на животот!“

6 Што е со твоите роднини? Можеби преку твоето добро христијанско однесување и твоите молитви во нивна корист „ќе ги придобиеш кон Јехова“ (1. Петр. 3:1, 2, НС, фуснота).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели