,Изградувај го своето домаќинство‘
1 Без сомнение, во секоја култура ширум светот, семејниот живот се распаѓа. Сатанскиот свет се оддава на измама и неморал (1. Јов. 5:19, НС). Ова ја подвлекува итноста да ‚го изградуваме своето домаќинство‘ и да ги поучуваме другите како можат да го прават истото за своето домаќинство (Изр. 24:3, 27, НС).
2 Библиските начела се заштита: Тајната на вистинската семејна среќа се наоѓа во примената на библиските начела. Овие моќни вистини му користат на секој член на домаќинството, во сите аспекти од животот. Семејството кое ги применува ќе биде среќно и ќе се радува на божествен мир. (Спореди Исаија 32:17, 18.)
3 Начелата кои можат да ни помогнат да го изградуваме своето домаќинство се изложени во збиен облик во новата книга Тајната на семејната среќа. Секое поглавје завршува со корисна рамка за поучување која ги нагласува начелата што треба да ги запомнат членовите на семејството. Повеќето од овие рамки почнуваат со прашањето: „Како можат овие библиски начела да помогнат . . ?“ Ова го свртува вниманието кон Божјите мисли за да можеме да го добиеме неговото размислување за темата за која се дискутира (Иса. 48:17).
4 Запознај се со книгата. Научи да ги пронаоѓаш начелата кои можат да ти бидат од помош кога ќе се појават различни проблеми. Книгата дискутира за такви работи како следниве: што треба некој да бара кога размислува за идниот брачен партнер (поглавје 2), кои битни клучеви ја отклучуваат вратата кон трајна брачна среќа (поглавје 3), како родителите можат да ги подигнат своите тинејџери во одговорни возрасни лица кои се плашат од Бог (поглавје 6), како да се заштити семејството од разорни влијанија (поглавје 8), начела кои им помагаат на семејствата со еден родител да успеат (поглавје 9), духовна помош за семејствата кои се измачувани од алкохолизам и насилство (поглавје 12), што да се прави кога брачните врски се пред распаѓање (поглавје 13), што може да се стори за да им се оддаде чест на остарените родители (поглавје 15) и како да се обезбеди трајна иднина за семејството (поглавје 16).
5 Целосно користи ја новата книга: Ако сѐ уште не си ја проучил книгата Семејна среќа, зошто не го сторите тоа заедно како семејство? Исто така, секогаш кога твоето семејство е соочено со нови проблеми или предизвици, разгледајте ги од оваа книга поглавјата кои се занимаваат со нив и размислете во молитва како да го примените советот. Освен тоа, во текот на март, великодушно испланирај време за службата на теренот за да можеш да настојуваш да ја врачиш книгата Тајната на семејната среќа на колку што е можно повеќе луѓе.
6 Семејствата кои практикуваат божествена оддаденост ќе бидат духовно зајакнати, обединети и ќе бидат добро подготвени да се справат со нападите од Сатана (1. Тим. 4:7, 8, НС; 1. Петр. 5:8, 9). Колку само сме благодарни што имаме божествена поука од Основачот на семејството!