ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 10/98 стр. 1
  • Дали ги читаш списанијата?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали ги читаш списанијата?
  • Нашата служба за Царството 1998
  • Сличен материјал
  • Нуди ги списанијата во твојата служба
    Нашата служба за Царството 2005
  • Стражарска кула и Разбудете се! — навремени списанија на вистината
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Одвојувај време за работа со списанија
    Нашата служба за Царството 1993
  • Добро да се користат Стражарска кула и Разбудете се!
    Нашата служба за Царството 1993
Повеќе
Нашата служба за Царството 1998
km 10/98 стр. 1

Дали ги читаш списанијата?

1 Една мисионерска двојка во Африка го рекла следново во врска со нашите списанија: „Стражарска кула ни помага да се одржиме духовно будни на нашето подрачје. Црпиме охрабрување и сила од секое издание“. Дали го имаш истото длабоко ценење за нашите списанија? И дали си исто толку желен да ги прочиташ?

2 Потребно е значително време за да се подготват статии за списанијата кои можат да се прочитаат само за неколку минути. Знаејќи го ова, дали само ќе ги пролисташ статиите, ќе ги погледнеш сликите или повремено ќе прочиташ некоја статија која случајно ќе ти падне в очи? Ќе се покажеме мудри ако правиме повеќе од тоа. Треба да си одвоиме време да ги прочитаме и да ги анализираме сите статии во секое издание на нашите списанија. Стражарска кула е нашето главно списание за навремена духовна храна. Разбудете се! содржи интересни и информативни статии на различни теми. Она што го учиме од читањето на овие списанија не само што нѐ зајакнува духовно туку нѐ подготвува и за поделотворно учество во службата. Со тоа што и самите сме верни читатели, ќе бидеме воодушевени кога и на другите ќе им ги нудиме списанијата.

3 Како да ги подобриме навиките за читање: Можеш ли да бидеш повеќе во чекор со читањето на списанијата? Еве два предлога кои имаат успех кај многумина. 1) Утврди редовен распоред за читање. Ако одвојуваш само по 10 до 15 минути секој ден за да читаш, ќе се изненадиш од тоа колку можеш да прочиташ за една седмица. 2) Систематски забележувај го она што си го прочитал. Би можел да ја штиклираш секоја статија што си ја прочитал. Ако не правиш така, би можел да пропуштиш да прочиташ некои статии, па дури и цело списание. Важно е да си создадеш една рутина на читање која е успешна за тебе и да се придржуваш за неа. (Спореди Филипјаните 3:16.)

4 ,Верниот и разборит роб‘ мудро одговорил на променливите времиња издавајќи статии кои се справуваат со реалните потреби на луѓето (Мат. 24:45, NW). Навистина, списанијата ги допреле нашите животи. Стапката на нашиот духовен напредок во голема мера е одредена од квалитетот на нашите навики на теократско читање. На оние кои си одвојуваат време да ги прочитаат сите списанија им претстои богат духовен благослов.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели