Состаноци за служба за октомври
Седмица што почнува од 5 октомври
10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството.
15 мин: „Извлековме корист од конгресите ‚Божјиот пат на живот‘“. Прашања и одговори. Покажи ги новата книга и брошура и истакни некои начини на кои можеме добро да ги користиме.
20 мин: „,Сеење на семето за Царството‘ при обиколките со списанија“. Дискусија со присутните. Некои нека објаснат како започнале и како одржуваат обиколка со списанија. Потоа прикажи презентација на списанија онаму каде што си договорил да навратиш со следните изданија.
Песна 133 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 12 октомври
5 мин: Локални известувања. Сметководен извештај.
10 мин: „Надгледници кои преземаат водство — секретар“. Говор на собранискиот секретар кој ги разгледува должностите што му се доделени. Нагласува дека сите можат да соработуваат со тоа што на време ќе ги предаваат извештаите за служба на теренот.
10 мин: Тие имаат воодушевен пионерски дух. Охрабрувачки говор темелен на Годишњак 1998, страници 104—107. Објасни зошто во Јапонија има толку многу пионери, што им овозможува на домаќинките таму да им даваат предност на духовните интереси, што стои зад секоја молба за пионерење и кои се тие кои го сочинуваат поголемиот дел од пионерите. Илустрирај го доброто влијание што го вршат родителите кои се пионери. Истакни каква увереност е потребна за да се направат потребните преиначувања во животот за да се биде пионер. Охрабри ги сите сериозно и молитвено да размислат повторно да ги проценат своите изгледи да пионерат.
20 мин: „Дали ги читаш списанијата?“ Прашања и одговори. Разгледај некои практични предлози како да се планира време за лично читање кои се наоѓаат во Vodič, лекција 4, пасуси 5 и 6.
Песна 107 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 19 октомври
10 мин: Локални известувања. Разгледај неколку точки за разговор од последните изданија на списанијата. Раскажи ги искуствата од Годишњак 1997, страница 45 и Разбудете се! од 22 октомври 1996, страница 32 (срп.). Охрабри ги сите да учествуваат во дистрибуцијата на списанија овој викенд.
15 мин: Локални потреби.
20 мин: Како да се подготвиш за студијата на Стражарска кула. Дискусија со присутните што ја води водителот на студијата на Стражарска кула, темелена на Стражарска кула од 1 септември 1986, страница 27, пасуси 16—18 и Vodič, лекција 7, пасус 11 и лекција 18, пасуси 4—6. Замоли за коментари на следниве прашања: 1) Зошто е толку важно да извлечеме максимална корист од секое издание на Стражарска кула? 2) Што треба да правиме кога ќе добиеме ново издание? 3) Кој е еден добар начин на подготовка за студија на Стражарска кула? 4) Какво внимание треба да се посвети на цитираните стихови и на темата на лекцијата? 5) Како можеме да го повториме она што сме го научиле? 6) За кои клучни мисли треба да медитираме кога ќе го завршиме нашето лично проучување на лекцијата? 7) Како треба да подготвиме коментар? 8) Како можат да се дадат различни коментари на само едно прашање? Некои нека раскажат што направиле лично за да извлечат најголема корист од студијата на Стражарска кула. (Види и Организирани да ја извршуваме нашата служба, страници 65—67.)
Песна 19 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 26 октомври
10 мин: Локални известувања. Наброј ги постарите публикации кои ги има на располагање локално и кои можат да се нудат во службата кога ќе се укажат прилики. Бидејќи во декември и во јануари доаѓаат времиња на одмори, тоа ќе биде добра прилика крстените млади и другите да размислат за помошна пионерска служба.
20 мин: Божествена покорност во религиозно разделено семејство. Говор темелен на Стражарска кула од 1 јуни 1995, страници 26—29. Дај љубезно охрабрување и опомени што ќе им помогнат на оние кои имаат сопружници кои не се соверници да задржат позитивен став и активно да се дружат со собранието.
15 мин: Навреме да се пристигнува на состаноците. Дискусија со двајца или тројца водители на Собраниска студија на книга или слуги помошници за проблемот на доцнење на состаноците. Тие признаваат дека невообичаени ситуации, вклучувајќи итни случаи, временски неприлики, сообраќај итн., можат да бидат причина да задоцни некој. Меѓутоа, некои доцнат хронично. Со позитивен став групата дискутира и илустрира што е потребно за да се биде точен: 1) сесрдно ценење за предноста да се посетуваат состаноците и за духовната храна и дружење кои се обезбедени таму, 2) добро планирање однапред и планирање на личните работи, 3) спремна соработка помеѓу членовите на семејството, 4) рано да се тргне и да се остави време за неочекувани ситуации и 5) да се биде искрено заинтересиран да не им се смета на другите присутни. Сите се согласуваат дека овој проблем со доцнењето може да се поправи ако се вложуваат постојани напори за подобрување.
Песна 86 и заклучна молитва.