Дали имаш постојана нарачка?
1 Дали некогаш си отишол на состанок за служба на теренот и си открил дека немаш списанија во чантата за сведочење? Па, потсети се на додатокот од Наша служба за Царството од септември 1995 со наслов „Искористувај ги најдобро што можеш нашите списанија“. Во него ни беше речено ‚нарачката на списанија да ни биде одредена‘, наведувајќи: „Нарачај кај братот кој се грижи за списанија, реален број примероци од секое издание. На овој начин, ти и твоето семејство ќе бидете редовно и соодветно снабдени со списанија“. Дали ти си го направил тоа?
2 Зошто не бараш постојана нарачка на списанија? Ќе чувствуваш поголема одговорност да ги дистрибуираш списанијата од седмица в седмица и ќе доживееш зголемена радост додека го правиш тоа. Ако веќе имаш утврдена нарачка, одново процени дали добиваш онолку колку што ти треба просечно за еден месец во службата. Се разбира, треба редовно да си ја подигаме нашата нарачка секоја седмица и треба да чувствуваме обврска да го правиме тоа. Ако бидеш отсутен од собранието подолго време, кажи му на слугата за списанија дали сакаш да ги даде твоите списанија на некој друг додека ти не се вратиш.
3 Истиот додаток цитиран погоре наведе дека треба да ‚испланираме редовен ден за списанија‘. Можеш ли да го поддржуваш седмичниот Ден за списанија? Како што е покажано во Календарот на Јеховини сведоци за 1999, тоа е секоја сабота во годината! Не ја потценувај важноста на дистрибуирањето на Стражарска кула и Разбудете се! Кога вложуваме напори целосно да учествуваме во активноста со списанија, на нашите ближни ‚им носиме добра вест за нешто подобро‘ (Иса. 52:7).