ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 9/03 стр. 1
  • Облечете се во понизност

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Облечете се во понизност
  • Нашата служба за Царството 2003
  • Сличен материјал
  • Зошто да се облечеме во понизност?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Јехова многу ги сака своите понизни слуги
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
  • Биди вистински понизен
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • „Јас сум... со понизно срце“
    „Појди по мене!“
Повеќе
Нашата служба за Царството 2003
km 9/03 стр. 1

Облечете се во понизност

1 Едно момче што е пастир има доверба во Јехова и поразува еден моќен воин (1. Сам. 17:45—47). Еден богат човек стрпливо поднесува несреќа (Јов 1:20—22; 2:9, 10). Божјиот Син сите заслуги за неговите учења му ги припишува на својот Татко (Јован 7:15—18; 8:28). Во секој од овие случаи клучна улога одиграла понизноста. На сличен начин денес, понизноста е многу важна во ситуациите со кои се соочуваме (Кол. 3:12).

2 Кога проповедаме: Како христијански министри, ние понизно ја споделуваме добрата вест со луѓе од сите видови, без однапред да ги осудуваме според нивната раса, култура или потекло (1. Кор. 9:22, 23). Ако некои се груби или арогантно ја одбиваат пораката за Царството, не им враќаме со иста мера туку стрпливо продолжуваме да ги бараме достојните (Мат. 10:11, 14). Наместо да се трудиме да ги импресионираме другите со нашето знаење или образование, вниманието го свртуваме кон Божјата реч, признавајќи дека таа е поубедлива од што и да било што ние би можеле да го кажеме (1. Кор. 2:1—5; Евр. 4:12). Имитирајќи го Исус, ние му ја оддаваме сета слава на Јехова (Мар. 10:17, 18).

3 Во собранието: Христијаните исто така мораат да се ‚опашат со понизност на умот еден кон друг‘ (1. Петр. 5:5). Ако ги сметаме другите за подобри од нас, ќе бараме начини да им служиме на нашите браќа наместо да очекуваме тие да ни служат нам (Јован 13:12—17; Фил. 2:3, 4). Нема да сметаме дека некои задачи, како што е чистењето на Салата на Царството, ни се под честа.

4 Понизноста ни помага да се ‚поднесуваме еден со друг во љубов‘ и на тој начин да го унапредуваме мирот и единството во собранието (Ефеш. 4:1—3). Ни помага да им бидеме подложни на оние што се наименувани да го преземат водството (Евр. 13:17). Нѐ поттикнува да прифатиме секаков совет или дисциплина што можеби ни се дадени (Псал. 141:5). И, понизноста нѐ тера да се потпреме на Јехова кога ги извршуваме сите предности што можеби ги добиваме во собранието (1. Петр. 4:11). Како Давид, признаваме дека успехот не зависи од способноста на човекот туку од Божјиот благослов (1. Сам. 17:37).

5 Пред нашиот Бог: Пред сѐ, треба да се ‚понизиме под моќната Божја рака‘ (1. Петр. 5:6). Ако мораме да се бориме со тешки околности, можеме да копнееме по ослободувањето што ќе го донесе Царството. Но, ние понизно практикуваме стрпливост, чекајќи на Јехова да ги исполни своите ветувања во неговото одредено време (Јак. 5:7—11). Како што било случај со Јов, кој го задржал својот интегритет, нашата најголема грижа е да биде ‚благословено Господовото име‘ (Јов 1:21).

6 Пророкот Даниел ‚се понизил пред Бог‘ и бил благословен со наклоност од Јехова и многу убави привилегии (Дан. 10:11, 12). На сличен начин, и ние да се облечеме со понизност, знаејќи дека „наградата за понизност е: страв од Господа, богатство, слава и живот“ (Посл. 22:4).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели