Дел 8: Водење напредни библиски студии
Упати ги учениците кон организацијата
1. Зошто е корисно секоја седмица, за време на библиската студија, да сѐ каже по нешто за Јеховината организација?
1 Кога водиме библиски студии, целта не ни е само да пренесеме информации од Библијата, туку и да му помогнеме на ученикот да стане дел од христијанското собрание (Зах. 8:23). Во ова може да ни помогне брошурата Јеховини сведоци — кои се тие? Што веруваат? Дај му една брошура на ученикот и поттикни го да ја прочита. Освен тоа, секоја седмица во текот на студијата, одвој неколку минути за да му кажеш по нешто и за Јеховината организација.
2. Како можеш да ги поттикнеш учениците да присуствуваат на собраниските состаноци?
2 Собраниски состаноци: Учениците почнуваат да ја ценат Божјата организација најмногу преку дружењето со нас на собраниските состаноци (1. Кор. 14:24, 25). Затоа, најпрвин запознај ги со состаноците на тој начин што ќе им ги опишеш сите пет, еден по еден. Кажи им го насловот на следното јавно предавање. Покажи им го материјалот што ќе се разгледува на студијата на Стражарска кула и на Собраниската студија на книга. Опиши ја Теократската школа за служба и Состанокот за служба. Кога ќе имаш некоја задача во школата, можеш да ја вежбаш заедно со нив. Кажи им некои интересни мисли што биле изнесени на состаноците. Користи ги сликите од нашите публикации за да добијат претстава што се случува таму. Покани ги да дојдат на состанок уште на првата библиска студија.
3. За кои работи во врска со организацијата можеме да дискутираме?
3 Кога ќе наближат Меморијалот, собирите, конгресите и посетата на покраинскиот надгледник, одвој неколку минути за да ги објасниш овие подготовки и да поттикнеш интерес кај нив. Постепено одговарај им на прашањата како што се: Зошто го носиме името Јеховини сведоци? Зошто нашите места за состанок ги викаме Сали на Царството? Кои се обврските на старешините и слугите помошници? Како се организира делото на проповедање вклучувајќи ги и подрачјата? Како се произведува нашата литература? На кој начин се финансира организацијата? Каква улога имаат подружницата и Водечкото тело во надгледувањето на делото?
4, 5. Како можат видеокасетите да зголемат нечие ценење за организацијата?
4 Поучни видеокасети: Друг начин како можат учениците да ја видат Јеховината прекрасна организација е со помош на нашите видеокасети. Во зависност од тоа кои јазици ги разбираат учениците, овие видеокасети можат да ги одведат До сите краеви на земјата, да ги запознаат со Целата наша заедница од браќа и да им покажат како сме Обединети преку божествена поука. Една жена која пет години ги добивала нашите списанија и останатата литература, била трогната до солзи од видеокасетата Јеховини сведоци — организацијата зад името. Таа веќе имала доверба во сведоците што ја посетувале, но откако ја гледала видеокасетата, почувствувала дека може да има доверба и во организацијата. Со неа била започната редовна библиска студија и следната седмица присуствувала на состаноците во Салата на Царството.
5 Ако поминуваме по неколку минути секоја седмица со нашите ученици и ако ги користиме алатките што ни стојат на располагање, можеме постепено да ги упатиме кон организацијата што Јехова ја користи денес.