Постави си цел да водиш библиска студија
1 „Подигнете ги очите и погледнете ги полињата, зрели се за жетва“ (Јован 4:35). Овие зборови што ги кажал Исус Христос сосема одговараат на нашево време.
2 Сѐ уште има луѓе што сакаат да учат за Јехова. Ова јасно се гледа од големиот број нови ученици што се крштаваат секоја година. Што можеш да направиш ако навистина сакаш да водиш библиска студија?
3 Постави си цел: Прво, постави си цел да започнеш и да водиш библиска студија. Имај ја таа цел на ум додека си во службата на проповедање. Бидејќи како христијани имаме задача да проповедаме и да поучуваме, сите треба да се трудиме да започнуваме и да водиме што повеќе библиски студии (Мат. 24:14; 28:19, 20).
4 Што уште е потребно: Молитвата мора да биде нераздвоен дел од животот на објавителите на Царството. Понекогаш во службата наидуваме на луѓе што се молеле подобро да ја разберат Библијата. Навистина е голема чест што Јехова нѐ користи да ги пронајдеме и да ги поучуваме таквите лица! (Агеј 2:7; Дела 10:1, 2).
5 Една сестра го молела Јехова да започне библиска студија и потоа на своето работно место оставила примероци од трактатот Сакаш ли да знаеш повеќе за Библијата? Некоја жена зела еден трактат, го прочитала и кога почнала да го пополнува купонот, сестрата ѝ пристапила и се договориле да ја проучуваат Библијата.
6 Објавителите од твоето собрание што успешно започнуваат и водат библиски студии можат да ти помогнат да ја постигнеш твојата цел да водиш библиска студија. Моли го Јехова да успееш во тоа и искористи сѐ што ти стои на располагање за да ја оствариш оваа цел. Можеби наскоро и ти ќе водиш библиска студија што ќе ти донесе голема радост.