Предлози
Како да започнеме библиски студии првата сабота во септември
„Луѓе од различни националности и вери се молат секој ден. Што мислите, дали Бог ги слуша и одговара на сите молитви?“ Почекај да одговори. Потоа дај му на станарот една Стражарска кула од 1 септември и разгледајте го заедно текстот под првиот поднаслов на 16. страница и барем еден од наведените стихови. На крајот, понуди му ги двете списанија и договорете се кога да дојдеш пак за да го разгледате одговорот на следното прашање.
Стражарска кула 1 септември
Покажи ја насловната страница од списанието и кажи: „Како би одговориле на ова прашање? [Почекај да одговори.] Видете што вели Библијата. [Прочитај 1. Јованово 5:19.] Според ова, со светот владее „злобниот“, односно Ѓаволот. Но, тоа покренува некои прашања. Од каде дошол Ѓаволот? Дали е вистинска личност? Колку долго Бог ќе му дозволи да владее? Ова списание покажува што вели Библијата за тоа“.
Разбудете се! Септември
„Многу луѓе денес се под стрес поради финансиски проблеми. Што мислите, зошто е толку тешко да се врзе крај со крај? [Почекај да одговори.] Во Библијата има мудри изреки кои на многумина им помогнале добро да управуваат со парите. [Прочитај еден од стиховите што се наоѓаат на страници 8-9.] Во ова списание има практични предлози за оние што се борат со долгови.“