ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 10/12 стр. 1
  • Би можел ли да сведочиш навечер?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Би можел ли да сведочиш навечер?
  • Нашата служба за Царството 2012
  • Сличен материјал
  • Можеш ли да го приспособиш твојот распоред?
    Нашата служба за Царството 2006
  • Дали си испробал вечерно сведочење?
    Нашата служба за Царството 1996
  • Сведочење од куќа до куќа
    Нашата служба за Царството 2006
  • Како најдобро да го искористиш времето во службата?
    Нашата служба за Царството 2015
Повеќе
Нашата служба за Царството 2012
km 10/12 стр. 1

Би можел ли да сведочиш навечер?

1. Според една книга, кога апостол Павле проповедал од куќа до куќа?

1 Според книгата Секојдневието во библиски времиња (Daily Life in Bible Times), апостол Павле обично одел во служба од куќа до куќа „од 16 часот до доцна навечер“. Иако не можеме да бидеме сигурни колку е точно ова, знаеме дека Павле бил спремен ‚да направи сѐ поради добрата вест‘ (1. Кор. 9:19-23). Ова би вклучувало добро да се организира за да оди од куќа до куќа во време кога ќе има најмногу резултати.

2. Зошто е добро да се оди во служба навечер?

2 Во разни делови на светот, објавителите обично одат од куќа до куќа наутро во текот на седмицата. Но, дали на твоето подрачје ова е сѐ уште најидеално време? Во врска со своето подрачје, еден пионер го вели следново: „Преку ден многу ретко ќе најдеш некого дома. Но, навечер повеќето се дома“. Сведочењето навечер може да биде најсоодветното време да дојдеш до луѓето и да им ја пренесеш добрата вест. Станарите се поопуштени и поспремни за разговор. Ако е практично, старешините треба да организираат да има состаноци за проповедање приквечер.

3. Како ќе покажеме разумност кога сведочиме навечер?

3 Биди разумен: Ако одиме во служба навечер, треба да бидеме разумни. На пример, ако прекинеш некого во незгодно време, да речеме, додека вечера, најдобро е да му предложиш да навратиш другпат. Ако е темно, застани некаде кај што станарот ќе може да те види и брзо претстави се и кажи зошто си дошол. Исто така, мудро е да сведочиме во парови или во група и да се задржуваме само на добро осветлени улици каде што нема да бидеме сами. Не оди кај луѓето премногу доцна за да не ги вознемируваш ако се подготвуваат да си легнат (2. Кор. 6:3). Ако некое место не е безбедно ноќе, проповедај таму во попладневните часови (Изр. 22:3).

4. Какви благослови ќе добиеме ако сведочиме навечер?

4 Благослови: Службата ни носи многу поголема радост кога ќе најдеме луѓе за да им посведочиме. А колку почесто сведочиме, толку повеќе прилики имаме да им помогнеме на другите „да се спасат и добро да ја запознаат вистината“ (1. Тим. 2:3, 4). Би можел ли да направиш промени во својот распоред за да сведочиш навечер?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели