Можеш ли да го приспособиш твојот распоред?
1. Зошто треба да го приспособиме нашиот распоред за проповедање?
1 Како вистински христијани, ние сме ја прифатиле поканата да бидеме „рибари на луѓе“ (Мат. 4:19). Слично на дословните рибари, ќе имаме подобри резултати во делото на ловење луѓе ако планираме да проповедаме кога тие се дома. Во многу земји, во претстојните месеци денот ќе биде подолг. Повеќето луѓе се дома доцна попладне и рано навечер. Честопати се поопуштени и можеби ќе бидат поспремни да примаат посетители. Можеш ли да го приспособиш твојот распоред за да проповедаш во тоа време? (1. Кор. 9:23).
2. Како можеме да им ја пренесеме добрата вест на повеќе луѓе?
2 Сведочи навечер: Ако однапред планираме да проповедаме во вечерните часови, ќе можеме да им ја пренесеме добрата вест на повеќе луѓе (Посл. 21:5). Младите би можеле да проповедаат после училиште. Другите би можеле да проповедаат после работа. Некои групи за проучување на книга можат да се организираат да проповедаат по еден час пред состанокот.
3. Како можеш да проповедаш на твоето подрачје во попладневните и во вечерните часови?
3 Ако проповедаме од куќа до куќа во текот на доцните попладневни и раните вечерни часови можеби ќе можеме да зборуваме со оние што обично не се дома. Во многу подрачја, навечер може да се сведочи на улица и на други јавни места. Многумина сметаат дека навечер е најдобро време да се прават повторни посети и да се започнуваат библиски студии.
4. Зошто е важно да бидеме проникливи и обѕирни кога сведочиме навечер?
4 Потребна е проникливост: Треба да бидеме проникливи кога сведочиме навечер. Обично е најдобро да сведочиме само во раните вечерни часови, наместо да доаѓаме кога станарите можеби се подготвуваат за спиење (Фил. 4:5). Кога ќе чукнеш на вратата, застани пред неа за да можат да те видат и јасно кажи кој си. Веднаш објасни зошто си дојден. Ако си дошол во незгодно време, на пример, кога семејството вечера, предложи им да дојдеш во друго време. Секогаш биди обѕирен (Мат. 7:12).
5. Како да ги избегнеме можните опасности додека сведочиме?
5 Треба да бидеме свесни и за можните опасности. Ако сведочите приквечер или кога ќе се стемни, мудро е да одите во парови или во група. Движете се по добро осветлени улици каде што нема да бидете сами. Сведочете само на места каде што се чувствувате безбедни. Избегнувајте ги местата кои можеби не се безбедни кога ќе се стемни (Посл. 22:3).
6. Кои други благослови ќе можеме да ги доживееме ако сведочиме доцна попладне и рано навечер?
6 Кога сведочиме доцна попладне и рано навечер можеме да одиме во служба со помошните и општите пионери (Рим. 1:12). Можеш ли да го приспособиш распоредот за да учествуваш во оваа гранка од службата?