ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 3/14 стр. 2
  • Ќе ја искористиш ли можноста?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Ќе ја искористиш ли можноста?
  • Нашата служба за Царството 2014
  • Сличен материјал
  • Да покажеме благодарност за највредниот дар од Бог
    Нашата служба за Царството 2010
  • Да покажеме благодарност — Спомен-свеченоста ќе се одржи на 17 април
    Нашата служба за Царството 2011
  • „Правете го ова“ — Спомен-свеченоста ќе се одржи на 5 април
    Нашата служба за Царството 2012
  • „Христовата љубов нѐ тера“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2023
Повеќе
Нашата служба за Царството 2014
km 3/14 стр. 2

Ќе ја искористиш ли можноста?

Спомен-свеченоста ни дава можност да покажеме благодарност

1. Каква посебна можност ни дава Спомен-свеченоста?

1 Спомен-свеченоста, која ќе се одржи на 14 април, ни дава посебна можност да ја продлабочиме и да ја покажеме нашата благодарност за добрината на Јехова. Од извештајот во Лука 17:11-18, може да видиме како гледаат Јехова и Исус на оваа особина. За жал, само еден од десетте лепрозни што ги излекувал Исус ја искористил можноста да му се заблагодари. Преку откупнината, која Јехова со љубов ни ја подарил, во иднина ќе биде излекувана секоја болест и ќе добиеме вечен живот! Нема сомнение дека тогаш секојдневно ќе му благодариме на Јехова за благословите што ни ги излеал. Но, како можеме да покажеме благодарност во текот на следните неколку седмици?

2. Како можеме да ја продлабочиме нашата благодарност за откупнината?

2 Продлабочи ја својата благодарност: Чувството на благодарност е плод на нашите мисли. За да го продлабочиме своето ценење за откупнината, можеме да го следиме посебниот распоред за читање на Библијата во брошурката Секојдневно истражување на Писмото или во статијата „Дали си подготвен за најважниот ден во годината?“, која излезе во Стражарска кула од 1 февруари 2011. Би било добро да ги разгледаме овие извештаи заедно со нашето семејство. Тоа ќе го зголеми нашето ценење за откупнината и позитивно ќе влијае врз нашите постапки (2. Кор. 5:14, 15; 1. Јов. 4:11).

3. На кои начини можеме да ја покажеме нашата благодарност во периодот околу Спомен-свеченоста?

3 Покажи благодарност: Благодарноста се покажува со дела (Кол. 3:15). Бидејќи бил благодарен што Исус го излекувал, лепрозниот се потрудил да го најде и да му се заблагодари. Освен тоа, тој сигурно со воодушевеност им раскажувал на другите дека бил излекуван со чудо (Лука 6:45). Дали нашата благодарност за откупнината ќе нѐ поттикне ревносно да учествуваме во акцијата за Спомен-свеченоста? Тоа што ќе служиме како помошни пионери или ќе го зголемиме нашето учество во службата е уште еден убав начин на кој може да покажеме благодарност. Бидејќи нашето срце ќе биде исполнето со ценење, вечерта кога ќе се одржи Спомен-свеченоста со радост ќе ги пречекуваме оние што ќе дојдат и спремно ќе одговараме на нивните прашања.

4. Каква неповторлива можност имаме, и што треба да правиме за потоа да не зажалиме?

4 Дали оваа Спомен-свеченост ќе ни биде последна? (1. Кор. 11:26). Не знаеме. Но, знаеме дека тоа е уште една неповторлива можност за да покажеме благодарност. Дали ќе ја искористиш? Дозволи зборовите на твојата уста и размислувањето на твоето срце да му бидат пријатни на Јехова, нашиот великодушен Откупител! (Пс. 19:14).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели