Предлози
Стражарска кула 1 јануари
„Мислите ли дека за сите би било подобро кога би живееле според овие зборови? [Прочитај Евреите 13:18 и почекај да одговори.] Библијата ни кажува да бидеме чесни во сѐ. Стражарска кула за овој месец зборува за тоа како чесноста влијае на секое поле од нашиот живот.“
Разбудете се! Јануари
„Би сакал да Ви го понудам списанието Разбудете се! за овој месец. [Дај му ги списанијата.] На 2. страница има едно прашање и неколку вообичаени одговори. Што би одговориле Вие? [Почекај да одговори.] Во оваа статија се разгледани некои библиски начела што можат да ни помогнат да гледаме попозитивно на животот.“