ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwb20 Јануари стр. 8
  • Како да започнуваме разговори со трактати

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да започнуваме разговори со трактати
  • Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2020)
  • Сличен материјал
  • Нови трактати со интересен изглед!
    Нашата служба за Царството 2014
  • Како да се користат предлозите за разговор
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2020)
  • Користи ги трактатите за да ја шириш добрата вест
    Нашата служба за Царството 2012
  • Користи трактати за да започнуваш разговори
    Нашата служба за Царството 2000
Повеќе
Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2020)
mwb20 Јануари стр. 8
Една сестра ѝ сведочи неформално на една жена на автобуска постојка користејќи го трактатот „Ќе им дојде ли крај на страдањата?“

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Како да започнуваме разговори со трактати

Од јануари 2018 год., на насловната страница на Нашиот живот и служба — работни листови излегуваат предлози за разговор. Бевме поттикнати да водиме разговори со луѓето наместо само да им нудиме литература. За да го приспособиме нашиот пристап, на состанокот гледаме видеоклипови во кои е прикажано како да започнуваме разговор само со помош на Библијата. Дали ова значи дека не треба да користиме литература кога проповедаме од куќа до куќа? Воопшто не! На пример, трактатите можат многу да ни помогнат да почнеме разговор со некој станар. Кога користиме трактат, може да го примениме следниов пристап:

  1. Прочитај ги прашањето и понудените одговори на првата страница.

  2. Покажи го библискиот одговор што се наоѓа во стихот наведен на 2. страница. Ако станарот има време, прочитај некои од информациите во трактатот и разговарајте за нив.

  3. Понуди му го трактатот на станарот, и поттикни го да го прочита кога ќе може.

  4. Пред да си заминеш, покажи му го прашањето на последната страница во делот „Размисли“, и договорете се да го разгледате библискиот одговор кога ќе се видите следниот пат.

Трактатот „Што мислиш за иднината?“ со бројки од еден до четири кои укажуваат на некои посебни обележја на трактатот.

Кога повторно ќе го посетиш станарот, разгледајте го одговорот и постави друго прашање за кое ќе може да зборувате следниот пат. Можеш да избереш некое прашање од нашата интернет-страница или од публикацијата која е наведена на последната страница од трактатот. Кога ќе се укаже прилика, понуди ја брошурата Добра вест од Бог! или некоја друга публикација за проучување.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели