ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wp21 Бр. 1 стр. 8-9
  • Зошто Бог не одговара на сите молитви?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто Бог не одговара на сите молитви?
  • Title: Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2021
  • Сличен материјал
  • Зближи се со Бог преку молитва
    Што навистина учи Библијата?
  • Како може да ни помогне молитвата
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • Чии молитви ќе бидат одговорени?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Дали има некаква корист од молењето?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
Повеќе
Title: Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2021
wp21 Бр. 1 стр. 8-9

Зошто Бог не одговара на сите молитви?

Нашиот небесен Татко, Јехова Бог, сака да ги слуша нашите молитви и се радува кога му се молиме. Но, Бог не одговара на секоја молитва. Зошто не, и на што треба да внимаваме кога се молиме? Да разгледаме неколку библиски начела.

Една група луѓе во црква рецитираат молитва од молитвеник.

„Кога се молите, не кажувајте секогаш едно исто“ (Матеј 6:7).

Јехова не сака да му кажуваме молитви што сме ги научиле напамет или молитви што ги читаме од молитвеник. Напротив, тој сака да му се молиме од срце. Како би се чувствувал ако имаш пријател кој постојано ти кажува едно исто? Добрите пријатели се отворени и искрени. Кога му се молиме со свои зборови на нашиот небесен Татко, му ги кажуваме своите мисли и чувства, и така му покажуваме дека ни е близок пријател.

Еден човек гледа угоре додека гребе лотариска гребка.

„Барате, а не примате, бидејќи барате со зла намера“ (Јаков 4:3).

Не можеме да очекуваме Бог да одговори на молитви во кои бараме работи што тој не ги одобрува. На пример, знаеме дека Јехова Бог јасно ги осудува алчноста и суеверното верување во среќа. Тогаш, дали тој би му одговорил на некој коцкар што се моли за добивка? (Исаија 65:11; Лука 12:15). Не е логично Јехова да одговара на такви молитви! За Бог да одговори на нашите молитви, тие треба да бидат во склад со она што тој го кажува во Библијата.

Еден свештеник се моли заедно со неколку војници.

„Кој го одвраќа увото за да не го слуша законот, и молитвата негова е одвратна“ (Изреки 28:9).

Во библиски времиња, Бог не одговарал на молитвите на оние што не живееле според неговите праведни закони (Исаија 1:15, 16). Тој не се променил (Малахија 3:6). Ако сакаме Бог да одговори на нашите молитви, мора да правиме сѐ што е во наша моќ за да живееме во склад со неговите закони. Но, што ако во минатото сме направиле некои погрешни работи? Дали тоа значи дека Јехова никогаш повеќе нема да нѐ слуша? Секако дека не! Ако се каеме и се трудиме да му бидеме послушни на Бог, тој со љубов ќе ни прости (Дела 3:19).

„Оној што му пристапува [на Бог] мора да верува дека тој постои и дека ги наградува оние што ревносно го бараат“ (Евреите 11:6).

Една жена ја чита Библијата.

Молитвата не треба да ни служи само како емоционален вентил кога сме под стрес. Молитвата е израз на нашата вера и љубов кон Бог. Оној што не „бара со вера“, вели библискиот писател Јаков, „нека не мисли дека ќе добие нешто од Јехова“ (Јаков 1:6, 7). За да стекнеме вера во Бог, мора да посветиме време и труд за да го запознаеме така што ќе ја проучуваме Библијата. На тој начин, ќе ја дознаеме Божјата волја и ќе бидеме сигурни дека тој нѐ слуша кога му се молиме.

НЕ СЕ ОТКАЖУВАЈ!

Иако Бог не одговара на сите молитви, тој ги слуша и одговара на молитвите на милиони искрени луѓе. Библијата ни открива што треба да правиме за Бог да ни одговори на нашите молитви. Нешто повеќе за тоа ќе видиме во следната статија.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели