ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w24 Април стр. 8-13
  • Зајакни си ја довербата во Јеховината организација

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зајакни си ја довербата во Јеховината организација
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • НАШАТА ОРГАНИЗАЦИЈА ГО СЛЕДИ ПРИМЕРОТ НА ИСУС
  • ПРОДОЛЖИ ДА ПОКАЖУВАШ ДОВЕРБА ВО НАШАТА ОРГАНИЗАЦИЈА
  • НЕ ДОЗВОЛУВАЈ ДРУГИТЕ ДА ТИ ЈА ОСЛАБНАТ ДОВЕРБАТА
  • Дали ја препознаваш вистината?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
  • Одлуки од кои се гледа дека се потпираме на Јехова
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2023)
  • Скромно прифати дека има работи кои не ги знаеш
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2025
  • Давањето нѐ прави посреќни
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
w24 Април стр. 8-13

СТАТИЈА ЗА ПРОУЧУВАЊЕ 15

ПЕСНА 124 Секогаш да бидеме верни!

Зајакни си ја довербата во Јеховината организација

Сеќавајте се на оние што ве предводат, кои ви ја зборуваа Божјата реч (ЕВР. 13:7)

ЦЕЛ НА СТАТИЈАТА

Да дознаеме што треба да правиме за да си ги зајакнеме почитта и довербата во Јеховината организација и никогаш да не ги изгубиме.

1. Како биле организирани Јеховините слуги во првиот век?

СЕКОГАШ кога Јехова им дава некаква задача на своите слуги, тој очекува да ја извршат на организиран начин (1. Кор. 14:33). На пример, Божја волја е добрата вест да биде проповедана по целиот свет (Мат. 24:14). Јехова му ја дал на Исус одговорноста да го води ова дело. Исус се погрижил тоа да се врши на организиран начин. Во првиот век, кога биле основани собранија на разни места, биле именувани старешини за да даваат упатства и за да предводат (Дела 14:23). Водечкото тело во Ерусалим, кое го сочинувале апостолите и некои искусни старешини, донело одредени одлуки за кои сите собранија требало да се придржуваат (Дела 15:2; 16:4). Бидејќи биле послушни на упатствата што ги добиле, собранијата се зацврстувале во верата и од ден на ден растеле (Дела 16:5).

2. На кој начин Јехова го води својот народ и му дава духовна храна од 1919 год.?

2 Јехова го организира својот народ и денес. Од 1919 год., Исус користи една мала група помазаници за да го организира проповедничкото дело и за да им дава духовна храна на своите следбенициa (Лука 12:42). Очигледно е дека Јехова го благословува она што го прави оваа група (Иса. 60:22; 65:13, 14).

3-4. а) Наведи пример кој покажува како ни користи тоа што сме организирани. б) Што ќе разгледаме во оваа статија?

3 Ако не сме организирани, нема да можеме да ја извршиме задачата што Исус ни ја дал (Мат. 28:19, 20). На пример, замисли си да немавме подрачја за сведочење. Тогаш секој ќе проповедаше каде што сака. Некои подрачја можеби ќе ги обработувавме одново и одново, а други подрачја можеби воопшто немаше да ги обработуваме. Дали можеш да се сетиш на кои други начини ни користи тоа што сме организирани?

4 Исус продолжува да го организира Божјиот народ денес на истиот начин на кој што ги организирал своите следбеници додека бил на Земјата. Во оваа статија ќе видиме каков пример ни оставил Исус и како нашата организација го следи тој пример. Исто така, ќе разгледаме како можеме да покажеме дека имаме доверба во Јеховината организација.

НАШАТА ОРГАНИЗАЦИЈА ГО СЛЕДИ ПРИМЕРОТ НА ИСУС

5. Кој е еден од начините на кој го следиме примерот на Исус? (Јован 8:28).

5 Исус учел од својот небесен Татко како да постапува и што да зборува. Јеховината организација го следи примерот на Исус така што ја користи Божјата Реч за да ни помогне да знаеме што е исправно а што погрешно, и за да ни дава водство. (Прочитај Јован 8:28; 2. Тим. 3:16, 17.) Ние постојано сме потсетувани да ја читаме Божјата Реч и да го применуваме она што го читаме. Како ни користи тоа што го применуваме овој совет?

6. Кој е еден важен начин на кој ни користи проучувањето на Библијата?

6 Многу ни користи кога ја проучуваме Библијата со помош на нашите публикации. На пример, можеме да го споредиме она што го вели Библијата со упатствата што ги добиваме од организацијата. Кога ќе видиме дека водството што сме го добиле се темели на Библијата, нашата доверба во Јеховината организација расте (Рим. 12:2).

7. Која порака ја проповедал Исус, и како Јеховината организација го следи неговиот пример?

7 Исус ја проповедал „добрата вест за Божјето царство“ (Лука 4:43, 44). Исто така, Исус им дал заповед на своите ученици да проповедаат за Царството (Лука 9:1, 2; 10:8, 9). Денес, сите оние кои се дел од Јеховината организација ја проповедаат пораката за Царството без разлика каде живеат или колку многу одговорности имаат.

8. Каква чест имаме?

8 За нас е чест да им ја кажуваме на другите вистината за Божјето Царство! Но, ја немаат сите оваа чест. На пример, кога Исус бил на Земјата, тој не им дозволил на демоните да сведочат за него (Лука 4:41). Денес, пред некој да почне да учествува во службата на проповедање заедно со Јеховините сведоци, мора да исполни некои услови. Ние покажуваме колку многу ја цениме честа да проповедаме така што сведочиме секаде и секогаш кога можеме. Исто како Исус, наша цел е да го засадиме и да го залеваме семето на вистината за Царството во срцата на луѓето (Мат. 13:3, 23; 1. Кор. 3:6).

9. Како нашата организација го објавува Божјето име?

9 Исус го објавувал Божјето име. Во една молитва до својот небесен Татко, Исус рекол: „Им го објавив твоето име“ (Јован 17:26). Јеховината организација го следи примерот на Исус така што прави сѐ што може за да им помогне на другите да го дознаат Божјето име. Еден начин на кој организацијата го прави ова е преку Светото писмо — превод Нов свет. Во овој превод на Библијата, Божјето име е вратено на сите места каде што стоело во изворниот текст. Овој превод на Библијата сега е достапен во целост или делумно на преку 270 јазици. Во брошурката Да ја истражуваме Божјата Реч, на страници 1-13, можеш да најдеш повеќе информации во врска со тоа како било вратено Божјето име во Библијата. Исто така, таму ќе најдеш објаснување зошто Божјето име треба да го има на 237 места во Христијанските грчки списи.

10. Што учиш од она што го кажала една жена која живее во Мјанмар?

10 Исто како Исус, и ние сакаме да им помогнеме на што е можно повеќе луѓе да го дознаат Божјето име. Кога една 67-годишна жена во Мјанмар дознала дека Бог има име се расплакала и на сестрата која проучувала со неа ѝ рекла: „За прв пат во мојот живот слушнав дека Божјето име е Јехова... Ти ми го кажа најважното нешто во животот“. Како што гледаме од ова искуство, кога искрените лица ќе го дознаат Божјето име, тоа може да има силно влијание врз нив.

ПРОДОЛЖИ ДА ПОКАЖУВАШ ДОВЕРБА ВО НАШАТА ОРГАНИЗАЦИЈА

11. Како старешините можат да покажат дека имаат доверба во Јеховината организација? (Види ја и сликата.)

11 Кој е еден начин на кој старешините можат да покажат дека имаат доверба во Божјата организација? Кога ќе добијат некои упатства од организацијата, старешините треба внимателно да ги прочитаат и потоа да дадат сѐ од себе за да ги применат. На пример, тие добиваат упатства не само за тоа како треба да ги изнесуваат своите точки на состаноците и какви треба да бидат нивните молитви што ги изнесуваат во име на собранието туку и како треба да се грижат за Христовите овци. Кога старешините ги применуваат сите упатства од организацијата, браќата и сестрите чувствуваат дека Јехова ги сака и дека се грижи за нив.

Слики: 1. Тројца старешини имаат состанок во салата за состаноци за да дискутираат во врска со подрачјето на нивното собрание. 2. Подоцна, еден од старешините им дава упатства на две сестри како да ги постават количките за сведочење на безбедно место.

Старешините ни помагаат да имаме доверба во упатствата што ги добиваме од Јеховината организација (види во пасус 11)b


12. а) Зошто треба да соработуваме со оние што предводат? (Евреите 13:7, 17). б) Зошто треба да се концентрираме на позитивните особини на браќата кои предводат?

12 Кога ќе добиеме некое упатство од старешините, треба спремно да го послушаме. Ако правиме така, на оние што предводат ќе им биде полесно да си ја извршат својата задача. Библијата нѐ поттикнува да им бидеме послушни и подложни на оние што предводат. (Прочитај Евреите 13:7, 17.) Но, ова не е секогаш лесно. Зошто? Бидејќи тие се несовршени. Сепак, ако се концентрираме на нивните негативни особини наместо на нивните позитивни страни, ние, всушност, им помагаме на нашите непријатели. Зошто го велиме ова? Бидејќи така ќе ја поткопаме довербата во Божјата организација, а тоа, всушност, е целта на нашите противници. Што можеме конкретно да направиме за да ги препознаеме и да ги отфрлиме лагите на нашите непријатели?

НЕ ДОЗВОЛУВАЈ ДРУГИТЕ ДА ТИ ЈА ОСЛАБНАТ ДОВЕРБАТА

13. Како непријателите на Бог се обидуваат да ја прикажат неговата организација во негативно светло?

13 Божјите противници се обидуваат добрите работи во Јеховината организација да ги прикажат во негативно светло. На пример, од Божјата Реч сме дознале дека Јехова очекува неговите слуги да бидат чисти во физички, морален и духовен поглед. Тој рекол дека секој кој продолжува да го прави она што е погрешно и не сака да го смени своето однесување, треба да биде отстранет од собранието (1. Кор. 5:11-13; 6:9, 10). Ние сме послушни на оваа библиска заповед. Но, нашите противници се обидуваат да го искористат тоа против нас така што нѐ обвинуваат дека сме нетолерантни, дека ги осудуваме луѓето и дека не ги сакаме.

14. Кој е изворот на лагите за Божјата организација?

14 Препознај кој, всушност, стои зад нападите. Сатана Ѓаволот е изворот на лагите за Божјата организација. Тој е „татко на лагата“ (Јован 8:44; 1. Мој. 3:1-5). Затоа треба да очекуваме дека Сатана ќе ги користи нашите непријатели за да шири лаги за Јеховината организација. Ова се случувало и во првиот век.

15. Што им направиле верските водачи на Исус и на неговите следбеници?

15 Иако Божјиот Син, Исус, бил совршен и правел извонредни чуда, Сатана користел некои луѓе за да рашири многу лаги за него. На пример, верските водачи му кажувале на народот дека моќта што ја имал Исус да истерува демони му ја дал „владетелот на демоните“ (Мар. 3:22). Кога било судењето на Исус, верските водачи го обвиниле за богохулие и го поттикнале народот да бара Исус да биде погубен (Мат. 27:20). Подоцна, додека Христовите следбеници ја проповедале добрата вест, оние кои им се противеле ги растревожиле луѓето и ги подбуцнале да ги прогонуваат (Дела 14:2, 19). Во врска со Дела 14:2, во Стражарска кула од 1 декември 1998 пишуваше: „Незадоволни од тоа што самите тие ја отфрлиле пораката, еврејските противници се зафатиле со една клеветничка кампања, обидувајќи се кај нееврејското население да создадат предрасуди против христијаните“.

16. На што треба да се сетиме ако чуеме лаги за организацијата или за браќата кои предводат?

16 Сатана продолжува да шири лаги и денес. Тој сѐ уште „го заведува целиот свет“ (Отк. 12:9). Ако слушнеш негативни работи во врска со организацијата или браќата што предводат, сети се како постапувале Божјите непријатели со Исус и со неговите ученици во првиот век. Денес, токму како што било проречено во Библијата, Јеховините слуги се прогонувани и оцрнувани (Мат. 5:11, 12). Ние нема да им веруваме на лагите што ги слушаме ако сме свесни кој стои зад нив и ако веднаш преземеме нешто за да се заштитиме. Што треба да направиме?

17. Како можеме да се заштитиме од лажни информации? (2. Тимотеј 1:13). (Види ја и рамката „Како да реагираш на лажни информации“.)

17 Отфрли ги лажните информации. Апостол Павле дал јасни упатства за тоа што треба да правиме ако наидеме на „измислени прикаски“, односно на лажни информации. Тој му рекол на Тимотеј: „Те поттикнувам... да им заповедаш на некои... да не се занимаваат со измислени прикаски“ и „избегнувај ги измислените прикаски“ (1. Тим. 1:3, 4; 4:7). Едно мало дете може да земе некој предмет што паднал на подот и да го стави во устата. Но една зрела личност, која ја сфаќа опасноста, никогаш нема да го направи тоа. На сличен начин, ние ги отфрламе лажните информации бидејќи знаеме кој стои зад нив. Ние ги слушаме само „здравите зборови“ на вистината. (Прочитај 2. Тимотеј 1:13.)

Слики: Начини на кои можат да се шират лажни информации. 1. Еден маж снима подкаст. 2. Една жена шепоти. 3. Имејл пораки со спектакуларни информации. 4. Леток во поштенско сандаче. Една сестра го кине летокот.

Како да реагираш на лажни информации

На лажни информации можеме да наидеме на различни начини. На пример, некој брат или сестра можеби ќе сака да сподели нешто охрабрувачко со нас, но не проверил дали тоа е вистина. Некој можеби ќе ни испрати имејл со таква содржина. Или, пак, додека сме во служба на проповедање, можеби ќе чуеме лажни информации од отпадници кои се преправаат дека се заинтересирани за Библијата.

1. Информации кои доаѓаат од нашите браќа и сестри:

Прашај го твојот пријател дали проверил дека информацијата е од веродостоен извор. Ако не ја проверил, немој да ја слушаш или да ја читаш и не ја споделувај со други (Изр. 14:15).

2. Имејл пораки со спектакуларни информации за Јеховиниот народ:

Понекогаш, може да изгледа дека овие имејл пораки доаѓаат од некој пријател. Прашај го твојот пријател дали навистина тој ти ја пратил пораката и дали го проверил изворот на информацијата. Ако тој не ти ја пратил пораката или не го проверил изворот, избриши ја (Изр. 27:12).

3. Отпадници кои го кријат својот идентитет и се преправаат дека се заинтересирани за вистината:

Ако забележиш дека нивните коментари за организацијата стануваат премногу негативни или ако се обидуваат да ти дадат информации од отпаднички извори, со почит заврши го разговорот (2. Јов. 10).

18. Како можеме да покажеме дека имаме доверба во Јеховината организација?

18 Разгледавме само три од многуте начини на кои Божјата организација го следи примерот на Исус. Додека ја проучуваш Библијата, обиди се да најдеш и други начини на кои Јеховината организација го следи примерот на Исус. Помагај им на другите во твоето собрание да си ја зајакнат довербата во организацијата. И продолжи да ја покажуваш твојата доверба така што ќе му служиш верно на Јехова и нема да се оддалечуваш од организацијата која тој ја користи за да ја исполни својата волја (Пс. 37:28). Да продолжиме и понатаму да ја цениме честа што ја имаме да бидеме дел од Јеховиниот верен народ меѓу кој владее љубов.

КАКО БИ ОДГОВОРИЛ?

  • На кои начини Божјиот народ го следи примерот на Исус?

  • Како можеме и понатаму да покажуваме доверба во Јеховината организација?

  • Што треба да правиме ако наидеме на лажни информации?

ПЕСНА 103 Пастирите — дар од Бог

a Види ја рамката „Зошто 1919?“ во книгата Конечно секој ќе го слави Јехова!, стр. 102-103 (на српски јазик).

b ОПИС НА СЛИКАТА: Откако старешините разговарале во врска со тоа како ќе се организира јавното сведочење, еден надгледник на група за проповедање им го пренесува на објавителите упатството, од безбедносни причини, зад нив да има ѕид додека сведочат со колички.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели