ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w24 Јули стр. 8-13
  • Дали ја препознаваш вистината?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали ја препознаваш вистината?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ОСОБИНИ ШТО НИ СЕ ПОТРЕБНИ ЗА ДА ЈА ПРЕПОЗНАЕМЕ ВИСТИНАТА
  • КАКО МОЖЕМЕ ЦВРСТО ДА СЕ ДРЖИМЕ ЗА ВИСТИНАТА
  • Одлуки од кои се гледа дека се потпираме на Јехова
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2023)
  • Скромно прифати дека има работи кои не ги знаеш
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2025
  • Поуки од прошталните зборови на верни слуги на Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
  • Зајакни си ја довербата во Јеховината организација
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
w24 Јули стр. 8-13

СТАТИЈА ЗА ПРОУЧУВАЊЕ 28

ПЕСНА 123 Верно се држиме за теократскиот ред

Дали ја препознаваш вистината?

Бидете постојани! Опашајте ги своите бедра со вистината (ЕФ. 6:14)

ЦЕЛ НА СТАТИЈАТА

Да ни помогне да научиме како да правиме разлика помеѓу вистината што сме ја дознале од Јехова и лагите што ги шират Сатана и нашите противници.

1. Како гледаш на вистината?

ЈЕХОВИНИОТ народ ја сака вистината што се наоѓа во Божјата Реч. Нашата вера се темели врз таа вистина (Рим. 10:17). Ние сме уверени дека Јехова го поставил христијанското собрание како „столб и потпора на вистината“ (1. Тим. 3:15). И со задоволство сме им послушни на оние што нѐ предводат бидејќи тие ја објаснуваат вистината од Библијата и ни даваат упатства кои се во склад со Божјата волја (Евр. 13:17).

2. Според Јаков 5:19, со каква опасност би можеле да се соочиме иако сме ја прифатиле вистината?

2 Но, иако сме ја прифатиле вистината и сме прифатиле дека треба да го следиме водството од Божјата организација, сепак би можеле да застраниме од вистината. (Прочитај Јаков 5:19.) Сатана многу би сакал да изгубиме доверба во Библијата и во водството што го добиваме од Божјата организација (Еф. 4:14).

3. Зошто треба цврсто да се држиме за вистината? (Ефешаните 6:13, 14).

3 Прочитај Ефешаните 6:13, 14. Наскоро Ѓаволот ќе употреби силна пропаганда за да наведе цели народи да заземат страна против Јехова (Отк. 16:13, 14). Исто така, можеме да очекуваме дека Сатана ќе вложи уште поголем труд за да го заведе Божјиот народ (Отк. 12:9). Затоа, важно е да вежбаме да ја препознаваме разликата помеѓу вистината и лагите и да ѝ бидеме послушни на вистината (Рим. 6:17; 1. Пет. 1:22). Од тоа ќе зависи дали ќе ја преживееме големата неволја!

4. Што ќе разгледаме во оваа статија?

4 Во оваа статија ќе разгледаме две особини што треба да ги имаме за да можеме да ја препознаеме вистината што доаѓа од Библијата и да го прифатиме водството од Божјата организација. Потоа, ќе разгледаме три работи што мора да ги правиме за да продолжиме цврсто да се држиме за вистината.

ОСОБИНИ ШТО НИ СЕ ПОТРЕБНИ ЗА ДА ЈА ПРЕПОЗНАЕМЕ ВИСТИНАТА

5. Како стравот од Јехова ни помага да ја препознаеме вистината?

5 Страв од Јехова. Ако имаме развиено исправен страв од Јехова, толку многу ќе го сакаме што никогаш нема да направиме нешто со што би го разочарале. Ќе имаме силна желба да научиме што е исправно, а што погрешно, како и што е вистина, а што лага, за да можеме да го стекнеме Божјето одобрување (Изр. 2:3-6; Евр. 5:14). Никогаш не смееме да дозволиме стравот од човек да стане посилен од нашата љубов кон Јехова, бидејќи она што им се допаѓа на луѓето честопати не му се допаѓа на Јехова.

6. Како стравот од човек придонел 10 израелски поглавари да ја извртат вистината?

6 Ако повеќе се плашиме од луѓето отколку од Бог, би можеле да застраниме од вистината. Размисли за примерот на 12-те поглавари кои биле испратени да ја извидат земјата што Јехова ветил дека ќе им ја даде на Израелците. Кај 10 од извидувачите, стравот од Ханаанците бил посилен од нивната љубов кон Јехова. Тие им го кажале следново на другите Израелци: „Не можеме да одиме против оној народ зашто е посилен од нас“ (4. Мој. 13:27-31). Од човечка гледна точка, Ханаанците навистина биле посилни од Израелците. Но, секој што рекол дека Израелците нема да можат да ги победат своите непријатели не го зел предвид Јехова. Тие 10 извидувачи требало да се концентрираат на она што Јехова сакал Израелците да го направат. Исто така, тие требало да размислуваат што направил Јехова за нив кратко пред тоа. Така тие ќе сфателе дека силата на Ханаанците е ништо во споредба со бескрајната моќ на Јехова. За разлика од овие извидувачи кои немале вера, Исус Навин и Халев сакале да го имаат Јеховиното одобрување. Тие му рекле на народот: „Ако сме му по волја на Јехова, тој ќе нѐ одведе во таа земја... и ќе ни ја даде“ (4. Мој. 14:6-9).

7. Како можеме да си го зајакнеме стравот од Јехова? (Види ја и сликата.)

7 За да си го зајакнеме стравот од Јехова, треба да размислуваме што му се допаѓа нему секогаш кога ќе треба да донесеме некоја одлука (Пс. 16:8). Додека читаш некој извештај од Библијата, прашај се: „Каква одлука ќе донесев доколку јас бев во таа ситуација?“ На пример, замисли си дека ги слушаш 10-те израелски поглавари како кажуваат дека Израелците нема да можат да го освојат Ханаан. Дали ќе им поверуваше и ќе дозволеше да те надвладее стравот од човек или ќе победеа твојата љубов кон Јехова и желбата да го радуваш него? Едно цело поколение Израелци не ја препознале вистината што ја кажувале Исус Навин и Халев. Како резултат на тоа, Јехова не им дозволил да влезат во Ветената земја (4. Мој. 14:10, 22, 23).

Исус Навин и Халев се обидуваат да ги разубедат гневните Израелци кои сакаат да ги каменуваат. Во позадина е столбот од облак.

Кому би му верувал? (види во пасус 7)


8. Која особина мора силно да се напрегаме да ја развиеме, и зошто?

8 Понизност. Јехова им ја открива вистината на оние што се понизни (Мат. 11:25). Ние понизно сме прифатиле помош за да ја дознаеме вистината (Дела 8:30, 31). Сепак, мора да внимаваме да не станеме горди. Гордоста би можела да нѐ наведе да сметаме дека нашето мислење е исто толку мудро колку и библиските начела и водството од Јеховината организација.

9. Како можеме да останеме понизни?

9 За да останеме понизни, не треба да заборавиме колку сме безначајни во споредба со Јехова (Пс. 8:3, 4). Исто така, треба да го молиме да ни помогне да станеме уште попонизни и поспремни да учиме. Јехова ќе ни помогне неговите мисли да ни бидат поважни од нашите. Јеховините мисли ги дознаваме од неговата Реч и од неговата организација. Додека ја читаш Библијата, барај докази дека Јехова ја сака понизноста, а ги мрази гордоста, арогантноста и вообразеноста. Особено труди се да останеш понизен доколку добиеш некоја задача која ти дава одредена мера авторитет или углед.

КАКО МОЖЕМЕ ЦВРСТО ДА СЕ ДРЖИМЕ ЗА ВИСТИНАТА

10. Кого Јехова го користел за да му дава упатства и водство на неговиот народ?

10 Продолжи да имаш доверба во водството од Јеховината организација. Во древниот Израел, Јехова му давал упатства на својот народ преку Мојсеј, а потоа и преку Исус Навин (Ис. Нав. 1:16, 17). Израелците биле благословени кога на овие мажи гледале како на претставници од Јехова Бог. Стотици години подоцна, кога било основано христијанското собрание, упатства давале 12-те апостоли (Дела 8:14, 15). Подоцна, во таа група биле вклучени и други старешини од Ерусалим. Бидејќи го следеле водството на овие верни мажи, собранијата се зацврстувале во верата и од ден на ден растеле (Дела 16:4, 5). Денес, Јехова нѐ благословува и нас кога го следиме водството од неговата организација. Но, како ќе се чувствува Јехова доколку одбиваме да ги слушаме упатствата од оние што тој ги поставил да предводат? За да одговориме на ова прашање, да разгледаме што се случило кога Израелците биле на пат кон Ветената земја.

11. Што им се случило на оние од древниот Израел кои се побуниле против Мојсеј, кого Јехова го избрал за да предводи? (Види ја и сликата.)

11 Додека Израелците патувале кон Ветената земја, некои мажи што имале авторитет и углед се побуниле против Мојсеј, кого Јехова го избрал за да предводи. Тие рекле: „Целата заедница е света [а не само Мојсеј], сите во неа, и Јехова е меѓу нив“ (4. Мој. 16:1-3). Иако било точно дека во Божји очи „целата заедница“ била света, Јехова го избрал Мојсеј да го предводи неговиот народ (4. Мој. 16:28). Со тоа што го критикувале Мојсеј, тие бунтовници, всушност, го критикувале Јехова. Тие не се концентрирале на она што го сакал Јехова, туку на она што го сакале тие — повеќе моќ и углед. Бог ги погубил водачите на оваа побуна, како и илјадници други кои им се придружиле (4. Мој. 16:30-35, 41, 49). Денес можеме да бидеме сигурни дека Јехова не ги одобрува оние кои не ги почитуваат упатствата од неговата организација.

Мојсеј и Арон стојат на една карпа додека гневните Израелци им викаат и им се закануваат со тупаници.

Кого би го поддржал? (види во пасус 11)


12. Зошто можеме и понатаму да имаме доверба во Јеховината организација?

12 Ние можеме и понатаму да имаме доверба во Јеховината организација. Кога ќе стане јасно дека е потребна промена во нашето разбирање на некоја библиска вистина или во начинот на кој ја вршиме службата за Јехова, браќата од Водечкото тело не се двоумат да ги направат потребните промени (Изр. 4:18). Тие го прават тоа бидејќи најважно од сѐ им е да му угодат на Јехова. Исто така, тие даваат сѐ од себе за да ги темелат своите одлуки на Божјата Реч, во која се наоѓаат учењата за кои мора да се држат сите Јеховини слуги.

13. Што се „здравите зборови“, и што мора да правиме?

13 „Како пример нека ти бидат здравите зборови“ (2. Тим. 1:13). „Здравите зборови“ се христијанските учења кои се наоѓаат во Библијата (Јован 17:17). Тие учења се темелот на сето она во што веруваме. Јеховината организација нѐ учи цврсто да се држиме за тие учења. Сѐ додека правиме така, Јехова ќе нѐ благословува.

14. Како некои христијани престанале да се држат за „здравите зборови“?

14 Што би можело да се случи ако престанеме да се држиме за „здравите зборови“? Да разгледаме еден пример. Во првиот век, некои христијани ширеле гласини дека Јеховиниот ден веќе пристигнал. Можеби имало некое писмо — за кое луѓето мислеле дека го напишал апостол Павле — во кое се наоѓало тоа тврдење. Без да одвојат време за да ги проверат фактите, некои христијани во Солун поверувале во тие гласини, па дури им ги пренесувале и на другите. Тие не би биле измамени доколку се сетеле на работите за кои Павле ги поучувал додека сѐ уште бил со нив (2. Сол. 2:1-5). Павле ги советувал браќата да не веруваат во сѐ што ќе чујат. И, за да им помогне во иднина, Павле го завршил своето второ писмо до Солуњаните со следниве зборови: „Јас, Павле, ви го пишувам овој поздрав со сопствена рака. Тоа е мојот знак во секое писмо — вака пишувам јас“ (2. Сол. 3:17).

15. Како можеме да се заштитиме од лагите кои изгледаат како вистина? Наведи пример. (Види ги и сликите.)

15 Што можеме да научиме од зборовите што Павле им ги напишал на Солуњаните? Кога ќе чуеме нешто што не е во склад со она што сме го научиле од Библијата или кога ќе чуеме некои сензационални гласини, треба да бидеме проникливи. Во поранешниот Советски Сојуз, нашите браќа во една прилика добиле писмо кое наводно било од главното седиште, но всушност било од нашите непријатели. Писмото навело некои од браќата да формираат посебна, независна организација. Она што го пишувало во писмото изгледало како да е вистина. Но, верните браќа не биле измамени. Тие сфатиле дека пораката од писмото не била во склад со она за што биле поучени. Денес, непријателите на вистината понекогаш ја користат современата технологија за да нѐ збунат и да создадат поделби меѓу нас. Наместо да дозволиме брзо да бидеме „расколебани во [нашето] расудување“, можеме да се заштитиме така што внимателно ќе размислиме дали она што го слушаме или читаме е во склад со вистините за кои сме биле поучени (2. Сол. 2:2; 1. Јов. 4:1).

Слики: 1. Пред неколку децении, во една куќа, еден брат им покажува на други браќа писмо со официјалниот назив на организацијата — “Watch Tower„. 2. Во наше време, на едно дружење, еден брат им покажува на други браќа и сестри еден видеоклип за Јеховините сведоци на интернет.

Немој да бидеш измамен од лагите кои изгледаат како вистина (види во пасус 15)a


16. Според Римјаните 16:17, 18, што треба да правиме ако некој почне да шири информации кои не се во склад со вистината?

16 Остани обединет со оние кои му се верни на Јехова. Бог сака да го обожаваме обединето со нашите браќа и сестри. Ќе останеме обединети сѐ додека се држиме за вистината. Сите што шират информации кои не се во склад со вистината, создаваат поделби во собранието. Затоа, Бог нѐ предупредува да ги избегнуваме таквите поединци. Во спротивно, би можеле да застраниме од вистината. (Прочитај Римјаните 16:17, 18.)

17. Како ни користи тоа што ќе ја препознаеме вистината и цврсто ќе се држиме за неа?

17 Ако ја препознаеме вистината и цврсто се држиме за неа, ќе останеме блиски со Јехова и нашата вера ќе остане цврста (Еф. 4:15, 16). Нема да бидеме измамени од пропагандата и од лажните учења на Сатана, и ќе бидеме безбедни за време на големата неволја бидејќи Јехова ќе се грижи за нас. Продолжи цврсто да се држиш за вистината, и „Богот на мирот ќе биде со [тебе]“ (Фил. 4:8, 9).

КАКО БИ ОДГОВОРИЛ?

  • Зошто е важно да ја препознаеме вистината?

  • Како стравот од Јехова и понизноста ни помагаат да ја препознаеме вистината и да не застраниме од неа?

  • Што ќе ни помогне цврсто да се држиме за вистината?

ПЕСНА 122 Да бидеме цврсти, непоколебливи!

a ОПИС НА СЛИКАТА: Одглумена сцена на еден настан од пред неколку децении, кога браќата во поранешниот Советски Сојуз добиле писмо кое изгледало како да е од главното седиште, но всушност, било од нашите непријатели. Денес, нашите непријатели можат да го користат интернетот за да шират дезинформации во врска со Јеховината организација.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели