ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w25 Мај стр. 20-25
  • Какво значење има Јеховиното име за Исус

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Какво значење има Јеховиното име за Исус
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2025
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • „ИМ ГО ОБЈАВИВ ТВОЕТО ИМЕ“
  • „ЧУВАЈ ГИ ЗАРАДИ СВОЕТО ИМЕ, КОЕ МИ ГО ДАДЕ“
  • „ТАТКО, ПРОСЛАВИ ГО СВОЕТО ИМЕ!“
  • „ГО ПОЛАГАМ СВОЈОТ ЖИВОТ“
  • „ЈАС ТЕ ПРОСЛАВИВ ТЕБЕ... ДОВРШУВАЈЌИ ГО ДЕЛОТО ШТО МИ ГО ДАДЕ“
  • Какво значење треба да има Јеховиното име за нас
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2025
  • „Фалете го името Јеховино!“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
  • Што учиме од откупнината?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2025
  • „Изберете си... кому ќе му служите“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2025
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2025
w25 Мај стр. 20-25

СТАТИЈА ЗА ПРОУЧУВАЊЕ 22

ПЕСНА 15 Слави го Јеховиниот првороден Син!

Какво значење има Јеховиното име за Исус

Им го објавив твоето име и ќе го објавувам (ЈОВАН 17:26)

ЦЕЛ НА СТАТИЈАТА

Да дознаеме како Исус го објавил, посветил и исчистил Јеховиното име.

1-2. а) Што правел Исус ноќта пред да биде убиен? б) Кои прашања ќе ги разгледаме во оваа статија?

ВО ЧЕТВРТОК навечер, на 14 нисан 33 год. од н.е., Исус ја прославил Господаровата вечера со своите верни апостоли. Тој знаел дека наскоро Јуда ќе го предаде, дека ќе биде измачуван и дека потоа ќе биде погубен од неговите непријатели. Затоа, по вечерата, Исус им кажал некои охрабрувачки зборови на своите апостоли. Кратко пред да си заминат, тој кажал една многу значајна молитва. Таа молитва, која ја запишал апостол Јован, се наоѓа во Јован поглавје 17.

2 Во оваа статија ќе видиме што можеме да научиме од молитвата на Исус. На пример, за што бил загрижен кратко пред да умре? И, што му било важно на Исус додека бил на Земјата? Да го разгледаме одговорот на овие прашања.

„ИМ ГО ОБЈАВИВ ТВОЕТО ИМЕ“

3. Што рекол Исус за Јеховиното име, и што сакал да каже со тоа? (Јован 17:6, 26).

3 Во својата молитва, Исус рекол: „Им го објавив твоето име“. Всушност, тој двапати кажал дека им го објавил Јеховиното име на своите ученици. (Прочитај Јован 17:6, 26.) Што сакал да каже со тоа? Дали им открил име кое тие не го знаеле? Учениците на Исус биле Евреи, па затоа тие веќе знаеле дека Божјето име е Јехова. Во Хебрејските списи, тоа име се појавува речиси 7.000 пати. Значи, Исус не мислел на личното име на Бог, туку на она што тоа име го претставува. Исус им го објавил Божјето име на своите ученици во таа смисла што им помогнал подобро да го запознаат Јехова. Во тоа се вклучени намерата на Јехова со Земјата и човештвото, она што тој го направил, она што ќе го направи, како и неговите особини. Исус го познава Јехова подобро од кој и да било друг, и затоа тој најдобро можел да објасни каква е личноста што го носи тоа име.

4-5. а) Како може нечие име да добие поголемо значење за нас? Наведи пример. б) На кој начин Јеховиното име добило поголемо значење за учениците на Исус?

4 Да разгледаме еден пример. Замисли си дека во твоето собрание има еден старешина по име Давид кој е хирург. Тој брат го познаваш со години. Но, еден ден треба итно да се оперираш. Одиш во болницата каде што работи братот, и тој ги користи своите вештини како хирург за да ти го спаси животот. Дали името на тој брат сега добива поголемо значење за тебе? Се разбира дека да. Давид повеќе не е само старешината што го познаваш туку и хирургот што ти го спасил животот.

5 Слично на ова, учениците на Исус веќе го знаеле Јеховиното име. Но тоа име добило уште поголемо значење за нив бидејќи Исус им помогнал подобро да го запознаат Јехова. Зошто можеме да го кажеме тоа? Бидејќи Исус ја одразувал личноста на својот Татко во сите свои зборови и постапки. Значи, неговите апостоли подобро го запознале Јехова со тоа што слушале како Исус поучува и со тоа што го набљудувале начинот на кој тој постапувал со луѓето (Јован 14:9; 17:3).

„ЧУВАЈ ГИ ЗАРАДИ СВОЕТО ИМЕ, КОЕ МИ ГО ДАДЕ“

6. Во која смисла Јехова му го дал на Исус своето име? (Јован 17:11, 12).

6 Во својата молитва, Исус се молел за своите ученици со следниве зборови: „Чувај ги заради своето име, кое ми го даде“. (Прочитај Јован 17:11, 12.) Дали ова значело дека Исус ќе бил наречен Јехова? Не. Забележи дека Исус се молел Јехова да ги чува учениците „заради своето име“. Значи Јеховиното име не станало лично име на Исус. Тогаш, што сакал Исус да каже кога рекол дека му било дадено Божјето име? Прво, Исус го претставувал Јехова и зборувал во Негово име. Тој дошол во името на својот Татко и извршувал моќни дела во тоа име (Јован 5:43; 10:25). Второ, името Исус значи „Јехова е спасение“. Според тоа, Божјето име е тесно поврзано со Исусовото име.

7. Зошто Исус можел да зборува во Јеховино име? Наведи пример.

7 Размисли за следниов пример. Бидејќи еден амбасадор е претставник на еден претседател, тој може да зборува во име на тој претседател. Затоа, кога зборува амбасадорот, тој го има истиот авторитет како и претседателот. Слично на ова, Исус го претставувал Јехова и им зборувал на луѓето во Јеховино име (Мат. 21:9; Лука 13:35).

8. Зошто Јехова рекол дека Исус го носел Неговото име уште пред да дојде на Земјата? (2. Мојсеева 23:20, 21).

8 Во Библијата, Исус е наречен Речта бидејќи Јехова го користел за да им пренесува информации и упатства на ангелите и на луѓето (Јован 1:1-3). Веројатно Исус бил ангелот кој Јехова го испратил за да се грижи за Израелците додека тие биле во пустината. Кога им кажал на Израелците да му бидат послушни на тој ангел, Јехова рекол: „Тој го носи моето име“.a (Прочитај 2. Мојсеева 23:20, 21.) Јехова го кажал ова бидејќи Исус зборувал во Негово име и бидејќи тој е главната личност која го брани и го посветува Божјето име.

„ТАТКО, ПРОСЛАВИ ГО СВОЕТО ИМЕ!“

9. Колку му било важно Јеховиното име на Исус? Објасни.

9 Како што веќе видовме, уште пред Исус да дојде на Земјата, Јеховиното име било најважното нешто за него. Затоа не е чудно што, и додека бил на Земјата, Исус со сите свои постапки покажал колку му е важно Јеховиното име! Кон крајот на својата служба, Исус во молитва побарал од Јехова: „Татко, прослави го своето име!“ Неговиот Татко веднаш му одговорил со силен глас од небото: „Го прославив и пак ќе го прославам!“ (Јован 12:28).

10-11. а) Како Исус го прославил Јеховиното име? (Види ја и сликата.) б) Зошто Јеховиното име треба да биде посветено и исчистено?

10 И Исус го прославувал името на својот Татко. Како? Еден начин е така што им кажувал на другите колку убави особини има Јехова и какви извонредни работи прави. Но било потребно и нешто друго за да се прослави тоа име. Јеховиното име требало да биде посветено и исчистено од срамот што му бил нанесен.b Исус покажал колку е важно ова кога ги поучил своите следбеници како да се молат. Тој рекол: „Татко наш, кој си на небесата, да се свети името твое“ (Мат. 6:9).

11 Зошто Јеховиното име треба да биде посветено и исчистено? Бидејќи во еденската градина, Сатана Ѓаволот кажал лаги за Јехова Бог. Сатана тврдел дека Јехова е лажливец и дека им скратува нешто добро на Адам и Ева (1. Мој. 3:1-5). Со тоа Сатана, всушност, сакал да каже дека Јехова не постапува на исправен начин. Лагите на Сатана го оцрниле името на Јехова, односно неговиот углед. Подоцна, во времето на Јов, Сатана тврдел дека оние што му служат на Јехова го прават тоа само затоа што добиваат нешто од него. Исто така, тој клеветник тврдел и дека ниту еден човек не го сака доволно Јехова за да продолжи да му служи кога ќе се најде во тешкотија (Јов 1:9-11; 2:4). Било потребно време за да се докаже кој е лажливец — Јехова или Сатана.

Исус ја одржува Проповедта на гората пред едно големо мноштво луѓе.

Исус ги поучувал своите следбеници колку е важно да се посвети Божјето име (види во пасус 10)


„ГО ПОЛАГАМ СВОЈОТ ЖИВОТ“

12. Што бил Исус спремен да направи поради својата љубов кон Јеховиното име?

12 Поради својата љубов кон Јехова, Исус сакал да прави сѐ што може за да го посвети и исчисти Јеховиното име. Тој рекол: „Го полагам својот живот“ (Јован 10:17, 18). Значи, Исус бил спремен дури и да умре за Јеховиното име.c Првите двајца совршени луѓе, Адам и Ева, му свртеле грб на Јехова и застанале на страната на Сатана. За разлика од нив, Исус бил спремен да дојде на Земјата и да докаже дека го сака Јехова. Исус го направил тоа така што му останал послушен на Јехова во сѐ (Евр. 4:15; 5:7-10). Тој бил верен во текот на целиот свој живот, сѐ до својата смрт на маченички столб (Евр. 12:2). На тој начин, докажал дека ги сака Јехова и Неговото име.

13. Зошто Исус бил вистинската личност која можела да докаже дека Сатана е лажливец? (Види ја и сликата.)

13 Со својот начин на живот, Исус докажал дека Сатана е лажливец, а не Јехова! (Јован 8:44). Исус го познава Јехова подобро од кој и да било друг. Ако барем некое од обвиненијата што ги кажал Сатана било вистина, Исус ќе го знаел тоа. Но, Исус бил цврсто решен да го брани угледот на Јехова, односно неговото име. Дури и кога изгледало дека Јехова го напуштил, Исус бил спремен попрво да умре отколку да му сврти грб на својот сакан Татко (Мат. 27:46).d

Исус е прикован на маченички столб.

Со својот начин на живот, Исус докажал дека Сатана е лажливец, а не Јехова! (види во пасус 13)


„ЈАС ТЕ ПРОСЛАВИВ ТЕБЕ... ДОВРШУВАЈЌИ ГО ДЕЛОТО ШТО МИ ГО ДАДЕ“

14. Како Јехова го наградил Исус за неговата верност?

14 Во молитвата што ја кажал ноќта пред да умре, Исус со право можел да рече: „Јас те прославив тебе на земјата, довршувајќи го делото што ми го даде да го извршам“. Тој бил уверен дека Јехова ќе го награди за неговата верност (Јован 17:4, 5). Довербата што Исус ја имал во својот Татко не била залудна. Јехова не дозволил да остане во гробот (Дела 2:23, 24). Тој го воскреснал Исус и му дал возвишена положба на небото (Фил. 2:8, 9). Подоцна, Исус почнал да владее како Цар на Божјето Царство. Што ќе постигне тоа Царство? Исус го дал одговорот кога ги поучил своите ученици да се молат: „Да дојде царството твое. Да биде волјата твоја [Јеховината], како на небото така и на земјата“ (Мат. 6:10).

15. Што друго ќе направи Исус?

15 Во блиска иднина, Исус ќе поведе војна против Божјите непријатели и ќе ги уништи злобните во Армагедон (Отк. 16:14, 16; 19:11-16). Веднаш потоа, Исус ќе го фрли Сатана во „бездната“ — состојба слична на смрт (Отк. 20:1-3). За време на своето илјадагодишно владеење, Исус ќе го обнови мирот и ќе им помогне на луѓето да станат совршени. Тој ќе ги воскресне мртвите и ќе ја претвори целата Земја во рај. Јеховината намера ќе се оствари (Отк. 21:1-4).

16. Каков ќе биде животот откако ќе заврши илјадагодишното владеење?

16 Каков ќе биде животот откако ќе заврши илјадагодишното владеење? Луѓето повеќе нема да бидат грешни и несовршени. Тие повеќе нема да имаат потреба да се молат за простување на гревовите на темел на откупната жртва. Исто така, нема да имаат потреба од свештеничката служба на 144-те илјади, ниту пак од улогата на Исус како нивен Првосвештеник за да имаат добар однос со Јехова. Освен тоа, „како последен непријател ќе биде уништена смртта“. Мртвите ќе бидат воскреснати. Сите луѓе на Земјата ќе бидат совршени (1. Кор. 15:25, 26).

17-18. а) Што ќе се случи откако ќе заврши илјадагодишното владеење? б) Што ќе направи Исус кога ќе дојде време да заврши неговото владеење? (1. Коринќаните 15:24, 28; види ја и сликата).

17 Што друго ќе се случи откако ќе заврши илјадагодишното владеење? Нешто многу посебно — ќе биде решено спорното прашање во кое е вклучено посветувањето на Јеховиното име. Зошто? Во еденската градина, Сатана тврдел дека Јехова е лажливец и дека не владее со човештвото поттикнат од љубов. Оттогаш наваму, Божјето име секогаш одново било посветувано од оние што му оддаваат чест и го почитуваат. Значи, откако ќе заврши илјадагодишното владеење, угледот на Јехова ќе биде потполно исчистен од срамот што му бил нанесен. Јехова ќе докаже дека тој е небесен Татко полн со љубов!

18 Конечно, сите ќе знаат дека она што Сатана го кажал за Јехова е лага. Што ќе направи Исус кога ќе дојде времето да заврши неговото владеење? Дали ќе го следи примерот на Сатана и ќе се побуни против Јехова? Не! (Прочитај 1. Коринќаните 15:24, 28.) Исус ќе му го предаде Царството на својот Татко и ќе се покори на Јеховиното владеење. За разлика од Сатана, Исус е спремен да се откаже од сѐ бидејќи го сака Јехова.

Исус е на небото и му ја предава круната на Јехова.

На крајот од своето илјадагодишно владеење, Исус доброволно му го враќа Царството на Јехова (види во пасус 18)


19. Какво значење има Јеховиното име за Исус?

19 Не е чудо што Јехова бил спремен да му го даде своето име на Исус! Исус совршено покажал каков е неговиот Татко. Од она што го разгледавме во оваа статија, што можеме да кажеме за тоа какво значење има Јеховиното име за Исус? Тоа му е најважно од сѐ. Тој бил спремен да умре за тоа име и, на крајот од илјадагодишното владеење, спремно ќе му предаде сѐ на Јехова. Како можеме да го следиме примерот на Исус? Одговорот на ова прашање ќе го разгледаме во следната статија.

КАКО БИ ОДГОВОРИЛ?

  • Како Исус им го објавил Јеховиното име на своите ученици?

  • Во која смисла Јехова му го дал своето име на Исус?

  • Што бил спремен да направи Исус за Јеховиното име, и зошто?

ПЕСНА 16 Фалете го Бог за Исус, небесниот Цар

a Понекогаш и ангелите зборувале во име на Јехова кога ги пренесувале неговите пораки. Токму затоа, во Библијата понекогаш пишува дека зборувал Јехова, а всушност некој ангел зборувал во Негово име (1. Мој. 18:1-33). Иако во Библијата пишува дека Мојсеј го примил Законот од Јехова, во други стихови пишува дека користел ангели за да го пренесат тој Закон во Јеховино име (3. Мој. 27:34; Дела 7:38, 53; Гал. 3:19; Евр. 2:2-4).

b ПОЈАСНУВАЊЕ: „Да се свети“ нешто значи да му се оддава чест, да се смета за свето и длабоко да се почитува.

c Освен тоа, со својата смрт, Исус им овозможил на луѓето да добијат вечен живот.

d Види во „Прашања од читателите“ во Стражарска кула од април 2021, стр. 30-31.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели