ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w25 Мај стр. 26-31
  • Какво значење треба да има Јеховиното име за нас

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Какво значење треба да има Јеховиното име за нас
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2025
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • „НАРОД ЗА СВОЕТО ИМЕ“
  • „ВИЕ СТЕ МОИ СВЕДОЦИ“
  • ЈЕХОВИНОТО ИМЕ Е СКАПОЦЕНО ЗА НАС
  • Какво значење има Јеховиното име за Исус
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2025
  • „Фалете го името Јеховино!“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
  • Зошто мораме да го знаеме Божјето име
    Божественото име кое ќе остане засекогаш
  • „Изберете си... кому ќе му служите“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2025
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2025
w25 Мај стр. 26-31

СТАТИЈА ЗА ПРОУЧУВАЊЕ 23

ПЕСНА 2 Јехова е името твое

Какво значење треба да има Јеховиното име за нас

„Вие сте мои сведоци“, вели Јехова (ИСА. 43:10)

ЦЕЛ НА СТАТИЈАТА

Да сфатиме како можеме да придонесеме да се посвети и да се исчисти Јеховиното име.

1-2. Од каде знаеме дека на Исус му е важно Јеховиното име?

ЗА ИСУС ништо не е поважно од Јеховиното име. Никој не направил повеќе од него за да го објави името на неговиот Татко. Како што видовме во претходната статија, Исус бил спремен да умре за да докаже дека Јехова е свет и дека сите негови постапки се праведни (Мар. 14:36; Евр. 10:7-9). А откако ќе заврши неговото илјадагодишно владеење, Исус спремно ќе му ја предаде на својот Татко сета своја власт бидејќи сака да се посвети Јеховиното име (1. Кор. 15:26-28). Освен тоа, љубовта на Исус кон Божјето име, открива многу во врска со односот што го има со својот Татко. Нема никаков сомнеж дека Исус многу го сака Јехова.

2 Исус дошол на Земјата во името на својот Татко (Јован 5:43; 12:13). Тој им го објавил тоа име на своите следбеници (Јован 17:6, 26). Исус ги поучувал другите во Јеховино име и правел чуда во тоа име (Јован 10:25). Всушност, Исус го молел Јехова да ги чува учениците „заради своето име“ (Јован 17:11). Според тоа, ако на Исус му било толку важно Јеховиното име, тогаш како може некој да тврди дека е вистински следбеник на Христос, а да не го знае и да не го користи името на неговиот Татко?

3. Што ќе разгледаме во оваа статија?

3 Како вистински христијани, ние го следиме примерот на Исус така што покажуваме љубов и почит кон Јеховиното име (1. Пет. 2:21). Во оваа статија ќе видиме зошто Јехова им го дал своето име на оние што ја проповедаат „[добрата вест] за царството“ (Мат. 24:14). Исто така, ќе видиме колку важно треба да му биде името Јехова на секого од нас лично.

„НАРОД ЗА СВОЕТО ИМЕ“

4. а) Каква задача им дал Исус на своите ученици пред да се врати на небото? б) Кое прашање ќе го разгледаме во оваа статија?

4 Кратко пред да се врати на небото, Исус им рекол на своите ученици: „Ќе примите сила кога светиот дух ќе дојде врз вас, и ќе ми бидете сведоци во Ерусалим, во цела Јудеја и Самарија и сѐ до крајот на земјата“ (Дела 1:8). Значи, учениците ќе ја проповедале добрата вест насекаде, а не само во Израел. Со текот на времето, луѓе од сите народи ќе имале можност да станат следбеници на Исус (Мат. 28:19, 20). Но, Исус рекол: „Ќе ми бидете сведоци“. Дали овие нови ученици ќе требало да го знаат името на Јехова или само ќе биле сведоци на Исус? Настаните кои се опишани во Дела поглавје 15 ќе ни помогнат да го дознаеме одговорот на ова прашање.

5. Како апостолите и старешините во Ерусалим покажале дека сите луѓе треба да го знаат Јеховиното име? (Види ја и сликата.)

5 Во 49 год. од н.е., апостолите и старешините во Ерусалим се собрале за да дискутираат околу тоа што треба да прават необрежаните не-Евреи за да бидат прифатени како христијани. На крајот од дискусијата, Јаков, полубратот на Исус, го кажал следново: „[Петар] подробно изнесе како Бог за првпат им обрна внимание на незнабошците за да земе од нив народ за своето име“. На кое име мислел Јаков? Цитирајќи го пророкот Амос, тој додал: „За да можат преостанатите луѓе сесрдно да го побараат Јехова, заедно со луѓето од сите народи, со оние што го носат моето име, вели Јехова“ (Дела 15:14-18). Новите ученици не само што ќе учеле за Јехова туку и ќе го носеле неговото име. Тоа значело дека тие ќе им го објавувале Божјето име на другите и дека луѓето ќе ги препознавале како оние што го претставуваат тоа име.

Јаков зборува со некои од апостолите и старешините во Ерусалим. Додека слушаат, двајца од браќата имаат отворени свитоци во рацете.

На еден нивен состанок, членовите на водечкото тело во првиот век сфатиле дека христијаните мора да бидат народ за Божјето име (види во пасус 5)


6-7. а) Зошто Исус дошол на Земјата? б) Од која друга поважна причина Исус дошол на Земјата?

6 Самото име Исус значи „Јехова е спасение“, и Јехова навистина го употребил Исус за да ги спаси сите луѓе кои покажуваат вера. Исус дошол на Земјата за да го даде својот живот за човештвото (Мат. 20:28). Со тоа што ја платил откупнината, тој им овозможил на луѓето да бидат спасени и да добијат вечен живот (Јован 3:16).

7 Но, зошто на луѓето им е потребна откупнина? Поради она што се случило во градината Еден. Како што спомнавме во претходната статија, нашите прародители Адам и Ева се побуниле против Јехова и така ја изгубиле можноста да живеат вечно (1. Мој. 3:6, 24). Но, Исус не дошол на Земјата само за да ги спаси грешните луѓе туку и за да постигне нешто уште поважно. Јеховиното име било наклеветено (1. Мој. 3:4, 5). Значи, спасението на потомците на Адам и Ева било поврзано со нешто поважно — посветувањето на Јеховиното име. Бидејќи Исус го претставувал Јехова и го носел Неговото име, тој имал клучна улога во посветувањето на Јеховиното име.

Како може некој да тврди дека е вистински следбеник на Христос, а да не го знае и да не го користи името на неговиот Татко?

8. Што требало да сфатат сите оние кои ќе покажеле вера во Исус?

8 Сите оние што ќе покажеле вера во Исус, и Евреи и не-Евреи, требало да сфатат дека изворот на нивното спасение е всушност, Таткото на Исус, Јехова Бог (Јован 17:3). Освен тоа, исто како што било случај со Исус, другите ќе ги препознавале по Јеховиното име. Исто така, тие требало да разберат колку е важно да се посвети тоа име. Нивното спасение зависело од тоа (Дела 2:21, 22). Значи, сите верни следбеници на Исус требало да учат за Јехова и за Исус. Не е чудно што својата молитва, запишана во Јован поглавје 17, Исус ја завршил со следниве зборови: „Им го објавив твоето име и ќе го објавувам, за љубовта со која ме сакаше ти да биде во нив и јас во единство со нив“ (Јован 17:26).

„ВИЕ СТЕ МОИ СВЕДОЦИ“

9. Како следбеници на Исус, што треба да ни биде најважно?

9 Од сето она што го разгледавме досега, јасно е дека посветувањето на Јеховиното име треба да им биде важно на сите вистински следбеници на Исус (Мат. 6:9, 10). Всушност, со нашите постапки треба да покажеме дека Јеховиното име е најважното нешто за нас. Тогаш како можеме да имаме удел во посветувањето на Јеховиното име, односно да докажеме дека сето она што Сатана го кажал за Јехова е лага?

10. Каков симболичен судски случај е опишан во поглавја 42 до 44 од книгата Исаија? (Исаија 43:9; 44:7-9; види ја и сликата).

10 Во Исаија поглавја 42 до 44 е истакнато колку е важна нашата улога во посветувањето на Јеховиното име. Во тие поглавја е опишан еден симболичен судски случај во кој Јехова ги повикува луѓето кои не го обожаваат да докажат дека нивните богови се вистински. Исто така, тој прашува дали има сведоци кои можат да го докажат тоа. Но, нема ниту еден таков сведок! (Прочитај Исаија 43:9; 44:7-9.)

Слики: Додека ангели летаат над Земјата, браќа и сестри низ целиот свет придонесуваат да се посвети Јеховиното име. 1. Еден брачен пар учествува во службата на проповедање со количка за сведочење. 2. Една млада сестра ѝ дава визит-картичка за jw.org на нејзината соученичка. 3. Еден брат му сведочи на еден човек додека се возат во јавен превоз. 4. Маскирани полицајци водат еден наш брат со лисици на рацете. 5. Една сестра која лежи во болнички кревет му го кажува на лекарот својот став за крвта.

Ние сме вклучени во еден симболичен судски случај на многу начини (види во пасуси 10-11)


11. Според Исаија 43:10-12, што им вели Јехова на оние што му служат?

11 Прочитај Исаија 43:10-12. Во врска со оние што му служат, Јехова рекол: „Вие сте мои сведоци... а јас сум Бог“. Јехова ги повикува да одговорат на следново прашање: „Има ли Бог освен мене?“ (Иса. 44:8). Значи, ние имаме чест да дадеме одговор на ова прашање. Со нашите зборови и постапки, ние сведочиме дека Јехова е единствениот вистински Бог. Неговото име е најважно од сите имиња. Со нашиот начин на живот докажуваме дека искрено го сакаме Јехова и дека сме му верни, без разлика каков притисок врши Сатана врз нас. На овој начин, ние имаме можност да придонесеме да се посвети Јеховиното име.

12. Како се исполнило пророштвото од Исаија 40:3, 5?

12 Кога го браниме Јеховиното име, односно углед, ние го следиме примерот на Исус Христос. Исаија прорекол и дека некој ќе му го расчисти, односно ќе му го подготви патот на Јехова (Иса. 40:3). Како се исполнило тоа? Јован Крстител го подготвил патот за Исус, кој всушност дошол и зборувал во Јеховино име (Мат. 3:3; Мар. 1:2-4; Лука 3:3-6). Во истото пророштво пишува: „Ќе се открие Јеховината слава“ (Иса. 40:5). Како се исполнило тоа? Кога дошол на Земјата, Исус на совршен начин ја одразил личноста на Јехова и тоа било исто како самиот Јехова да дошол на Земјата (Јован 12:45).

13. Како можеме да го следиме примерот на Исус?

13 Исто како Исус, ние сме сведоци на Јехова. Ние го носиме Јеховиното име и на сите им кажуваме за неговите прекрасни дела. Но, за да дадеме добро сведоштво за Јехова, ние мора, исто така, да им кажеме на луѓето што сѐ направил Исус за да го посвети Јеховиното име (Дела 1:8). Ние го следиме примерот на Исус бидејќи никој не сведочел подобро од него за Јехова (Отк. 1:5). Но, на кои други начини покажуваме дека Јеховиното име е скапоцено за нас?

ЈЕХОВИНОТО ИМЕ Е СКАПОЦЕНО ЗА НАС

14. Според Псалм 105:3, како се чувствуваме поради Јеховиното име?

14 Ние се гордееме со Јеховиното име. (Прочитај Псалм 105:3.) Јехова многу се радува кога се фалиме со неговото име (Ерем. 9:23, 24; 1. Кор. 1:31; 2. Кор. 10:17). „Да се фалиме со Јехова“ значи да се гордееме со тоа што Јехова е нашиот Бог. За нас е чест да им кажуваме на другите дека Јехова е свет и дека сите негови постапки се праведни. Никогаш не треба да се срамиме да им кажеме на нашите колеги, соученици, соседи и на другите луѓе дека сме Јеховини сведоци! Ѓаволот сака да престанеме да им кажуваме на другите за Јеховиното име (Ерем. 11:21; Отк. 12:17). Всушност, Сатана и неговите лажни пророци сакаат луѓето да го заборават името Јехова (Ерем. 23:26, 27). Но, поради љубовта што ја чувствуваме кон Јеховиното име, ние сакаме да го славиме во секоја прилика (Пс. 5:11; 89:16).

15. Што значи да се повикува Јеховиното име?

15 Ние го повикуваме Јеховиното име (Јоил 2:32; Рим. 10:13, 14). Да се повикува Јеховиното име значи повеќе отколку само да го знаеме и да го користиме тоа име. Ние го познаваме Бог како личност, имаме доверба во него и бараме помош и водство од него (Пс. 20:7; 99:6; 116:4; 145:18). Исто така, им кажуваме на другите за неговото име и за неговите особини, и ги поттикнуваме да се покаат и да преземат чекори за да го стекнат Јеховиното одобрување (Иса. 12:4; Дела 2:21, 38).

16. Како можеме да докажеме дека Сатана е лажливец?

16 Ние сме спремни да страдаме за Јеховиното име (Јак. 5:10, 11). Со тоа што му остануваме верни на Јехова, дури и кога страдаме поради тоа, ние докажуваме дека Сатана е лажливец. Во времето на Јов, Сатана го кажал следното обвинение за оние што му служат на Јехова: „Човекот ќе даде сѐ што има за својата душа“ (Јов 2:4). Сатана тврдел дека луѓето ќе му служат на Јехова само кога сѐ ќе им оди добро во животот и дека ќе се откажат од Јехова кога ќе се соочат со тешкотии. Верниот Јов докажал дека тоа обвинение е лага. И ние имаме чест да докажеме дека, без разлика што ќе направи Сатана за да нѐ обесхрабри, никогаш нема да престанеме да му служиме на Јехова. Можеме да бидеме потполно уверени дека Јехова ќе продолжи да нѐ штити заради своето име (Јован 17:11).

17. Според 1. Петрово 2:12, на кој друг начин можеме да му носиме слава на Јеховиното име?

17 Ние покажуваме почит кон Јеховиното име (Изр. 30:9; Ерем. 7:8-11). Бидејќи го претставуваме Јехова и го носиме неговото име, ние можеме или да му донесеме слава или да му нанесеме срам. (Прочитај 1. Петрово 2:12.) Затоа, сакаме да правиме сѐ што можеме за да го славиме Јехова со нашите зборови и постапки. На тој начин, иако сме несовршени, ќе му носиме слава на неговото име.

18. На кој друг начин можеме да докажеме дека ни е важно Јеховиното име? (Види ја и фуснотата.)

18 Нам ни е поважно Јеховиното име од нашиот углед (Пс. 138:2). Зошто ова е толку важно? Бидејќи кога правиме работи што му се допаѓаат на Јехова, тоа честопати не им се допаѓа на луѓето околу нас и затоа зборуваат лошо за нас.a За да го прослави Јеховиното име, Исус бил спремен да умре на срамен начин како злосторник. Тој не мислел на срамот, односно не бил премногу загрижен или вознемирен за тоа што ќе мислат другите за него (Евр. 12:2-4). Нему му било најважно да ја врши Божјата волја (Мат. 26:39).

19. Како се чувствуваш поради Јеховиното име, и зошто?

19 Ние се гордееме со Јеховиното име и сметаме дека е чест да бидеме наречени Јеховини сведоци. Поради тоа, спремни сме да се соочиме со каков и да било презир. Јеховиното име ни е многу поважно од нашиот сопствен углед. Затоа, да бидеме решени да продолжиме да го славиме Јеховиното име без разлика што ќе направи Сатана за да нѐ спречи во тоа. На тој начин, ќе докажеме дека Јеховиното име е најважно за нас исто како што било и за Исус Христос.

КАКО БИ ОДГОВОРИЛ?

  • Што покажува дека Јеховиното име им е важно на следбениците на Исус?

  • Во каков симболичен судски случај сме вклучени ние денес?

  • Како можеме да докажеме дека ни е важно Јеховиното име?

ПЕСНА 10 Славен е Јехова Бог

a Дури и верниот Божји слуга Јов почнал премногу да мисли на тоа како другите гледаат на него кога тројца пријатели му рекле дека веројатно направил нешто погрешно. На почетокот, кога неговите деца загинале и кога изгубил сѐ што поседувал, Јов не згрешил и не рекол ништо лошо за Бог (Јов 1:22; 2:10). Но подоцна, кога бил обвинет дека направил нешто погрешно, тој почнал да се брани и да зборува непромислено. Поважно му било да го зачува сопствениот углед, отколку да го посвети Божјето име (Јов 6:3; 13:4, 5; 32:2; 34:5).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели