ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w25 Август стр. 2-7
  • Како Јехова ни помага да истраеме

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како Јехова ни помага да истраеме
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2025
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • МОЛИТВАТА
  • БОЖЈАТА РЕЧ
  • БРАЌАТА И СЕСТРИТЕ
  • НАШАТА НАДЕЖ
  • Имај на ум дека Јехова е „живиот Бог“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
  • Скромно прифати дека има работи кои не ги знаеш
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2025
  • Писмо кое може да ни помогне верно да истраеме до крајот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
  • Јехова „ги лекува оние со скршено срце“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2025
w25 Август стр. 2-7

СТАТИЈА ЗА ПРОУЧУВАЊЕ 32

ПЕСНА 38 Тој ќе те зајакне

Како Јехова ни помага да истраеме

Богот на сета незаслужена доброта... ќе ве зацврсти, ќе ве зајакне (1. ПЕТ. 5:10)

ЦЕЛ НА СТАТИЈАТА

Јехова ни обезбедил некои работи кои ќе ни помогнат да истраеме. Во оваа статија ќе видиме што можеме ние да направиме за да ја добиеме таа помош.

1. Зошто ни е потребна сила за да истраеме, и каде може да најдеме помош? (1. Пет. 5:10).

ВО ОВИЕ тешки последни денови, на Јеховините слуги им е потребна сила за да истраат. Некои се борат со хронична болест. На други им починал некој близок. Трети, пак, се соочуваат со противење, било од страна на семејството било од страна на властите (Мат. 10:18, 36, 37). Биди уверен дека, низ што и да минуваш, Јехова може да ти помогне да истраеш. (Прочитај 1. Петрово 5:10.)

2. Од каде наоѓаме сила за да истраеме?

2 Да истраеме значи да му останеме верни на Јехова и да задржиме цврста надеж и покрај пречките, прогонството, испитите или искушенијата. Но, тоа не можеме да го постигнеме само со сопствени сили. За да истраеме, потребна ни е помош од Јехова кој ни дава „сила која ја надминува нормалната“ (2. Кор. 4:7). Во оваа статија ќе разгледаме четири начини на кои Јехова ни помага да истраеме. А ќе видиме и што треба ние да правиме за да ја добиеме таа помош.

МОЛИТВАТА

3. Зошто може да кажеме дека молитвата е неверојатен дар?

3 Јехова ни дал еден неверојатен дар кој ни помага да истраеме. Ни овозможил да комуницираме со него иако сме грешни (Евр. 4:16). Да помислиме само на ова: можеме да му се молиме на Јехова за сѐ и во секое време. Тој може да нѐ чуе на секој јазик, каде и да сме, дури и ако сме изолирани или во затвор (Јона 2:1, 2; Дела 16:25, 26). Ако сме толку вознемирени што не можеме ни да си ги искажеме мислите, Јехова ќе нѐ разбере и ќе знае што сакаме да му кажеме (Рим. 8:26, 27). Да, молитвата е навистина неверојатен дар!

4. Зошто можеме да кажеме дека е во склад со Јеховината волја да го молиме да ни помогне да истраеме?

4 Во својата Реч, Јехова нѐ уверува дека, „што и да бараме во склад со неговата волја, тој нѐ слуша“ (1. Јов. 5:14). Во ред ли е да го молиме Јехова да ни помогне да истраеме? Да! Тоа е во склад со неговата волја. Зошто го велиме ова? Кога истрајуваме и покрај испитите, му даваме основа на Јехова да му одговори на оној кој му се подбива, Сатана Ѓаволот (Изр. 27:11). Освен тоа, Библијата вели дека Јехова сака „да ја покаже својата сила штитејќи ги оние што му се оддадени со цело срце“ (2. Лет. 16:9). Затоа, можеме да бидеме сигурни дека Јехова има и моќ и желба да ни помогне да истраеме (Иса. 30:18; 41:10; Лука 11:13).

5. Како молитвата ни помага да имаме внатрешен мир? (Исаија 26:3).

5 Библијата вели дека кога во молитва отворено му кажуваме на Јехова што нѐ мачи, „мирот Божји, кој ја надминува секоја мисла, ќе ги чува [нашите] срца и [нашиот] ум“ (Фил. 4:7). Да размислиме што значи тоа. Луѓето кои не му служат на Јехова имаат проблеми и можеби на разни начини се обидуваат да најдат внатрешен мир. На пример, некои пробуваат преку медитација да ги тргнат сите мисли од главата, вклучувајќи ги и оние мисли што ги вознемируваат. Но, ако го испразниме умот од сите мисли, им оставаме простор на демоните да ни внесат свои мисли. (Спореди со Матеј 12:43-45.) Освен тоа, мирот што некој може да го постигне со таква медитација ни оддалеку не може да се спореди со мирот што го добиваме од Јехова. Кога му се молиме на Јехова, покажуваме дека потполно се потпираме на него, и тој ни дава „траен мир“. (Прочитај Исаија 26:3.) Еден начин на кој Јехова го прави тоа е така што ни помага да се сетиме на охрабрувачки стихови од неговата Реч. Таквите стихови ни влеваат спокој, зашто нѐ уверуваат колку многу се грижи Јехова за нас и колку сака да ни помогне (Пс. 62:1, 2).

6. Што можеш да вклучиш во твоите молитви? (Види ја и сликата.)

6 Што можеш да правиш ти. Кога минуваш низ некој испит на твојата вера, „фрли го своето бреме на Јехова“ и моли го да ти го даде својот мир (Пс. 55:22). Моли го да ти дава и мудрост за да знаеш што да правиш во твојата ситуација (Изр. 2:10, 11). Но, освен што ќе го молиш да ти помогне да истраеш, не заборавај во молитва да му ја искажеш и својата благодарност (Фил. 4:6). Обрни внимание на кои начини ти помага да истраеш секој ден и заблагодари му се за сѐ што прави за тебе. Не дозволувај поради тешкотиите да не ги видиш убавите работи што Јехова веќе ги прави за тебе (Пс. 16:5, 6).

Еден постар брат си седи дома и се моли, а низ прозорецот се гледа дека е зима. Во скутот има отворена Библија, а на масичката до него има шишенце со лекови.

Кога се молиш, ти му зборуваш на Јехова. Кога ја читаш Библијата, Јехова ти зборува тебе (види во пасус 6)b


БОЖЈАТА РЕЧ

7. Како тоа што ја проучуваме Библијата ни помага да истраеме?

7 Јехова ни ја дал својата Реч за да ни помогне да истраеме. Во Библијата има многу стихови кои нѐ уверуваат дека Јехова е тука за нас. Да разгледаме само еден таков стих. Во Матеј 6:8 пишува: „Вашиот Татко, знае што ви треба уште пред да го замолите“. Овие зборови ги кажал Исус, а тој го познава Јехова подобро од кој и да било друг. Затоа, можеме да бидеме апсолутно сигурни дека, кога страдаме, Јехова знае што ни е потребно и ни помага. Библијата содржи и многу други слични мисли кои можат да ни ја зајакнат решеноста да истраеме (Пс. 94:19).

8. а) Наведи библиско начело кое може да ни помогне да истраеме. б) Што ќе ни помогне да се сетиме на библиските начела кога ни се потребни?

8 Библиските начела можат да ни помогнат да истраеме. Во нив е содржана мудрост која може да ни помогне да носиме добри одлуки (Изр. 2:6, 7). На пример, Библијата нѐ поттикнува да се концентрираме на денешниот ден и да не бидеме непотребно преокупирани со тоа што можеби ќе донесе и што можеби нема да донесе утрешниот ден (Мат. 6:34). Ако имаме навика да ја читаме Библијата и да размислуваме за она што го читаме, поголема е веројатноста да се сетиме на начелата кои ни се потребни, тогаш кога ни се потребни.

9. Како примерот на верните слуги на Јехова од минатото уште повеќе ни ја зајакнува довербата дека тој ќе ни помага?

9 Во Библијата читаме и за вистински луѓе, луѓе како нас, кои имале доверба во Јехова и на кои тој им помагал (Евр. 11:32-34; Јак. 5:17). Кога размислуваме за нив, уште повеќе се уверуваме дека Јехова „ни е прибежиште и сила, помош која лесно се наоѓа во неволја“ (Пс. 46:1). Примерот на верните слуги на Јехова од минатото нѐ поттикнува да се угледаме на нивната вера и на нивната истрајност (Јак. 5:10, 11).

10. Што можеш да правиш за да извлечеш најголема корист од Божјата Реч?

10 Што можеш да правиш ти. Читај ја Библијата секој ден и направи си список со стихови кои тебе лично многу ти помагаат. За мнозина, одличен начин да го започнат денот и да најдат охрабрувачки мисли од Библијата е дневниот стих. Дневниот стих многу ѝ помогнал и на Мериa кога и двајцата нејзини родители се разболеле од рак. Што ѝ помогнало да истрае додека се грижела за нив во последните месеци од нивниот живот? Таа вели: „Секое утро си го читав стихот од брошурката Секојдневно истражување на Писмото и размислував за него. Таа навика ми помогна да си го полнам умот со библиски мисли, а тоа, пак, ми помогна да се концентрирам на поважните работи, а не на себе и на тешката ситуација во која бев“ (Пс. 61:2).

БРАЌАТА И СЕСТРИТЕ

11. Зошто е утешно тоа што знаеме дека не сме единствените што страдаат?

11 Друг начин на кој Јехова ни помага да истраеме е преку нашите браќа и сестри. Утешна е помислата дека „истите страдања ги поднесуваат и [нашите] браќа“, што покажува дека не сме единствените кои страдаат (1. Пет. 5:9). Тоа нѐ уверува дека, со што и да се соочиме, и други се соочиле со нешто слично, а сепак истрајале. Тоа значи дека и ние можеме да истраеме! (Дела 14:22).

12. Како можат да ни помогнат браќата и сестрите, и како можеме ние да им помогнеме ним? (2. Коринќаните 1:3, 4).

12 Нашите браќа и сестри можат да нѐ охрабрат и да ни помогнат да истраеме без разлика низ што минуваме. И апостол Павле го почувствувал тоа. Во своите писма, тој честопати им искажувал благодарност на оние кои му помагале додека бил во куќен притвор, спомнувајќи ги по име. Тие го тешеле, го храбреле и му помагале на практични начини (Фил. 2:25, 29, 30; Кол. 4:10, 11). И ние денес можеме да доживееме нешто слично. Кога ни е потребна помош да истраеме, нашите браќа и сестри се тука за нас. А кога ним им е потребна поддршка, ние сме тука за нив. (Прочитај 2. Коринќаните 1:3, 4.)

13. Што ѝ помогнало на Маја да истрае?

13 Браќата и сестрите многу ѝ помогнале на Маја, една сестра од Русија. Во 2020 год., во нејзиниот дом бил извршен претрес, а подоцна била изведена пред суд затоа што ја споделувала својата вера со другите. Маја вели: „Во период кога бев емоционално исцрпена, браќата и сестрите ми се јавуваа, ми пишуваа, ми кажуваа колку ме сакаат. Отсекогаш знаев дека имам големо семејство што ме сака, но во 2020 год., уште повеќе се уверив во тоа“.

14. Што можеме да правиме за да добиеме помош од браќата и сестрите? (Види ја и сликата.)

14 Што можеш да правиш ти. Остани близок со твоите браќа и сестри. Не се срами да побараш помош од старешините. Тие се за нас „како засолниште од ветар и како прибежиште од бура“ (Иса. 32:2). И не заборавај дека и браќата и сестрите се борат со свои проблеми. Тоа што ќе му се најдеш некому кому му е потребна помош, ќе ти помогне да задржиш урамнотежено гледиште и да останеш позитивен кога и самиот минуваш низ некои тешкотии (Дела 20:35).

Истиот постар брат од претходната слика си седи дома и си разговара со еден брачен пар и нивните две ќеркички. Низ прозорецот се гледа дека е пролет. Покрај постариот брат има бастун и неколку шишенца со лекови. Едно од девојчињата му го покажува рајот што го нацртало.

Остани близок со твоите браќа и сестри (види во пасус 14)c


НАШАТА НАДЕЖ

15. Како надежта му помогнала на Исус, и како ни помага нам? (Евреите 12:2).

15 Јехова ни дал сигурна надеж која ни помага да истраеме (Рим. 15:13). Да се потсетиме како надежта му помогнала на Исус да издржи во најтешкиот ден од неговиот живот на Земјата. (Прочитај Евреите 12:2.) Исус знаел дека со тоа што ќе остане верен ќе помогне да се одбрани Јеховиното име. Исто така, тој со надеж го чекал времето кога повторно ќе се врати на небото, каде што ќе биде со својот Татко и каде што заедно со своите браќа ќе владее со небесното Царство. Слично на тоа, и нам надежта да живееме вечно во Божјиот нов свет ни помага да истраеме и покрај сите тешкотии што можеби ќе ги доживееме во овој свет на Сатана.

16. Како надежта ѝ помогнала на една сестра да истрае, и што учиш од нејзините зборови?

16 Како надежта за живот во новиот свет ѝ помогнала на една сестра од Русија по име Ала, чиј сопруг бил уапсен и ставен во притвор? Кога се случило сето тоа, Ала рекла: „Кога се молам и размислувам за надежта за иднината што ја имаме, тоа ми помага да не паднам во очај. Знам дека има светло на крајот од тунелот. Јехова ќе извојува победа и ќе нѐ награди“.

17. Како ќе покажеме дека сме благодарни за надежта што ни ја дава Јехова? (Види ја и сликата.)

17 Што можеш да правиш ти. Одвој си време да размислуваш за прекрасната иднина што ни ја ветува Јехова. Замисли се себеси во Божјиот нов свет и помисли какви сѐ благослови ќе имаме. И така, со каква неволја и да се соочуваме, ќе бидеме свесни дека таа е само „моментална и лесна“ (2. Кор. 4:17). Исто така, прави сѐ што можеш за да им ги пренесеш своите верувања и на другите. Ним им е многу потешко да се носат со проблемите во овој свет затоа што не ја знаат вистината, не ги знаат Божјите ветувања за иднината. Со само неколку убави мисли можеби ќе ги заинтересираш за надежта што ја имаме.

Постариот брат си седи дома и размислува за сликата од рајот што е прикажана на неговиот таблет. Низ прозорецот се гледа дека е есен. Покрај братот има одалка и неколку шишенца со лекови.

Одвој си време да размислуваш за прекрасната иднина што ни ја ветува Јехова (види во пасус 17)d


18. Зошто можеме да имаме доверба во Јеховините ветувања?

18 Јов верно истрајал во многу тешки испити, затоа можел да му каже на Јехова: „Знам дека ти можеш сѐ и дека нема замисла неостварлива за тебе“ (Јов 42:2). Јов сфатил дека ништо не може да го спречи Јехова да ја исполни својата намера. Тој факт може да ни даде и нам денес сила да истраеме. Да го илустрираме ова со еден пример. Една жена е болна и е разочарана затоа што била кај многу лекари и ниту еден не успеал да ја излекува. Но, кога еден добар и искусен лекар открива што е проблемот и ѝ објаснува како ќе ја лекува, таа чувствува олеснување, иако ќе треба да помине време за да биде излекувана. Надежта дека ја чека подобро утре, надежта дека ќе оздрави ѝ помага да истрае. Слично на тоа, и нам надежта дека ќе живееме во рај ни помага да истраеме.

19. Што ни е потребно за да истраеме?

19 Како што видовме, Јехова ни помага да истраеме во нашите испити преку молитвата, преку својата Реч, преку браќата и сестрите и преку нашата надеж. Ако ја прифатиме оваа помош, Јехова ќе биде со нас, без разлика со што ќе се соочиме, сѐ додека сите страдања во овој свет на Сатана не бидат само минато (Фил. 4:13).

КАКО ЈЕХОВА НИ ПОМАГА ДА ИСТРАЕМЕ ПРЕКУ...

  • молитвата и неговата Реч?

  • нашите браќа и сестри?

  • нашата надеж?

ПЕСНА 33 Фрли му ги грижите на Јехова!

a Некои имиња во оваа статија се сменети.

b ОПИС НА СЛИКАТА: Годишните времиња се менуваат, но еден постар брат верно истрајува.

c ОПИС НА СЛИКАТА: Годишните времиња се менуваат, но еден постар брат верно истрајува.

d ОПИС НА СЛИКАТА: Годишните времиња се менуваат, но еден постар брат верно истрајува.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели