ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwyp статија 124
  • Како да ги подобрам моите комуникациски вештини?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да ги подобрам моите комуникациски вештини?
  • Младите прашуваат
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Зошто да разговараш лице в лице?
  • Како да почнеш разговор
  • Како да ги подобриш вештините за разговор
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Стани повешт во службата — Започни разговор со цел да сведочиш неформално
    Нашата служба за Царството 2014
  • Разговарањето е уметност
    Разбудете се! 1995
  • Искрен интерес
    Сакај ги луѓето — поучувај ги за Бог
Повеќе
Младите прашуваат
ijwyp статија 124
Еден тинејџер разговара со неколку соученици за време на училишниот одмор.

МЛАДИТЕ ПРАШУВААТ

Како да ги подобрам моите комуникациски вештини?

Во оваа статија

  • Зошто да разговараш лице в лице?

  • Како да почнеш разговор

  • Што велат други млади

Зошто да разговараш лице в лице?

Некои велат дека е тешко и стресно да водиш разговор лице в лице со некого, особено во споредба со праќањето пораки.

„Притисокот е поголем кога зборуваш со некого лице в лице зашто она што ќе го кажеш не можеш да го едитираш или да го избришеш“ (Ана).

„Праќањето пораки е како снимка од некоја емисија, а разговорот лице в лице ти е како емисија во живо. Додека зборувам, низ главата само ми се врти: ’Пази што ќе кажеш, пази што ќе кажеш!‘“ (Џин).

Но, кога-тогаш ќе треба да научиш како да зборуваш лице в лице. На пример, тоа може да ти помогне ако сакаш да стекнеш нови пријатели, ако сакаш да најдеш работа и да ја задржиш или ако сакаш да почнеш романтична врска кога ќе бидеш спремен за тоа.

Но, нема потреба да се плашиш да зборуваш со другите лице в лице. Можеш да го научиш тоа — дури и ако си срамежлив.

Сијалица.

Предлог: Не мисли многу на тоа дали ќе згрешиш или не. Да научиш комуникациски вештини е како да научиш да возиш велосипед. Можеби неколкупати „ќе паднеш“, но со вежбање ќе се подобриш — и на крајот ќе уживаш во разговорите!

„Неизбежно е понекогаш да кажеш нешто што не треба и да ти дојде да пропаднеш в земја. Но немој да се сфаќаш себеси премногу сериозно“ (Нил).

Како да почнеш разговор

  • Поставувај прашања. Размисли што би можело да ги интересира луѓето и потоа искористи го тоа за да започнеш разговор. На пример:

    „Беше некаде летово?“

    „Оваа веб-страница е баш кул. Си ја разгледал некогаш?“

    „Слушна за...?“

    Би можел да искористиш и нешто поконкретно, нешто што ти е заедничко со оној со кого разговараш. На пример, ако одите во исто училиште или сте колеги, искористи го тоа во прашањата.

    Двајца тинејџери разговараат додека јадат. Во едно облаче над нив е прикажана фудбалска топка.

    „Размисли за прашања што тебе те интересираат и за кои би сакал да го чуеш мислењето на другите“ (Марица).

    Сијалица.

    Предлог: Прашањата како оние што беа спомнати погоре може одлично да послужат за да започнеш разговор. Но, кога е можно, користи прашања на кои не може да се одговори само со „да“ или „не“. На пример, веројатно ќе добиеш подобар одговор на прашањето „Кој ти беше најинтересниот дел од филмот?“ отколку на прашањето „Ти се допадна ли филмот?“

    Внимавај: Немој да звучиш како инспектор поставувајќи прашање по прашање. Исто така, не навлегувај во премногу лични работи. Прашањата како „Од што ти е страв најмногу?“ или „Зошто секогаш носиш сино?“ може да звучат така. А второто прашање може да звучи дури и како критика!

    Нема да звучиш како инспектор и ако, пред или откако ќе ти одговори другиот, си го кажеш своето мислење во врска со темата. Со други зборови, тоа нека биде разговор, а не интервју.

    Еден тинејџер во полициска униформа е намрштен и запишува нешто на еден лист. Пред него има едно момче кое изгледа уплашено и стаписано, а во лицето му блешти силна светлина.

    Дали со твоите прашања звучиш како инспектор?

    Библиско начело: „Размислувањата во човековото срце се како длабока вода, а разборитиот човек знае како да ги исцрпи“ (Изреки 20:5).

  • Слушај. Дали ќе го продолжиш разговорот повеќе ќе зависи од тоа дали те бива да слушаш отколку од тоа дали те бива да зборуваш.

    „Цел ми е да дознаам макар една нова информација за оној со кого зборувам. Потоа, се трудам да запамтам што ми кажал за да можам следниот пат да му поставам прашање во врска со тоа“ (Тамара).

    Сијалица.

    Предлог: Ако дојде до пауза во разговорот, не паничи. Помисли на тоа каде си. Дали си на училиште? На работа? На некој настан? Тоа може да ти даде идеја за што да зборуваш. На пример, ако зборуваш со колега, би можел да го прашаш: „Колку време ти треба за до работа?“

    Внимавај: Не се секирај што ќе кажеш следно. Ако внимателно слушаш, ќе можеш да се надоврзеш на она што другиот го кажува.

    Библиско начело: „Секој човек треба да биде брз на слушање, а бавен на зборување“ (Јаков 1:19).

  • Покажи дека вистински се интересираш за другиот. Многу повеќе ќе уживаш во разговорот ако вистински се интересираш за оној со кого зборуваш.

    Две тинејџерки седат надвор на една клупа и гледаат една во друга. Едната од нив слуша внимателно додека другата зборува.

    „Кога на другиот ќе му дадеш до знаење дека вистински се интересираш за она што го кажува, разговорот ќе биде попријатен, дури и ако има по некоја чудна паузичка“ (Мари).

    Сијалица.

    Предлог: Искрено пофали го другиот, а потоа постави му некое прашање. На пример: „Многу ти е убав капутот. Од кај ти е?“

    Внимание: Не навлегувај во премногу лични работи. Со еден комплимент како „Многу ти е убав капутот. Колку пари го купи?“ може да претераш!

    Библиско начело: „Не грижете се само за себе туку и за другите“ (Филипјаните 2:4).

Како би можел да завршиш еден разговор? „Труди се да завршиш со нешто позитивно“, вели еден млад човек по име Џордан. „На пример, ако кажеш ’Многу убав муабет си направивме‘ или ’Ти посакувам убав ден‘, ќе си подготвиш терен за убаво да си позборувате и следниот пат кога ќе се видите.“

Што велат други млади

  • Бетел.

    „Да научиш да комуницираш со другите е како да учиш нов јазик. Отпрвин е тешко, но со труд и со вежбање може да се подобриш“ (Бетел).

  • Ајзак.

    „Додека другиот зборува, слушај внимателно. Гледај го во очи. Кимни со главата кога е соодветно. Насмеј се. На луѓето им значи да видат дека ги слушаш“ (Ајзак).

  • Кејт.

    „Порано воопшто не се чувствував пријатно кога зборував со некого. Понекогаш, сѐ уште се чувствувам така. Но, ми помага кога вистински се интересирам за она што го кажува другиот наместо да се концентрирам на моите чувства“ (Кејт).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели