ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
Добредојде.
Онлајн библиотека за пребарување во изданијата на Јеховините сведоци на различни јазици.
Ако сакаш да преземеш некоја публикација, оди на jw.org.
  • Денес

Понеделник, 13 октомври

Јехова го гледа она што е во срцето (1. Сам. 16:7)

Ако понекогаш се бориме со чувство на безвредност, добро е да се сетиме дека самиот Јехова нѐ привлекол кон себе (Јован 6:44). Тој ги гледа убавите работи кај нас кои можеби ние самите не ги гледаме, и знае што навистина имаме во срцето (2. Лет. 6:30). Затоа, можеме да му веруваме кога тој вели дека сме скапоцени (1. Јов. 3:19, 20). Пред да ја дознаат вистината, некои од нас правеле работи поради кои можеби сѐ уште чувствуваат вина (1. Пет. 4:3). Дури и верните христијани се борат со грешни склоности. Како е со тебе? Дали твоето срце те осудува поради нешто? Ако да, може да те утеши фактот дека и други верни слуги на Јехова се бореле со слични чувства. На пример, апостол Павле се чувствувал бедно кога размислувал за своите слабости (Рим. 7:24). Се разбира, Павле се покајал за своите гревови и се крстил. Сепак, за себе рекол дека е „најмал од апостолите“ и дека е најголемиот грешник (1. Кор. 15:9; 1. Тим. 1:15; w24.03 27, пас. 5-6).

Секојдневно истражување на Писмото — 2025

Вторник, 14 октомври

Го оставија домот на Јехова (2. Лет. 24:18)

Која е една поука што можеме да ја извлечеме од лошата одлука на цар Јоас? Треба да си избираме пријатели кои добро ќе влијаат врз нас — пријатели кои го сакаат Јехова и имаат желба да го радуваат. Нашиот круг на пријатели не треба да го ограничиме само на оние кои се на наша возраст. Јоас бил многу помлад од својот пријател Јодај. Кога станува збор за твоите пријатели, прашај се: „Дали ми помагаат да си ја зајакнам верата во Јехова? Дали ме поттикнуваат да живеам според Божјите мерила? Дали зборуваат за Јехова и за она што го учат од Библијата? Дали ги почитуваат Божјите мерила? Дали ми го кажуваат само она што сакам да го чујам или имаат храброст да ме исправат кога тоа е потребно?“ (Изр. 27:5, 6, 17). Отворено кажано, ако твоите пријатели не го сакаат Јехова, тогаш тие не ти се потребни. Но, ако твоите пријатели го сакаат Јехова, остани близок со нив бидејќи тие добро ќе влијаат врз тебе (Изр. 13:20; w23.09 9, пас. 6-7).

Секојдневно истражување на Писмото — 2025

Среда, 15 октомври

Јас сум алфа и омега (Отк. 1:8)

Алфа е првата буква од грчката азбука, а омега е последната. Со тоа што за себе кажал дека е „алфа и омега“, Јехова ни помага да сфатиме дека, кога тој ќе започне нешто, сигурно ќе го доврши. Откако ги создал Адам и Ева, Јехова им кажал: „Плодете се и множете се, наполнете ја земјата и потчинете ја“ (1. Мој. 1:28). Во тој момент, Јехова всушност кажал „алфа“. Тој јасно ја кажал својата намера: Ќе дојде време кога совршените, послушни потомци на Адам и на Ева ќе ја наполнат Земјата и ќе ја претворат во рај. Кога ќе дојде тоа време во иднина, Јехова всушност ќе рече „омега“. Откако завршил со создавањето на „небото и земјата и сѐ што е на нив“, Јехова кажал нешто што служи како гаранција. Тој ветил дека ќе ја исполни својата намера за Земјата и за човештвото. Таа потполно ќе се оствари на крајот од седмиот ден (1. Мој. 2:1-3; w23.11 5, пас. 13-14).

Секојдневно истражување на Писмото — 2025
Добредојде.
Онлајн библиотека за пребарување во изданијата на Јеховините сведоци на различни јазици.
Ако сакаш да преземеш некоја публикација, оди на jw.org.
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели