ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
Добредојде.
Онлајн библиотека за пребарување во изданијата на Јеховините сведоци на различни јазици.
Ако сакаш да преземеш некоја публикација, оди на jw.org.
  • Денес

Вторник, 14 октомври

Го оставија домот на Јехова (2. Лет. 24:18)

Која е една поука што можеме да ја извлечеме од лошата одлука на цар Јоас? Треба да си избираме пријатели кои добро ќе влијаат врз нас — пријатели кои го сакаат Јехова и имаат желба да го радуваат. Нашиот круг на пријатели не треба да го ограничиме само на оние кои се на наша возраст. Јоас бил многу помлад од својот пријател Јодај. Кога станува збор за твоите пријатели, прашај се: „Дали ми помагаат да си ја зајакнам верата во Јехова? Дали ме поттикнуваат да живеам според Божјите мерила? Дали зборуваат за Јехова и за она што го учат од Библијата? Дали ги почитуваат Божјите мерила? Дали ми го кажуваат само она што сакам да го чујам или имаат храброст да ме исправат кога тоа е потребно?“ (Изр. 27:5, 6, 17). Отворено кажано, ако твоите пријатели не го сакаат Јехова, тогаш тие не ти се потребни. Но, ако твоите пријатели го сакаат Јехова, остани близок со нив бидејќи тие добро ќе влијаат врз тебе (Изр. 13:20; w23.09 9, пас. 6-7).

Секојдневно истражување на Писмото — 2025

Среда, 15 октомври

Јас сум алфа и омега (Отк. 1:8)

Алфа е првата буква од грчката азбука, а омега е последната. Со тоа што за себе кажал дека е „алфа и омега“, Јехова ни помага да сфатиме дека, кога тој ќе започне нешто, сигурно ќе го доврши. Откако ги создал Адам и Ева, Јехова им кажал: „Плодете се и множете се, наполнете ја земјата и потчинете ја“ (1. Мој. 1:28). Во тој момент, Јехова всушност кажал „алфа“. Тој јасно ја кажал својата намера: Ќе дојде време кога совршените, послушни потомци на Адам и на Ева ќе ја наполнат Земјата и ќе ја претворат во рај. Кога ќе дојде тоа време во иднина, Јехова всушност ќе рече „омега“. Откако завршил со создавањето на „небото и земјата и сѐ што е на нив“, Јехова кажал нешто што служи како гаранција. Тој ветил дека ќе ја исполни својата намера за Земјата и за човештвото. Таа потполно ќе се оствари на крајот од седмиот ден (1. Мој. 2:1-3; w23.11 5, пас. 13-14).

Секојдневно истражување на Писмото — 2025

Четврток, 16 октомври

Расчистете му го патот на Јехова! Израмнете му ја низ пустината патеката на нашиот Бог! (Иса. 40:3)

Дословното патување од Вавилон до Израел било тешко и можело да трае околу четири месеци. Но, Јехова ветил дека ќе ја отстрани секоја препрека што би можела да ги спречи да се вратат во Ерусалим. Верните Евреи знаеле дека благословите што ќе ги добијат доколку се вратат во Израел ќе бидат многу поголеми од која и да било жртва што ќе требало да ја направат. Најголемиот благослов бил поврзан со обожавањето на Јехова. Во Вавилон немало ниту еден храм на Јехова. Немало олтар каде што Израелците би можеле да ги принесуваат жртвите кои биле пропишани со Мојсеевиот закон и немало организирано свештенство за да ги принесува тие жртви. Освен тоа, Јеховините слуги биле многу помалку на број во однос на луѓето кои обожавале лажни богови и воопшто не го почитувале Јехова и неговите мерила. Затоа, илјадници Евреи кои го сакале Јехова едвај чекале да се вратат во својата земја за да можат повторно да го обожаваат Бог на исправен начин (w23.05 14-15, пас. 3-4).

Секојдневно истражување на Писмото — 2025
Добредојде.
Онлајн библиотека за пребарување во изданијата на Јеховините сведоци на различни јазици.
Ако сакаш да преземеш некоја публикација, оди на jw.org.
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели