ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
Добредојде.
Онлајн библиотека за пребарување во изданијата на Јеховините сведоци на различни јазици.
Ако сакаш да преземеш некоја публикација, оди на jw.org.
Известување
Нов јазик на кој е достапна библиотеката: Betsileo
  • Денес

Петок, 17 октомври

Живејте како деца на светлината (Еф. 5:8)

Потребна ни е помошта од Божјиот свет дух за да продолжиме да се однесуваме „како деца на светлината“. Зошто? Затоа што воопшто не е лесно да останеме чисти во овој неморален свет (1. Сол. 4:3-5, 7, 8). Светиот дух може да ни помогне да се бориме против размислувањето на луѓето од овој свет, вклучувајќи ги и нивните филозофии и гледишта кои не се во склад со Божјиот начин на размислување. Исто така, светиот дух може да ни помогне да покажуваме „секаква доброта и праведност“ (Еф. 5:9). Еден начин на кој можеме да го добиеме светиот дух е така што ќе се молиме за тоа. Исус рекол дека Јехова „ќе им даде свет дух на оние што го молат за тоа“ (Лука 11:13). Свет дух добиваме и кога заедно со нашите браќа и сестри го фалиме Јехова на собраниските состаноци (Еф. 5:19, 20). Доброто влијание што Божјиот свет дух го има врз нас ќе ни помогне да живееме на начин кој му се допаѓа на Бог (w24.03 23-24, пас. 13-15).

Секојдневно истражување на Писмото — 2025

Сабота, 18 октомври

Молете, и ќе ви се даде! Барајте, и ќе најдете! Чукајте, и ќе ви се отвори! (Лука 11:9)

Дали ти е потребна поголема стрпливост? Ако да, моли се за тоа. Стрпливоста е плод на светиот дух (Гал. 5:22, 23). Затоа, можеме да го молиме Јехова да ни даде свет дух и да ни помогне да ја развиваме оваа особина. Ако се соочиме со ситуација која ја става на испит нашата стрпливост, да продолжиме да го молиме Јехова да ни помогне со својот свет дух да бидеме стрпливи (Лука 11:13). Исто така, можеме да го молиме Јехова да ни помогне да гледаме на работите од негова гледна точка. Освен што ќе се молиме, треба да дадеме сѐ од себе за да бидеме стрпливи секој ден. Ако продолжиме да се молиме за стрпливост и се трудиме да ја покажуваме оваа особина, Јехова ќе ни помогне таа да стане дел од нашата личност. Исто така, од помош ќе ни биде и ако размислуваме за примерите од Библијата. Во неа има многу примери за луѓе кои биле стрпливи. Ако размислуваме за овие примери, ќе можеме да научиме на кои начини да покажуваме стрпливост (w23.08 22, пас. 10-11).

Секојдневно истражување на Писмото — 2025

Недела, 19 октомври

Фрлете ги своите мрежи и ловете! (Лука 5:4)

Исус го уверил апостол Петар дека Јехова ќе се грижи за неговите потреби. Воскреснатиот Исус повторно им помогнал на Петар и на другите апостоли со чудо да уловат риби (Јован 21:4-6). Без сомнение, ова чудо го уверило Петар дека Јехова лесно може да се грижи за неговите материјални потреби. Можеби апостолот тогаш се потсетил на зборовите од Исус дека Јехова ќе се грижи за оние кои најнапред го бараат Царството (Мат. 6:33). Сето ова му помогнало на Петар на прво место да ја стави службата на проповедање, а не рибарењето. Тој храбро проповедал на Педесетница 33 год. од н.е., и со тоа им помогнал на илјадници да ја прифатат добрата вест (Дела 2:14, 37-41). А потоа, им помогнал на Самарјаните и на не-Евреите да го прифатат Исус и да го следат (Дела 8:14-17; 10:44-48). Без сомнение, Јехова го употребил Петар на моќен начин за да доведе во собранието најразлични луѓе (w23.09 20, пас. 1; 23, пас. 11).

Секојдневно истражување на Писмото — 2025
Добредојде.
Онлајн библиотека за пребарување во изданијата на Јеховините сведоци на различни јазици.
Ако сакаш да преземеш некоја публикација, оди на jw.org.
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели