ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
Добредојде.
Онлајн библиотека за пребарување во изданијата на Јеховините сведоци на различни јазици.
Ако сакаш да преземеш некоја публикација, оди на jw.org.
Известување
Нов јазик на кој е достапна библиотеката: Betsileo
  • Денес

Понеделник, 20 октомври

Ако не ми кажете што сум сонувал и што значи сонот, ќе бидете распарчени (Дан. 2:5)

Околу две години откако Вавилонците го уништиле Ерусалим, вавилонскиот цар Навуходоносор сонил еден страшен сон во кој видел огромен кип. Тој се заканил дека ќе ги убие сите негови мудреци, вклучувајќи го и Даниел, доколку не му кажат што сонувал и што значи тој сон (Дан. 2:3-5). Даниел морал веднаш да стори нешто бидејќи во спротивно ќе биле убиени многу луѓе. Тој отишол кај царот и го замолил да му даде време за да му го протолкува сонот (Дан. 2:16). За ова биле потребни храброст и вера. Во Библијата не пишува дека Даниел претходно толкувал сонови. Тој ги замолил своите другари „да го молат за милост небесниот Бог поради таа тајна“ (Дан. 2:18). Јехова одговорил на нивните молитви. Со помошта од Бог, Даниел го протолкувал сонот на Навуходоносор. Животот на Даниел и на неговите другари бил поштеден (w23.08 3, пас. 4).

Секојдневно истражување на Писмото — 2025

Вторник, 21 октомври

Кој ќе истрае до крајот, тој ќе биде спасен (Мат. 24:13)

Размислувај зошто е корисно да бидеш стрплив. Стрпливоста ни помага да бидеме посреќни и посмирени. Значи, стрпливоста може да придонесе да имаме подобро ментално и физичко здравје. Кога сме стрпливи со другите, имаме подобри односи со нив. На тој начин се зајакнува единството во нашето собрание. Ако бидеме бавни на гнев кога некој ќе нѐ изнервира со нешто, ќе спречиме ситуацијата да се влоши (Пс. 37:8; Изр. 14:29). Но најважно од сѐ, ние го следиме примерот на нашиот небесен Татко и стануваме поблиски со него. Навистина, стрпливоста е прекрасна особина која ни користи на сите нас! Иако не е секогаш лесно да бидеме стрпливи, со помош од Јехова можеме да ја развиеме оваа особина. И додека стрпливо го чекаме новиот свет, можеме да бидеме уверени дека „Јеховиното око е насочено кон оние што се бојат од него, кон оние што ја чекаат неговата милост“ (Пс. 33:18). Затоа, сите ние да бидеме решени и понатаму да покажуваме стрпливост! (w23.08 21, пас. 7; 25, пас. 16-17).

Секојдневно истражување на Писмото — 2025

Среда, 22 октомври

Верата — ако нема дела, сама по себе е мртва (Јак. 2:17)

Јаков објаснил дека еден човек може да тврди дека има вера, но неговите дела не го потврдуваат тоа (Јак. 2:1-5, 9). Исто така, Јаков зборувал за човек кој видел дека некој брат или некоја сестра немаат што да облечат или немаат храна, но тој не им ја пружил потребната помош. Дури и ако тој човек тврдел дека има вера, тоа не било поткрепено со неговите постапки. Затоа, неговата вера била бескорисна (Јак. 2:14-16). Јаков ја спомнал Раав како добар пример за личност која ја докажала својата вера со дела (Јак. 2:25, 26). Таа имала слушнато за Јехова и сфатила дека тој им помага на Израелците (Ис. Нав. 2:9-11). Раав ја покажала својата вера со своите постапки — заштитила двајца израелски извидувачи чии животи биле во опасност. Поради тоа, оваа жена, која била несовршена и не била Израелка, била прогласена за праведна исто како Авраам. Од примерот на Раав учиме колку е важно со нашите постапки да покажеме дека имаме вера (w23.12 5, пас. 12-13).

Секојдневно истражување на Писмото — 2025
Добредојде.
Онлајн библиотека за пребарување во изданијата на Јеховините сведоци на различни јазици.
Ако сакаш да преземеш некоја публикација, оди на jw.org.
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели