ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
Добредојде.
Онлајн библиотека за пребарување во изданијата на Јеховините сведоци на различни јазици.
Ако сакаш да преземеш некоја публикација, оди на jw.org.
Известување
Нов јазик на кој е достапна библиотеката: Betsileo
  • Денес

Сабота, 25 октомври

Сафан почна да ја чита пред царот (2. Лет. 34:18)

Кога имал 26 години, цар Јосија почнал да го обновува храмот. Додека траела обновата, била најдена „книгата на Јеховиниот закон, добиена преку Мојсеј“. Кога слушнал што било запишано таму, цар Јосија веднаш ги направил потребните промени во склад со тоа што го прочитал (2. Лет. 34:14, 19-21). Можеби веќе се трудиш да ја читаш Библијата секој ден. Дали уживаш во тоа? Дали си ги запишуваш стиховите што можат да ти помогнат тебе лично? Кога имал околу 39 години, Јосија направил една грешка поради која го изгубил животот. Тој се потпирал на себеси наместо да бара водство од Јехова (2. Лет. 35:20-25). Од ова може да извлечеме една поука. Без разлика на која возраст сме или колку долго време ја проучуваме Библијата, мора да продолжиме да го бараме Јехова. Во тоа е вклучено редовно да го молиме да ни дава водство, да ја проучуваме неговата Реч и да ги слушаме советите од зрелите христијани. На тој начин, помала е веројатноста дека ќе направиме сериозни грешки, а поголема е веројатноста дека ќе бидеме среќни (Јак. 1:25; w23.09 12, пас. 15-16).

Секојдневно истражување на Писмото — 2025

Недела, 26 октомври

Бог им се спротивставува на вообразените, а на понизните им покажува незаслужена доброта (Јак. 4:6)

Во Библијата се спомнати многу жени кои го сакале Јехова и му служеле. Тие биле „умерени и верни во сѐ“ (1. Тим. 3:11). Освен тоа, сестрите можат во своите собранија да најдат зрели христијанки чиј пример вреди да се следи. Млади сестри, размислете кои зрели христијанки што ги познавате се добар пример што можете да го следите. Забележете кои убави особини ги имаат, а потоа размислете како можете и вие да ги покажувате. Една важна особина што треба да ја имаат зрелите христијани е понизноста. Ако една жена е понизна, таа ќе има добар однос со Јехова и со другите. На пример, една жена која го сака Јехова понизно избира да го почитува начелото за поглаварство што го дал нејзиниот небесен Татко (1. Кор. 11:3). Ова начело се применува во собранието и во семејството, но на различен начин (w23.12 18-19, пас. 3-5).

Секојдневно истражување на Писмото — 2025

Понеделник, 27 октомври

Мажите треба да ги сакаат своите жени како своите тела (Еф. 5:28)

Јехова очекува сопругот да ја сака својата сопруга и да се грижи за нејзините физички, емоционални и духовни потреби. Тоа што ќе стекнеш способност за расудување, ќе покажуваш почит кон жените и ќе бидеш достоен за доверба ќе ти помогне да бидеш добар брачен другар. Откако ќе стапиш во брак, можеби ќе станеш татко. Од Јехова можеш да научиш што значи да се биде добар татко (Еф. 6:4). На пример, Јехова отворено му кажал на својот син Исус дека го сака и дека го одобрува (Мат. 3:17). Ако станеш татко, редовно уверувај ги своите деца дека ги сакаш. Често пофалувај ги за добрите работи што ги прават. Татковците кои го следат примерот на Јехова, им помагаат на своите деца да станат зрели христијани. Можеш уште сега да се подготвиш за оваа улога така што со љубов ќе се грижиш за другите во твоето семејство и во собранието, и така што ќе научиш да ја изразуваш твојата љубов и ценење кон нив (Јован 15:9; w23.12 29, пас. 17-18).

Секојдневно истражување на Писмото — 2025
Добредојде.
Онлајн библиотека за пребарување во изданијата на Јеховините сведоци на различни јазици.
Ако сакаш да преземеш некоја публикација, оди на jw.org.
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели