ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
Добредојде.
Онлајн библиотека за пребарување во изданијата на Јеховините сведоци на различни јазици.
Ако сакаш да преземеш некоја публикација, оди на jw.org.
  • Денес

Среда, 30 јули

Ние не можеме да не зборуваме за она што сме го виделе и чуле (Дела 4:20)

Ние можеме да го следиме примерот на учениците на Исус така што ќе продолжиме да проповедаме дури и ако властите ни го забранат тоа. Можеме да бидеме уверени дека Јехова ќе ни помогне да ја извршиме нашата служба. Затоа моли се за смелост и мудрост. Исто така, моли го Јехова да ти помогне да се справиш со проблемите. Многумина од нас се соочуваат со некој тежок проблем. На пример, некои имаат некаква болест или страдаат во емоционален поглед, на други им починал некој од најблиските, трети имаат семејни проблеми, а некои се соочуваат со прогонство или со нешто друго. А со сите овие проблеми е многу потешко да се справиме доколку во исто време се случуваат и други тешкотии како пандемии и војни. Ако минуваш низ некоја од овие тешки ситуации, отвори му го срцето на Јехова и кажи му како се чувствуваш, исто како што би му кажал на еден близок пријател. Биди уверен дека Јехова ќе ти помогне (Пс. 37:3, 5). Ако истрајно се молиме, тоа ќе ни помогне стрпливо да ги поднесеме неволјите (Рим. 12:12). Јехова знае низ што минуваат неговите слуги и ги слуша кога бараат помош од него (Пс. 145:18, 19; w23.05 5-6, пас. 12-15).

Секојдневно истражување на Писмото — 2025

Четврток, 31 јули

Испитувајте што е прифатливо за Господарот (Еф. 5:10)

Кога треба да донесеме важни одлуки, потребно е да разбереме „што е Јеховината волја“ и потоа да постапиме во склад со неа (Еф. 5:17). Со тоа што се трудиме да најдеме библиски начела што се однесуваат на нашата ситуација, ние, всушност, се трудиме да разбереме како Бог размислува за таа работа. Потоа, ако ги примениме неговите начела, поголема е веројатноста дека ќе донесеме добри одлуки. „Злобниот“ — нашиот непријател Сатана — сака да бидеме толку зафатени со работите од овој свет што повеќе нема да имаме време за нашата служба за Бог (1. Јов. 5:19). На еден христијанин би можело лесно да му се случи вниманието главно да му биде насочено на парите, образованието или работата, наместо на разните можности што ги има за да му служи на Јехова. Тоа би било знак дека врз него влијае размислувањето на луѓето од светот. Се разбира, овие работи не се погрешни сами по себе. Но, тие никогаш не треба да бидат на прво место во нашиот живот (w24.03 24, пас. 16-17).

Секојдневно истражување на Писмото — 2025

Петок, 1 август

Многу неволји има праведникот, но Јехова го избавува од сите нив (Пс. 34:19)

Забележи кои две важни мисли се истакнати во овој псалм: 1) праведните луѓе имаат проблеми и 2) Јехова нѐ избавува од нашите неволји. Како нѐ избавува Јехова? Еден начин е така што ни помага да имаме реалистично гледиште за животот во овој свет. Точно е дека Јехова ни ветува дека ќе чувствуваме радост додека му служиме, но не ни ветува дека сега ќе имаме безгрижен живот (Иса. 66:14). Тој нѐ поттикнува да мислиме на нашата иднина — времето кога ќе го добиеме животот на кој Јехова посакува да му се радуваме засекогаш (2. Кор. 4:16-18). Во меѓувреме, тој ни помага да продолжиме да му служиме секој ден (Плач 3:22-24). Што можеме да научиме од примерот на некои верни Божји слуги од библиски времиња и од наше време? Може да се соочиме со неочекувани проблеми. Но, ако се потпираме на Јехова, тој секогаш ќе ни помага (Пс. 55:22; w23.04 14-15, пас. 3-4).

Секојдневно истражување на Писмото — 2025
Добредојде.
Онлајн библиотека за пребарување во изданијата на Јеховините сведоци на различни јазици.
Ако сакаш да преземеш некоја публикација, оди на jw.org.
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели