ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w94 1/4 стр. 4-7
  • Подобар свет — мошне блиску!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Подобар свет — мошне блиску!
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ‚Носталгија по рај‘ — зошто?
  • Потрагата по рајот — историја на една идеја
  • Утопиите — идеални места?
  • Христијаните и еден подобар свет
  • Рај на Земјата — дали е само сон?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2017
  • „Се гледаме во рајот!“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
  • Каде се наоѓа рајот што се спомнува во Библијата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Земен Рај кој наскоро ќе дојде
    Животот — како настанал? Со еволуција или со создавање?
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
w94 1/4 стр. 4-7

Подобар свет — мошне блиску!

„НОСТАЛГИЈАТА по рајот е една од силните носталгии која се чини дека ги прогонува човечките суштества. Можеби е и најсилната и најпостојана од сите. Извесен копнеж по рај е очигледен на сите нивоа од религиозниот живот“ — вели The Encyclopedia of Religion.

Се чини дека желбата да се живее во подобар свет е заедничка за сите цивилизации, како да жалат по првобитен идеал кој повеќе не постои. Ова наведува на помислата дека еден првобитен рај постоел, но каде? Психоаналитичарите можеби ќе речат дека ваквото тежнеење е желба да се врати изгубената сигурност на мајчината утроба. Но, ова објаснување не ги уверува научниците кои ја истражуваат историјата на религијата.

‚Носталгија по рај‘ — зошто?

Дали постои ваквата носталгија, како што наведуват некои, само за да ги направи поподносливи потешкотиите и фактот дека човековиот живот е краток, или постои и некое друго објаснение?

Зошто човештвото пека по еден подобар свет? Библијата дава објаснение кое е толку јасно колку што е и едноставно: Човештвото, всушност, дошло од еден подобар свет! Првобитен рај навистина постоел. Божјата Реч го опишува како „градина“ лоцирана во посебен предел на Средниот Исток, благословена со „секакви дрвја, убави за гледање и добри за јадење“. Грижата за таа градина Бог ѝ ја доверил на првата човечка двојка (1. Мојсеева 2:7-15). Тоа била идеална околина каде луѓето можеле да бидат навистина среќни.

Зошто не се задржале овие рајски услови? Поради побуната прво на едно духовно суштество, а потоа и на човечката двојка (1. Мојсеева 2:16, 17; 3:1-6, 17-19). На тој начин човекот го загубил не само рајот туку и совршенството, здравјето и бескрајниот живот. Условите кои почнале да преовладуваат сигурно не го подобриле човечкиот живот. Напротив, тој прогресивно дегенерирал до сегашната состојба која е полоша од кога и да било порано (Проповедник 3:18-20; Римјаните 5:12; 2. Тимотеј 3:1-5, 13).

Потрагата по рајот — историја на една идеја

Како што може да се претпостави, „носталгијатата по рајот“ има мошне долга историја. Сумерите се сеќавале на времето кога владеела слогата во целиот универзум: „Не постоел страв, ниту терор, човекот немал ривал . . . Целата вселена, луѓето еднодушно, во еден глас му давале фалба на Енлил“ — помни една древна месопотамска поема. Некои пак, како древните Египќани, се надевале дека после смртта ќе дојдат во подобар свет. Верувале дека бесмртната душа доаѓа во полињата наречени Ару. Но, барем на почетокот, ваквата надеж ја имала само аристократијата; сиромашните не можеле да сонуваат да дојдат во среќниот свет.

Во поинаква религиозна сфера, Хиндусите со векови го чекаат доаѓањето на еден подобар век на светот (југа). Според хиндуистичките учења, четири југи меѓусебно се повторуваат во еден непрекинат циклус, а ние сега живееме во најлошиот. За жал, овој Кали Југа (мрачен век) со сето негово страдање и злоба ќе трае, според некои, ни помалку ни повеќе, 432.000 години. Како и да е, верните Хиндуси го чекаат златниот век, Крита Југа.

Од друга страна пак, Елините и Римјаните сонувале да дојдат на митските Острови на среќата во Атланскиот Океан. А многу писатели, како Хезиод, Вергилиј и Овид зборувале за чудесната првобитна златна епоха, надевајќи се дека еден ден таа ќе биде обновена. Кон крајот на првиот век пр. н. е., римскиот поет Вергилиј го претскажал скорешното пристигнување на нова и трајна aetas aurea (златна епоха). Во текот на следните неколку столетија „ни помалку ни повеќе, шеснаесет римски цареви тврделе дека нивната влада повторно ја воспоставила Златната епоха“ — вели The Encyclopedia of Religion. Но, како што ни е добро познато денес, тоа било само политичка пропаганда.

Многу Келти тежнееле кон она што си го замислувале како сјајна земја на еден остров (или архипелаг) зад морето каде верувале дека луѓето живеат во совршена среќа. Според една легенда, крал Артур, иако смртно ранет, продолжил да живее откако го нашол чудесниот остров наречен Авалон.

Во старо време, како и во средниот век, многумина мислеле дека една градина на дословни задоволства, Еденската градина, сѐ уште постои некаде, „на врвот од некоја недостапна планина или преку непреоден океан“ — објаснува историчарот Жан Делумо. Иако италјанскиот поет Данте верувал во небесен рај, замислувал дека еден земски рај сѐ уште постои на врвот на планината од неговото Чистилиште, на антиподите на Ерусалим. Некои верувале дека треба да се најде во Азија, во Месопотамија или на Хималаите. А средовековните легенди за Еденскиот рај биле безбројни. Многумина верувале дека близу до тој рај било прекрасното царство во кое царувал побожниот пастор Јован. Благодарение на близината со земскиот рај, животот во царството на пастор Јован наводно бил долг и среќен, вечен извор на изобилство и богатства. Други, имајќи ги на ум древните грчки легенди, сѐ уште мислеле дека островите на рајот треба да се бараат во Атлантикот. Средовековните мапи ја покажувале извесноста за таквото верување во постоењето на градината Еден, дури и укажувале на нејзината наводна локација.

Во 15. и 16. век, морепловците кои патувале преку Атлантикот всушност го барале светот кој истовремено бил и нов и древен. Тие мислеле дека од другата страна на океанот ќе ги пронајдат не само Индијците, туку и Еденската градина. На пример, Кристофер Колумбо ја барал меѓу планините во умерениот појас и тропските земји на Јужна и Средна Америка. Европските истражувачи кои пристигнувале во Бразил биле сигурни дека изгубениот рај мора да е таму поради благата клима и изобилството на храна и вегетација. Меѓутоа, набргу морале да ја признаат суровата стварност.

Утопиите — идеални места?

Наместо да се напрегаат идеалниот свет да го лоцираат на некој оддалечен дел од Земјата, други се обиделе да го сковаат. Така, во 1516 година англискиот хуманист Томас Мор го опишал островот Утопија како чудесно, мирно и толерантно место, многу поинакво од расипаниот свет кој го познавал. Други исто така се обидувале да измислат подобри, посреќни светови: во шестиот век пр. н. е. Платон со својата Република; во 1602 италијанскиот фратар Томасо Кампанела со својот високо организиран Град на сонцето; само неколку години подоцна англискиот филозоф Франсис Бекон раскажувал за „среќната и напредна состојба“ на неговата Нова Атланта. Со текот на вековите, мислители од сите видови (било верници или не) опишале илјадници и илјадници Утопии. Меѓутоа, малку, ако и некоја од нив воопшто, била сериозно прифатена.

Имало и такви кои се обиделе да ги остварат нивните Утопии. На пример, во 1824, еден богат Англичанец, Роберт Овен, одлучил да имигрира во Индијана (САД), со намера да ги реализира своите утопистички идеи во селото кое го нарекол Нова Хармонија. Убеден дека под правите услови луѓето ќе се подобрат, го употребил речиси сето богатство во напор да го изгради она што тој си го замислил како нов морален свет. Но резултатите покажале дека новите услови за живеење не се доволни за да произведат нов човек.

Речиси сите политички идеологии тврдат дека човекот треба да го планира светот според сопственото спознание и сопствениот осет за вистина со намера да се донесе сонуваниот рај на Земјата. Сепак, што е парадоксално, обидите да се реализираат таквите тежнеења резултирале во војни и револуции, како што е Француската револуција во 1789 и Болшевичката револуција во 1917. Наместо да донесат рајски услови, овие напори често пати воделе до зголемена болка и страдање.

Тежнеења, планови, Утопии и обиди тие да се реализираат — сторија за разочарувања едноподруго. Денес некои зборуваат за „уништен сон“ и за „крај на ерата на утопии“ повикувајќи нѐ да научиме да „живееме без утопии“. Постои ли надеж дека ќе видиме подобар свет, или судено му е да остане само сон?

Христијаните и еден подобар свет

Нов свет никако не е само сон — тој е сигурна надеж! Исус Христос, основачот на христијанството, знаел дека денешниот свет не е најдобриот од сите можни светови. Тој поучувал дека Земјата ќе биде населена со луѓе со блага нарав и дека Божјата волја ќе се врши на неа (Матеј 5:5; 6:9, 10). И тој и неговите ученици знаеле дека денешниов свет го управува Божјиот непријател, Сатана Ѓаволот, и дека тоа е главната причина за многуте неволји на човештвото (Јован 12:31; 2. Коринтјаните 4:4; 1. Јованово 5:19; Откровение 12:12). Верните Евреи го чекале денот во кој Бог еднаш и засекогаш ќе ја ослободи Земјата од војни, болки и болести со намера да ја насели со љубители на мирот и праведноста. На сличен начин и христијаните од првиот век н. е., со вера чекале овој сегашен свет да биде заменет со нов систем на ствари, „ново небо и нова земја“ (2. Петрово 3:13; Псалм 36:11; 45:8, 9; Исаија 25:8; 33:24; 45:18; Откровение 21:1).

Додека Исус Христос висел на маченичкиот столб, му го повторил ветувањето за еден подобар свет на злосторникот кој покажал извесна мера на вера во Него: „[Исус] му рече: ‚Навистина ти велам денес: Ќе бидеш со мене во Рајот‘“ (Лука 23:40-43, НС). Како ги разбрал злосторникот овие зборови? Дали Исус навел дека злосторникот ќе биде ‚со него‘ на небото истиот тој ден, како што некои католички и протестантски преводи очигледно даваат такво разбирање? Не, Исус не мислел така бидејќи после неговото воскресение, на Марија Магдалена ѝ рекол дека ‚уште не се вратил при Својот Отец‘ (Јован 20:11-18). Дури и Исусовите апостоли, иако од него биле поучувани три и пол години, сѐ до Пентакост 33. н. е., немале помисла за небесен рај (Дела 1:6-11). Тој злосторник го разбрал Исус онака како што поголемиот дел од Евреите кои живееле во тоа време би го разбрале: Тој ветувал дека подобар свет ќе дојде на рајска Земја. Еден германски научник признал: „Наука за награда со задгробен живот едноставно не се појавува во Стариот Завет“.

Дека на нашата Земја ќе постои рај посведочил апостол Павле во неговото писмо до Евреите. Кога ги охрабрил своите соверници да не го ‚занемарат таквото големо спасение, кое, најнапред е проповедано од Господа‘, Павле потврдил дека Јехова Бог му дал на Исус власт над „населената Земја [грчки оикумене] која треба да дојде“ (Евреите 2:3, 5, НС). Во Христијанските Грчки списи изразот оикумене секогаш се однесува на нашата Земја населена со човечки суштества, а не на небесен свет. (Спореди Матеј 24:14; Лука 2:1; 21:26; Дела 17:31.) Божјето Царство управувано од Исус Христос затоа ќе спроведува власт над населената Земја. Тоа навистина ќе биде едно идеално место за живеење!

Иако Царството само по себе е небесно, сепак ќе интервенира во работите на Земјата. Со какви разултати? Болести, ужаси, сиромаштво и смрт ќе бидат далеку од сеќавањето. Дури и незадоволството и разочарувањето ќе исчезнат (Откровение 21:3-5). Библијата вели дека Бог ‚ќе ја отвори раката Своја и ќе исполни сѐ што е живо со сите негови потреби‘ (Псалм 144:16). Проблеми како што се невработеноста и загаденоста ќе бидат практично и трајно решени (Исаија 65:21-23; Откровение 11:18). Но, пред сѐ, благодарение на Божјиот благослов ќе триумфираат вистината, правдата и мирот — особини кои се чини како веќе да исчезнале! (Псалм 84:7-13; Галатјаните 5:22, 23).

Дали сето ова е само сон, утопија? Не, ова најкритично од сите времиња во кое живееме покажува дека ние сме во „последните денови“ од овој свет и дека според тоа, новиот свет е близу (2. Тимотеј 3:1-5). Би сакал ли да живееш таму? Дознај како е можно преку студија на Библијата со Јеховините сведоци. Еден подобар свет е близу, многу подобар отколку што некогаш би го сонувале. Тој не е утопија — тој е реалност!

[Слика на страница 7]

Еден подобар свет — наскоро реалност

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели