ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • lff лекција 3
  • Дали можеш да имаш доверба во Библијата?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали можеш да имаш доверба во Библијата?
  • Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ
  • ШТО НАУЧИ:
  • ИСТРАЖУВАЈ
  • Дали можеш да имаш доверба во Библијата?
    Радувај му се на животот засекогаш — вовед во библиски курс
  • Библијата — книга од Бог
    Што навистина учи Библијата?
  • Како може да ти помогне Библијата?
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Како може да ти помогне Библијата?
    Радувај му се на животот засекогаш — вовед во библиски курс
Повеќе
Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
lff лекција 3
Лекција 3. Древни библиски ракописи ставени на една маса.

ЛЕКЦИЈА 03

Дали можеш да имаш доверба во Библијата?

Печатено издание
Печатено издание
Печатено издание

Библијата содржи многу ветувања и најразлични совети. Веројатно си љубопитен што пишува во неа, но можеби си и претпазлив. Можеш ли да им веруваш на ветувањата и советите од една толку стара книга? Дали она што го вели Библијата е корисно за нас денес? И можеме ли да имаме доверба во она што го вели за иднината? Милиони луѓе имаат доверба. Да видиме дали можеш да имаш и ти.

1. Дали настаните во Библијата се измислени или вистинити?

Самата Библија тврди дека содржи точни „зборови на вистината“ (Проповедник 12:10). Во неа се спомнати настани кои навистина се случиле и луѓе кои навистина постоеле. (Прочитај Лука 1:3; 3:1, 2.) Многу историчари и археолози потврдиле дека се точни информациите кои Библијата ги содржи во врска со некои важни датуми, луѓе, места и настани.

2. Зошто може да кажеме дека Библијата не е застарена книга?

Библијата честопати спомнува работи кои не им биле познати на луѓето во времето кога биле запишани. На пример, во неа се спомнати некои информации кои се поврзани со науката. Во времето кога биле запишани тие информации, голем број луѓе не верувале во нив. Сепак, современата наука потврдува дека она што го вели Библијата е точно. Нејзините зборови секогаш се „достојни за доверба“ (Псалм 111:7, 8).

3. Зошто може да имаме доверба во она што Библијата го кажува за иднината?

Библијата содржи пророштваa за работи кои уште не се случиле (Исаија 46:10). Таа точно прорекла голем број историски настани долго пред да се случат. Исто така, во многу детали ги опишала условите кои денес владеат во светот. Во оваа лекција ќе разгледаме некои од библиските пророштва. Навистина воодушевува нивната точност!

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Во овој дел ќе разгледаш неколку докази што потврдуваат дека Библијата е во склад со современата наука, и ќе се запознаеш со некои библиски пророштва кои се исполниле на впечатлив начин.

4. Библијата е во склад со науката

Во минатото, повеќето луѓе верувале дека Земјата е потпрена на нешто. Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ.

ВИДЕОКЛИП: Земјата е обесена на ништо (1:13)

Забележи што е запишано во книгата Јов пред околу 3.500 години. Прочитај Јов 26:7, а потоа разговарајте за следново прашање:

  • Зошто восхитува фактот што во овој стих пишува дека Земјата е „обесена на ништо“?

Луѓето разбрале како се одвива кружниот тек на водата пред околу 200 години. Сепак, забележи што било запишано во Библијата пред околу 3.500 години. Прочитај Јов 36:27, 28 и Проповедник 1:7, а потоа разговарајте за следниве прашања:

  • Што ти остава впечаток во врска со описот на кружниот тек на водата во овие стихови?

  • Дали стиховите што сега ги прочита ти ја зајакнуваат довербата во Библијата?

Во Библијата е опишан кружниот тек на водата. Со стрелки е прикажано движењето на водата меѓу Земјата и атмосферата.

5. Во Библијата се проречени важни настани

Прочитај Исаија 44:27 — 45:2, а потоа разговарајте за следново прашање:

  • Кои детали ги прорекла Библијата 200 години пред падот на Вавилон?

Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ.

ВИДЕОКЛИП: Библијата го прорекла падот на Вавилон (0:58)

Историјата потврдува дека цар Кир од Персија и неговата војска го освоиле градот Вавилон во 539 год. пр.н.е.b Тие го свртеле текот на реката која го штитела градот. Портите на градот биле оставени отворени и тие влегле во него и го освоиле без битка. Оттогаш поминале повеќе од 2.500 години, а Вавилон сѐ уште лежи во урнатини. А сега забележи што прорекла Библијата.

Прочитај Исаија 13:19, 20, а потоа разговарајте за следново прашање:

  • Како она што се случило со Вавилон потврдува дека ова пророштво навистина се исполнило?

Урнатините на Вавилон во денешен Ирак

Слики: Условите во светот што ги прорекла Библијата за „последните денови“. 1. Згради во пламен. 2. Еден војник пука со автоматска пушка. 3. Граѓани кои учествуваат во протести се борат со полицајци. 4. Двајца мажи ограбуваат една продавница. 5. Еден воен тенк навлегува во град. 6. Гладни луѓе со маски на лицето чекаат ред за храна. 7. На исушена земја има пукнатина која е долга со километри. 8. Куќа која е разурната по еден земјотрес.

6. Библијата го прорекла она што се случува денес

Во Библијата пишува дека живееме во „последните денови“ (2. Тимотеј 3:1). Забележи што прорекла Библијата за овој период.

Прочитај Матеј 24:6, 7, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Според Библијата, што ќе се случува во последните денови?

Прочитај 2. Тимотеј 3:1-5, а потоа разговарајте за следниве прашања:

  • Според Библијата, какви ќе бидат луѓето во последните денови?

  • Кои од овие особини си ги забележал кај луѓето?

НЕКОИ ВЕЛАТ: „Библијата е книга полна со бајки и измислени приказни“.

  • Според тебе, кој е најсилниот доказ дека може да имаме доверба во Библијата?

ШТО НАУЧИ:

Историјата, науката и пророштвата покажуваат дека може да имаме доверба во Библијата.

Како би одговорил?

  • Дали настаните во Библијата се измислени или вистинити?

  • Кои се некои работи што покажуваат дека Библијата е во склад со науката?

  • Дали Библијата ја прорекува иднината, и зошто мислиш така?

Цел:

ИСТРАЖУВАЈ

Има ли во Библијата работи што се косат со науката?

„Дали Библијата е во склад со науката?“ (Статија на интернет)

Што прорекла Библијата за „последните денови“?

„6 библиски пророштва што се исполнуваат пред твои очи“ (Стражарска кула од 1 мај 2011)

Дознај како се исполниле библиските пророштва во врска со Грчкото Царство.

Зајакнати од библиските пророштва (5:22)

Прочитај како библиските пророштва му помогнале на еден човек да си го смени гледиштето за Библијата.

„За мене не постоеше Бог“ (Стражарска кула бр. 5, 2017)

a Пророштва се пораки од Бог за настани кои треба да се случат во иднина.

b Кратенката „пр.н.е.“ значи „пред нашата ера“, а „н.е.“ значи „нашата ера“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели