ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w10 15/8 стр. 8-12
  • Исус ја возвишува Божјата праведност

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Исус ја возвишува Божјата праведност
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Оспорена е Божјата праведност
  • Што значело крштавањето на Исус
  • Верен до смрт
  • Што се постигнало со смртта на Исус
  • Дали ја поддржуваш Јеховината власт?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Исус Христос — дали е испратен од Бог?
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • Исус спасува — како?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Кој е Исус Христос?
    Што навистина учи Библијата?
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
w10 15/8 стр. 8-12

Исус ја возвишува Божјата праведност

„Бог го постави [Христос] како жртва со која ги помири со себе оние што веруваат во Христовата крв. Тоа го направи за да ја покаже својата праведност“ (РИМ. 3:25)

1, 2. а) Што вели Библијата во врска со состојбата во која се наоѓаат луѓето? б) Кои прашања ќе ги разгледаме во оваа статија?

СИТЕ го знаеме библискиот извештај за побуната во градината Еден. И сите ги чувствуваме последиците од гревот на Адам, опишани со следниве зборови: „Преку еден човек гревот влезе во светот и преку гревот смртта, и така смртта се прошири на сите луѓе, зашто сите згрешија“ (Рим. 5:12). Сеедно колку се трудиме да го правиме она што е исправно, секогаш одново грешиме и ни треба Божјето простување. Дури и апостол Павле со жалење рекол: „Доброто што го сакам, не го правам, туку злото што не го сакам, тоа го правам. Беден човек сум јас!“ (Рим. 7:19, 24).

2 Во оваа статија ќе ги разгледаме следниве важни прашања: Бидејќи сите луѓе се раѓаат грешни, како било можно Исус од Назарет да се роди без да наследи грев, и зошто се крстил? Како ја возвишил Јеховината праведност со својот живот? И, најважно од сѐ, што се постигнало со смртта на Христос?

Оспорена е Божјата праведност

3. Како Сатана ја измамил Ева?

3 Нашите први родители, Адам и Ева, лекоумно го отфрлиле Бог како владетел избирајќи со нив да владее ‚празмијата, која се вика Ѓавол и Сатана‘ (Отк. 12:9). Да видиме накратко како дошло до ова. Сатана ја оспорил праведноста на Јеховиното владеење кога ја прашал Ева: „Навистина ли рекол Бог дека не смеете да јадете од секое дрво во градината?“ Ева ја повторила јасната Божја заповед — дека не смеат да допрат едно одредено дрво бидејќи, во спротивно, ќе умрат. Но, Сатана го обвинил Бог дека лаже. „Не, вие нема да умрете“, рекол тој. А потоа ја измамил Ева, наведувајќи ја да поверува дека Јехова им скратува нешто добро и дека, ако касне од плодот, всушност, ќе стане како Бог и сама ќе одлучува за себе што е добро, а што зло (1. Мој. 3:1-5).

4. Како луѓето потпаднале под соперничката власт на Сатана?

4 Главната порака на Сатана била дека луѓето ќе бидат посреќни ако се независни од Бог. Наместо да ја поддржи праведноста на Божјето владеење, Адам ја послушал Ева и јадел од забранетиот плод. На тој начин го изгубил својот совршен однос со Јехова и го довел човештвото под суровиот јарем на гревот и смртта. Истовремено, луѓето потпаднале под соперничката власт на Сатана, „богот на овој свет“ (2. Кор. 4:4; Рим. 7:14).

5. а) Како Јехова покажал дека си стои на зборот? б) Каква надеж дал Бог за потомците на Адам и Ева?

5 Бидејќи секогаш си стои на зборот, Јехова им изрекол смртна пресуда на Адам и Ева (1. Мој. 3:16-19). Но, ова во никој случај не значело дека Божјата намера пропаднала. Кога ги осудил Адам и Ева, Јехова дал светол зрак на надеж за нивните идни потомци така што објавил дека има намера да подигне „потомство“ кое Сатана ќе го рани во петицата. Но, тоа ветено Потомство требало да закрепне од раната во петицата и да му „ја смачка главата“ на Сатана (1. Мој. 3:15). Библијата дава објаснување на ова пророштво кога, во врска со Исус Христос, вели: „Затоа дојде Синот Божји, да ги уништи делата на Ѓаволот“ (1. Јов. 3:8). Но, како Исус ја возвишил Божјата праведност со своето однесување и со својата смрт?

Што значело крштавањето на Исус

6. Од каде знаеме дека Исус не наследил грев од Адам?

6 Како возрасен човек, Исус требало да биде ист каков што бил Адам пред да згреши — совршен (Рим. 5:14; 1. Кор. 15:45). Ова значи дека Исус требало да се роди како совршен човек. Како било можно тоа? Ангелот Гавриел ѝ го дал следново објаснување на Марија, мајката на Исус: „Светиот дух ќе дојде врз тебе и силата на Севишниот ќе те засени. Затоа детето што ќе го родиш ќе биде свето, Син Божји“ (Лука 1:35). По сѐ изгледа, уште додека бил дете, Марија му открила на Исус некои работи во врска со неговото раѓање. Затоа, кога во една прилика Марија и Јосиф, неговиот очув, го нашле младиот Исус во Божјиот храм, тој ги прашал: „Зарем не знаевте дека морам да бидам во домот на мојот Татко?“ (Лука 2:49). Очигледно Исус знаел уште од мал дека е Божји Син. Затоа му било многу важно да ја возвиши Божјата праведност.

7. Кои скапоцени нешта ги поседувал Исус?

7 Исус покажал голем интерес за духовните работи со тоа што редовно одел на местото каде што се обожавал Бог. Бидејќи имал совршен ум, сигурно го впивал сето она што го слушал и читал од Хебрејските списи (Лука 4:16). Но, тој имал уште нешто што било скапоцено — совршено човечко тело кое можел да го жртвува за човештвото. Кога се крстил, Исус се молел и можеби размислувал за пророчките зборови од Псалм 40:6-8 (Лука 3:21; прочитај Евреите 10:5-10).a

8. Зошто Јован Крстител не сакал да го крсти Исус?

8 Отпрвин Јован Крстител не сакал да го крсти Исус. Зошто? Затоа што Јован ги крштавал Евреите како симбол на нивното каење за гревовите што ги направиле против Законот. Бидејќи биле блиски роднини, Јован сигурно знаел дека Исус е праведен и поради тоа нема потреба да се кае. Но, Исус го уверил дека е во ред да биде крстен, објаснувајќи му: „Нам ни прилега да го извршиме на тој начин сето она што е праведно“ (Мат. 3:15).

9. На што било симбол крштавањето на Исус?

9 Како совршен човек, Исус можел да заклучи дека, исто како Адам, и тој може да стане татко на совршен човечки род. Но, Исус никогаш не посакал таква иднина за себе бидејќи тоа не била Јеховината волја за него. Бог го испратил на Земјата за да ја исполни улогата на ветеното Потомство, односно Месијата. Ова значело дека ќе треба да го жртвува својот совршен човечки живот. (Прочитај Исаија 53:5, 6, 12.) Се разбира, крштавањето на Исус нема исто значење како нашето крштавање. Тој не му се заветувал на Јехова, бидејќи му припаѓал на израелскиот народ, кој веќе му бил заветуван на Бог. Наместо тоа, при своето крштавање, Исус му се претставил на Бог за да ја изврши Неговата волја во поврзаност со Месијата, која била изложена во Светото писмо.

10. Што вклучувала Божјата волја за Месијата, и како гледал Исус на тоа?

10 Јеховината волја за Исус, меѓу другото, била да ја проповеда добрата вест за Божјето Царство, да ги поучува луѓето и да ги подготви своите ученици за делото на поучување што требало да се врши во иднина. Но, кога му се претставил на Бог при своето крштавање, Исус покажал и дека е спремен да поднесе прогонство и да претрпи сурова смрт за да докаже дека го поддржува Божјето праведно владеење. Бидејќи вистински го сакал својот небесен Татко, тој со задоволство ја вршел Божјата волја и со задоволство го принел своето тело како жртва (Јован 14:31). Исто така, се радувал што знаел дека ќе може да му ја принесе на Бог вредноста на својот совршен живот како откупнина со која ќе нѐ избави од ропството на гревот и смртта. Дали на Бог му било по волја тоа што Исус му се претставил за да ги понесе овие огромни одговорности? Да!

11. Како Јехова покажал дека го одобрува Исус како ветениот Месија или Христос?

11 Сите четири писатели на евангелијата потврдуваат дека Јехова Бог јасно го покажал своето одобрување кога Исус излегол од водата на реката Јордан. Јован Крстител посведочил: „Видов како духот слегува од небото како гулаб, и останува на [Исус]... Јас го видов тоа, и сведочам дека тој е Божјиот Син“ (Јован 1:32-34). Исто така, во таа прилика Јехова рекол: „Ова е мојот сакан Син, кој ми е по волја!“ (Мат. 3:17; Мар. 1:11; Лука 3:22).

Верен до смрт

12. Што правел Исус во три и полте години по своето крштавање?

12 Следните три и пол години, Исус потполно се посветил на тоа да ги поучува луѓето за својот Татко и за Божјето праведно владеење. Неколкупати ја пропешачил Ветената земја и тоа било многу заморно, но тој не дозволил ништо да го спречи темелно да сведочи за вистината (Јован 4:6, 34; 18:37). Исус ги поучувал другите за Божјето Царство. Со чудо ги лекувал болните, ги хранел гладните мноштва, па дури и ги подигал мртвите, покажувајќи на дело што ќе направи Божјето Царство за луѓето (Мат. 11:4, 5).

13. Што поучувал Исус во врска со молитвата?

13 Наместо заслугите за поучувањето и за лекувањето да си ги припише себеси, Исус дал извонреден пример со тоа што понизно му ја упатувал сета фалба на Јехова (Јован 5:19; 11:41-44). Освен тоа, кажал кои се најважните работи за кои треба да се молиме. Во нашите молитви треба да бараме „да се свети“ Божјето име, Јехова, и Божјето праведно владеење да го замени злобното владеење на Сатана за да може Неговата волја да се врши „како на небото така и на земјата“ (Мат. 6:9, 10). Исус исто така нѐ поттикнал да постапуваме во склад со таквите молитви со тоа што ‚најнапред ќе ги бараме царството и Божјата праведност‘ (Мат. 6:33).

14. Иако Исус бил совршен, зошто не било лесно да ја исполни својата улога во Божјата намера?

14 Како што наближувало времето за неговата жртвена смрт, Исус бил сѐ посвесен за тешката одговорност што му претстоела. Намерата и угледот на неговиот Татко зависеле од тоа дали тој ќе издржи едно неправедно судење и свирепа смрт. Пет дена пред да биде погубен, Исус се молел: „Сега душата ми е вознемирена. Што да кажам? Татко, спаси ме од овој час! Но, затоа и дојдов до овој час“. Откако ги изразил овие нормални човечки чувства, Исус несебично го свртел своето внимание на она што било многу поважно, велејќи: „Татко, прослави го своето име!“ Јехова веднаш одговорил: „Го прославив и пак ќе го прославам!“ (Јован 12:27, 28). Да, Исус бил спремен да се подложи на најголемиот испит на верност низ кој воопшто поминал некој човек. Но, нема сомнение дека овие зборови што ги кажал неговиот небесен Татко уште посилно го увериле дека ќе успее да го возвиши и да го оправда Јехова како Севишен Владетел. И навистина успеал во тоа!

Што се постигнало со смртта на Исус

15. Пред да го испушти последниот здив, зошто Исус рекол: „Довршено е“?

15 Додека висел на маченичкиот столб, пред да издивне во страшни маки, Исус рекол: „Довршено е!“ (Јован 19:30). Колку многу успеал да постигне со Божја помош во три и полте години откако се крстил па сѐ до својата смрт! Кога издивнал, настапил силен земјотрес, а римскиот стотник што бил задолжен за погубувањето, потресен од тоа, извикал: „Ова навистина беше Божји Син!“ (Мат. 27:54). Тој римски офицер сигурно видел како луѓето го исмеваат Исус затоа што тврдел дека е Божји Син. Но, и покрај сите страдања, Исус му останал верен на Бог и докажал дека Сатана е неопислив лажливец. Во врска со сите што го поддржуваат Бог како Владетел, Сатана го изнел следново тврдење: „Човекот ќе даде сѐ што има за својата душа“ (Јов 2:4). Со својата верност, Исус покажал дека Адам и Ева можеле да бидат верни кога се нашле на многу полесен испит. Но, најважно од сѐ е дека, со својот живот и со својата смрт Исус ја поддржал и ја возвишил праведноста на Јеховиното владеење. (Прочитај Изреки 27:11.) Дали постигнал уште нешто со својата смрт? Да!

16, 17. а) Врз која основа можел Јехова да ги смета за праведни своите претхристијански сведоци? б) Како Јехова го наградил својот Син затоа што му останал верен, и што продолжува да прави Господарот Исус Христос?

16 Многу слуги на Јехова живееле пред Исус да дојде на Земјата. Бог ги сметал за праведни и им ја дал надежта за воскресение (Иса. 25:8; Дан. 12:13). Но, која законска основа ја имал светиот Бог, Јехова, да ги благослови грешните луѓе на таков прекрасен начин? Библијата објаснува: „Бог го постави [Исус Христос] како жртва со која ги помири со себе оние што веруваат во Христовата крв. Тоа го направи за да ја покаже својата праведност, бидејќи во својата воздржливост ги простуваше гревовите направени во минатото. Имено, сакаше да ја покаже својата праведност во сегашново време — да биде праведен и тогаш кога го прогласува за праведен оној што верува во Исус“ (Рим. 3:25, 26).b

17 Јехова го наградил Исус така што го воскреснал и му дал повисока положба од онаа што ја имал пред да дојде на Земјата. Денес Исус е жив како бесмртно и величествено духовно суштество (Евр. 1:3). Како Првосвештеник и Цар, Господарот Исус Христос продолжува да им помага на своите следбеници да ја возвишуваат Божјата праведност. Колку сме благодарни што нашиот небесен Татко, Јехова, ги наградува оние што го возвишуваат и што верно му служат по примерот на неговиот Син! (Прочитај Псалм 34:3; Евреите 11:6.)

18. Што ќе разгледаме во следната статија за проучување?

18 Луѓето што му биле верни на Бог, од Авел па наваму, имале близок однос со Јехова бидејќи покажувале вера и имале доверба во ветеното Потомство. Јехова знаел дека неговиот Син ќе остане верен во сѐ и дека неговата смрт совршено ќе го покрие „гревот на светот“ (Јован 1:29). Смртта на Исус им користи и на луѓето што живеат денес (Рим. 3:26). Прашањето е: Кои благослови можеш да ги имаш ти лично благодарение на Христовата откупна жртва? Тоа ќе го разгледаме во следната статија за проучување.

[Фусноти]

a Овде апостол Павле цитира од Псалм 40:6-8 според грчкиот превод Септуагинта, во која стојат и зборовите „ми подготви тело“. Овој израз го нема во постоечките примероци од древните Хебрејски списи.

b Види „Прашања од читателите“ на страници 6-7.

Како би одговорил?

• На кој начин била оспорена Божјата праведност?

• На што било симбол крштавањето на Исус?

• Што постигнал Исус со својата смрт?

[Слика на страница 9]

Дали знаеш на што било симбол крштавањето на Исус?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели