ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w92 15/11 стр. 4-6
  • Зошто некои се повторно родени

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто некои се повторно родени
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Божјата намера со човештвото
  • Што се случува со душата при смртта?
  • Повторно родени эа да владеат како цареви
  • А што е со Земјата?
  • Кој ќе има корист?
  • Можеш да веруваш во рајска Земја
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Дали некогаш сте се прашале?
    Разбудете се! 1994
  • Живот после смртта — што вели Библијата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Колку е јака твојата вера во воскресението?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
w92 15/11 стр. 4-6

Зошто некои се повторно родени

„АКО некој не се роди одново, не може да го види Царството Божје“ (Јован 3:3, Даничиќ–Караџиќ). Откако Исус ги изговорил овие зборови пред повеќе од 1.900 години, тие возбудиле и збуниле многумина.

За правилно разбирање на Исусовата изјава за повторното раѓање, најпрвин мораме да одговориме на прашањата: Каква е Божјата намера со човештвото? Што се случува со душата при смртта? Што треба да направи Божјето Царство?

Божјата намера со човештвото

Првиот човек, Адам, бил создаден како совршен човечки Божји син (Лука 3:38). Јехова Бог никогаш немал намера Адам да умре. Адам и неговата жена, Ева, ја имале можноста да донесат на свет безгрешно човечко семејство кое би живеело засекогаш и би ја наполнило рајската Земја (1. Мојсеева 1:28). Смртта не била дел од Божјата првобитна намера со човекот и жената. Таа продрела на сцената на човештвото само како последица на буната против божествениот закон (1. Мојсеева 2:15-17; 3:17-19).

Оваа буна двигнала големи морални спорни прашања, како што се прашањата за законитоста на Божјиот суверенитет и за способноста на луѓето да останат верни на неговите закони. За да се решат овие спорни прашања било потребно време. Но намерата со човештвото што ја имал Јехова Бог не се променила и тој не може да промаши во она што планира да го направи. Тој во потполност има намера да ја наполни Земјата со совршено човечко семејство кое ќе се радува на вечен живот во Рај (Псалми 36:29; 103:5; Исаија 45:18; Лука 23:43, NW). Мораме да ја задржиме на ум оваа темелна вистина додека ги разгледуваме Исусовите зборови за повторното раѓање.

Што се случува со душата при смртта?

Без да биле свесни за она што Божјиот свет дух им го открил на писателите на Библијата, грчките филозофи се труделе да пронајдат смисла во животот. Не им се верувало дека човекот требало да живее само неколку години, често во бедни услови, и потоа едноставно да исчезне. Во тоа имале право. Но во нивните заклучоци за човековите изгледи по смртта, грешеле. Заклучиле дека по смртта човекот продолжува да постои во некој друг облик, и дека во секого постои бесмртна душа.

Евреите и оние кои се исповедале како христијани биле под влијание на таквите гледишта. Книгата Heaven—A History вели: „Каде и да се сретнеле Евреи во дијаспора со учени Грци, на површина избивала идејата за бесмртна душа“. Книгата додава: „Грчките доктрини за душата оставиле траен печат врз Евреите, а на крајот и врз христијанските верувања. . . . Создавајќи единствен спој од платонската филозофија и библиската традиција, Филон [еврејски филозоф од првиот век од Александрија] го пробил патот за подоцнежните христијански мислители“.

Во што верувал Филон? Истата книга продолжува: „Според него, смртта ја враќа душата во нејзината првобитна состојба во која се наоѓала пред раѓањето. Бидејќи душата спаѓа во духовниот свет, животот во тело не е ништо друго освен кратка, честопати несреќна епизода“. Меѓутоа, Адамовата ‚првобитна состојба во која се наоѓал пред раѓањето‘ не постоела. Според библискиот извештај, Бог никогаш немал план за автоматско префрлување во некое друго подрачје при смртта, небаре Земјата е само ниво за повисок или понизок облик на постоење.

Верувањето дека човечката душа е бесмртна не се учи во Божјата со дух инспирирана Реч, Библијата. Таа ниту еднаш не го употребува изразот „бесмртна душа“. Наведува дека Адам бил создаден како душа, а не со душа. Во 1. Мојсеева 2:7 стои: „Го создаде Господ Бог човекот од прав земен и му дувна во лицето дух животен; и човекот стана жива душа“. Човештвото никогаш не било соочено ниту со можноста за траен живот на небото ниту со вечни маки во пеколен оган. Библијата покажува дека душата, односно лицето коешто умира нема свесно постоење (Псалми 145:3, 4; Проповедник 9:5, 10; Језекиил 18:4). Поради тоа, филозофите имале небиблиски сфаќања за душата. Треба да се чуваме од погрешни идеи кои би можеле да ни го замаглат разбирањето на Исусовите зборови за повторното раѓање.

Повторно родени эа да владеат како цареви

Исус му рекол на Никодим дека оние кои се ‚родени одново . . . влегуваат во царството Божјето‘ (Јован 3:3-5, ДК). Што претставува тоа Царство? Во симболична смисла, на почетокот од човечката историја Јехова Бог ја објавил својата намера да употреби едно нарочно „семе“ — еден иден владетел — кое ќе ѝ ја смачка главата на првобитната Змија, Сатана Ѓаволот (1. Мојсијева 3:15, ДК; Откровение 12:9). Како што постепено е откривано во Светото писмо, ова „семе“ е идентификувано како Исус Христос кој владее со совладетели во еден единствен израз на Божјата сувереност, а тоа е Месијанското Царство (Псалми 2:8, 9; Исаија 9:6, 7; Даниил 2:44; 7:13, 14). Месијанското Царство е небесното Царство, влада на небесата која ќе го оправда Јеховиниот суверенитет и која ќе го избави човештвото од оковите на гревот и смртта (Матеј 6:9, 10).

Совладетели на Исус му се 144.000 луѓе кои се купени од човештвото (Откровение 5:9, 10; 14:1-4). Бог избрал некои од Адамовото несовршено човечко семејство за да станат тие „Светци на Севишниот“ кои владеат со Христос во Месијанското Царство (Даниел 7:27, Ст; 1. Коринтјаните 6:2; Откровение 3:21; 20:6). Овие мажи и жени имаат вера во Исус Христос кој рекол дека тие ќе бидат ‚одново родени‘ (Јован 3:5-7, ДК). Како и зошто се случува тоа раѓање?

Овие поединци се крстени во вода како Христови следбеници. Бог им ги простил гревовите на темел на Исусовата откупна жртва, ги прогласил за праведни и ги присвоил како духовни синови (Римјаните 3:23-26; 5:12-21; Колосјаните 1:13, 14). За таквите апостол Павле вели: „Го примивте Духот на посинувањето, преку Кого велиме: Ава, Оче! Самиот Дух му сведочи на нашиот дух, дека ние сме чеда Божји. А ако сме, пак, чеда, ние сме и наследници Христови, но само ако со Него страдаме; та со Него и да се прославиме“ (Римјаните 8:15-17).

Како следбеници на Христос, доживеале ново раѓање или нов почеток во животот. Како последица на тоа било уверувањето дека тие би имале удел во Исусовото небесно наследство (Лука 12:32; 22:28-30; 1. Петрово 1:23). Апостол Петар го опишал повторното раѓање на следниот начин: „По својата голема милост [Бог] нѐ прероди преку воскресението на Исуса Христа од мртвите за жива надеж, за наследство што не пропаѓа, чисто, кое не свенува, запазено на небесата за вас“ (1. Петрово 1:3, 4). На таквите поединци им е овозможен тој нов живот на небото, бидејќи Бог ги воскреснува исто како што го воскреснал Исус (1. Коринтјаните 15:42-49).

А што е со Земјата?

Тоа не значи дека на крајот сето послушно човештво ќе биде повторно родено за да оди од Земјата на небото. Таквата погрешно разбрана идеја била слична на идејата на филозофот Филон кој учел дека „животот во тело не е ништо друго освен кратка, честопати несреќна епизода“. Но, во Јеховината првобитна земска творба немало ништо погрешно (1. Мојсеева 1:31; 5. Мојсеева 32:4).

Никогаш не било замислено човечкиот живот да биде краток и мачен. Исус Христос и оние кои се повторно родени да служат со него на небото како цареви и свештеници, ќе ги отстранат сите штетни последици на Сатановиот бунт (Ефесјаните 1:8-10). Со помошта што ќе ја пружат тие како ветено ‚Авраамово семе‘, „ќе се благословат сите народи на земјата“ (Галатјаните 3:29; 1. Мојсеева 22:18, ДК). За послушното човештво тоа ќе значи живот на рајска Земја, далеку поинаков од денешното кратко постоење исполнето со болка (Псалми 36:11, 29; Откровение 21:1-4).

Кој ќе има корист?

Меѓу оние кои ќе извлечат корист од Божјата подготовка за благословување на човештвото ќе бидат и воскреснатите мртви кои ќе покажуваат вера во Исусовата откупна жртва (Јован 5:28, 29; Дела на св. апостоли 24:15). Повеќето од нив никогаш не учеле за Бог и Христос и затоа не можеле да покажат вера во Исус. Меѓу нив ќе се наоѓаат и верните луѓе како што бил Јован Крстител, кој умрел пред Исусовата смрт да го отвори патот за небесен живот (Матеј 11:11). Освен нив, ‚големо мноштво . . . од сите народи ги испрале своите облеки и ги избелиле со крвта на Агнецот‘, Исус Христос. Тие се одѕиваат поволно на делото на проповедање на Царството кое сега го предводат Исусовите повторно родени „браќа“ и тие ќе ја преживеат Божјата војна на Армагедон за да живеат на исчистена Земја (Откровение 7:9-14; 16: 14-16; Матеј 24:14; 25:31-46). Затоа, според Божјата подготовка, милиони ќе бидат спасени, иако не се повторно родени за да владеат со Христос на небесата (1. Јованово 2:1, 2).

Ќе бидеш ли и ти меѓу оние кои наследуваат живот на рајската Земја? Можеш да бидеш ако покажуваш вера во жртвата на Исус Христос и ако бидеш активно поврзан со собранието на вистинските христијани. Тоа не е расипано со филозофии, туку останало „столб и тврдина на вистината“ (1. Тимотеј 3:15; спореди Јован 4:24, NW; 8:31, 32). Тогаш ќе можеш со нетрпение да очекуваш величествена иднина кога повторно родените Божји синови ќе владеат на небото и кога сите Божји земски деца ќе бидат обновени до совршенство на прекрасната рајска Земја. Искористи ја твојата прилика за живот во тој нов свет на вечни благослови (Римјаните 8:19-21; 2. Петрово 3:13).

[Слика на страница 6]

На Адам никогаш не му било дадено да бира меѓу живот на небото и вечни маки во пеколен оган

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели