ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • bt стр. 2
  • Писмо од Водечкото тело

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Писмо од Водечкото тело
  • ,Сведочи темелно за Божјето Царство‘
  • Сличен материјал
  • „Сѐ до крајот на земјата“
    ,Сведочи темелно за Божјето Царство‘
  • ‚Сведочи темелно за Божјето Царство‘
    Нашата служба за Царството 2011
  • Решени да дадеме темелно сведоштво
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Обучени да дадеме темелно сведоштво
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
Повеќе
,Сведочи темелно за Божјето Царство‘
bt стр. 2

Писмо од Водечкото тело

Драг објавителе на Царството,

Замисли дека си меѓу апостолите на Маслинската Гора, а пред тебе стои Исус. Пред да се вознесе на небото, тој вели: „Ќе примите сила кога светиот дух ќе дојде врз вас, и ќе ми бидете сведоци во Ерусалим, во цела Јудеја и Самарија и сѐ до крајот на земјата“ (Дела 1:8). Што ќе си помислеше да го слушнеше ова?

Можеби ќе помислеше дека тоа е претешка задача. Веројатно ќе се прашуваше: „Како воопшто е можно ние, една мала група ученици, да сведочиме ’до крајот на земјата‘?“ Можеби во тој момент ќе се сетеше и на предупредувањето што го дал Исус ноќта пред да умре: „’Робот не е поголем од својот господар‘. Ако ме прогонуваа мене, ќе ве прогонуваат и вас, ако ги држеа моите зборови, ќе ги држат и вашите. Но сето тоа ќе ви го прават поради моето име, бидејќи не го познаваат оној што ме прати“ (Јован 15:20, 21). Мислејќи на тие зборови, веројатно ќе се прашаше: „Како можам темелно да сведочам ако се соочам со такво противење и прогонство?“

Брат Џон Бар и брат Теодор Џерес од Водечкото тело гледаат во карта на светот. Брат Бар ја држи книгата „Сведочи темелно за Божјето Царство“.

Денес си поставуваме слични прашања. Како Јеховини сведоци, и ние имаме задача темелно да им сведочиме на „луѓето од сите народи“, и тоа „сѐ до крајот на земјата“ (Мат. 28:19, 20). Како можеме да ја извршиме оваа задача, особено ако земеме предвид дека е проречено противење?

Дела на апостолите содржи еден многу интересен извештај за тоа како апостолите и нивните соверници во првиот век успеале, со Јеховина помош, да ја извршат оваа задача. Целта на книгава што сега ја читаш е да ти помогне да го истражиш подлабоко тој извештај и да се внесеш во драматичните настани кои се запишани во него. Ќе бидеш восхитен кога ќе видиш колку многу сличности има меѓу Божјите слуги во првиот век и денес. Ќе увидиш дека постојат сличности не само во делото што го извршуваме туку и во начинот на кој сме организирани да го вршиме тоа дело. Додека размислуваш за сето ова, без сомнение, ќе се зајакне твојата увереност дека Јехова Бог и понатаму го води земниот дел од својата организација.

Се надеваме и се молиме истражувањето на книгата Дела да ти ја зајакне довербата дека Јехова ќе ти помага и ќе те поддржува со силата на својот свет дух. Затоа, биди цврсто решен и понатаму темелно да сведочиш за Божјето Царство и да им помагаш на другите да се спасат! (Дела 28:23; 1. Тим. 4:16).

Твоите браќа,

Водечко тело на Јеховините сведоци

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели