ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w07 1/12 стр. 4-7
  • Тие се обединети! Како успеале?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Тие се обединети! Како успеале?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Стравот од нуклеарно вооружување — пречка за обединувањето
  • Кој ќе му помогне на светот вистински да се обедини?
  • Обединети со помош на Божјата реч
  • ‚Се сакаат еден со друг‘
  • Нуклеарна војна — може ли да се избегне?
    Разбудете се! 2004
  • Единство — обележје на вистинската религија
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Дали светот ќе се обедини?
    Разбудете се! 2000
  • Единство на обожавањето во нашево време — што значи тоа?
    Обожавај го единствениот вистински Бог
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
w07 1/12 стр. 4-7

Тие се обединети! Како успеале?

НА ШТО помислуваш кога ќе чуеш дека две страни се „обединети“? За некои тоа значи дека меѓу нив не постои никаков спор или несогласување. На пример, ако две или повеќе земји потпишат некоја спогодба за мир и се согласат со условите изнесени во таа спогодба, би можело да се рече дека тие се обединети. Но, дали е тоа вистинско единство? Не мора да значи.

Историјата покажува дека илјадници мировни спогодби биле потпишани и прекршени. Зошто? Честопати поради тоа што светските лидери се позаинтересирани за својата превласт отколку за мирот или за единството. Освен тоа, има земји што се плашат од она што би можело да им се случи ако се помалку вооружени од другите.

Според тоа, ако две земји не се во војна, тоа не значи дека се обединети во мир. Зарем може да се рече дека двајца луѓе што имаат вперено пиштоли еден во друг се во мир само затоа што ниту еден од нив не пукал? Смешно е и да се помисли такво нешто! Сепак, многу земји денес се наоѓаат токму во таква ситуација. Меѓу нив владее сѐ поголема недоверба, и затоа сите се плашат дека еден ден другата страна ќе го употреби оружјето. Што се прави за да не дојде до тоа?

Стравот од нуклеарно вооружување — пречка за обединувањето

Многумина се надеваат дека Договорот за неширење на нуклеарно оружје ќе даде добри резултати. Со овој договор, кој е потпишан во 1968 год., им се забранува на земјите кои немаат нуклеарно оружје да го развиваат, а од земјите што веќе го имаат се бара да не прават ново. Целта на Договорот, кој досега го имаат потпишано повеќе од 180 земји, е целосно разоружување.

Иако оваа цел можеби звучи благородно, некои критичари сметаат дека тоа е само обид да се спречат некои земји да влезат во „нуклеарниот клуб“ — односно да не им се дозволи на земјите што немаат нуклеарно оружје да го развијат. Затоа постои оправдано страхување дека некои од оние што го потпишале Договорот можеби ќе го повлечат својот потпис. Всушност, некои земји сметаат дека воопшто не е фер што им е забрането да развиваат нуклеарно оружје кое, според нив, би им било од голема помош за да се бранат.

Проблемот се усложнува, а и опасноста се зголемува, со тоа што на ниту една земја не ѝ е забрането да користи нуклеарна енергија. Ова кај некои создава страв дека земјите што наводно користат нуклеарна енергија за мирољубиви цели можеби тајно развиваат атомско оружје.

Можно е дури и земјите што веќе имаат атомско вооружување да не го почитуваат овој Договор. Критичарите велат дека би било наивно да се очекува од земјите што се вооружени до заби да го уништат или макар да го намалат својот арсенал. Според еден авторитет, „за да се постигне тоа... потребно е толку високо ниво на пријателство и доверба меѓу земјите кои засега се противници [што речиси не може да се поверува дека] ова некогаш би можело да се случи“.

Човечките напори за обединување на светот — колку и да се искрени — се залудни. Ова не ги изненадува луѓето што ја проучуваат Библијата, бидејќи Божјата реч вели: „Човекот кој оди не може да управува со своите чекори“ (Еремија 10:23). Библијата исто така отворено вели: „Некој пат му се чини на човекот исправен, но на крајот води во смрт“ (Изреки 16:25). Човечките влади не можат да го обединат светот. Сепак, не сме оставени без надеж.

Кој ќе му помогне на светот вистински да се обедини?

Во Библијата е запишано Божјето ветување дека светот ќе се обедини, но не по заслуга на човек. Творецот, кој има намера луѓето насекаде да живеат во мир, ќе го постигне она што човекот не можел да го оствари. На некои сето ова им звучи како бајка. Сепак, Бог уште од самиот почеток имал намера луѓето да живеат во мир и единство.a Во Библијата има многу стихови кои покажуваат дека Бог не ја променил својата намера. Да разгледаме само неколку од нив.

• „Дојдете, гледајте ги делата на Јехова, зачудувачките работи што ги направи на земјата! Ги прекинува војните до крајот на земјата. Го крши лакот, го здробува копјето, со оган ја пали колата“ (ПСАЛМ 46:8, 9).

• „Повеќе нема да се прави зло и нема да се пустоши на целата моја света гора, зашто земјата ќе биде полна со знаење за Јехова, како што морето е полно со вода“ (ИСАИЈА 11:9).

• „Ќе ја уништи смртта засекогаш и Севишниот Господар Јехова ќе ги избрише солзите од секое лице. Ќе го отстрани срамот од својот народ по целата земја, зашто така рече Јехова“ (ИСАИЈА 25:8).

• „Според неговото ветување очекуваме нови небеса и нова земја во кои ќе живее праведноста“ (2. ПЕТРОВО 3:13).

• „[Бог] ќе ја избрише секоја солза од нивните очи и смрт нема да има веќе, ни тага, ни пискот, ниту болка. Сѐ што беше порано, помина“ (ОТКРОВЕНИЕ 21:4).

Можеме да имаме доверба во овие ветувања. Зошто? Затоа што Творецот, Јехова Бог, има и моќ и способност да го обедини човештвото (Лука 18:27). Тој има и желба да го стори тоа. Всушност, Библијата вели дека Бог „сака... повторно да се состави сѐ во Христос — она што е на небесата и она што е на земјата“ (Ефешаните 1:8-10).

Божјето ветување за „нова земја“ во која „ќе живее праведноста“ не е само пуста желба (2. Петрово 3:13). Во врска со тоа ветување, Јехова Бог вели: „Нема да се врати кај мене без плод, туку ќе го направи она што го сакам и ќе го изврши она поради кое сум ја испратил“ (Исаија 55:11).

Обединети со помош на Божјата реч

Како што беше спомнато во претходната статија, религијата честопати придонесува луѓето да се поделат, а не да се обединат. Вреди сериозно да размислиме за ова бидејќи, ако се согласуваме со фактот дека постои Творец, зарем не е разумно да очекуваме неговите слуги да бидат во мир и единство едни со други? Се разбира!

Тоа што религијата создава поделби меѓу луѓето нема никаква врска со Јехова Бог и со неговата Реч. Тие поделби само откриваат дека повеќето религии сакаат да ги спроведат човечките идеи за обединување, наместо да се залагаат да се исполни Божјата намера. На верските водачи од негово време, Исус им рекол дека се „лицемери“, а потоа додал: „Добро пророкуваше за вас Исаија, кога рече: ‚Овој народ ме почитува со усните, но срцето му е далеку од мене. Залудно ме почитуваат, бидејќи учењата за кои поучуваат се човечки заповеди‘“ (Матеј 15:7-9).

За разлика од нив, вистинската религија ги обединува луѓето. Пророкот Исаија претскажал: „Во последните денови, гората на Јеховиниот дом ќе стои цврсто над планинските врвови и ќе се возвишува над ридовите, и сите народи ќе се слеваат кон неа. Тој ќе суди меѓу народите и ќе создаде складност меѓу многу народи. Тие ќе ги прековаат своите мечеви во плугови и своите копја во српови. Народ против народ повеќе нема да крева меч и повеќе нема да учат да војуваат“ (Исаија 2:2, 4).

Денес во повеќе од 230 земји Јеховините сведоци постапуваат според поуките што ги дава Јехова Бог во врска со обединувањето. Како успеале да се обединат? Апостол Павле напишал: „Облечете се во љубов, зашто таа совршено ве поврзува“ (Колошаните 3:14). На јазикот на кој првобитно е напишан овој стих, зборот што е преведен со „поврзува“ може да се однесува на лигаментите, односно на жилите во човечкото тело. Тие лигаменти се цврсти како јаже и имаат две важни функции: ги држат на место органите во телото и ги сврзуваат коските.

Истите функции ги врши и љубовта. Нејзината основна функција не е само да ги спречи луѓето меѓусебно да се убиваат. Љубовта слична на Христовата им помага на луѓе со различно потекло да живеат заедно во мир. На пример, им овозможува да живеат според Златното правило. Тоа правило го кажал Исус Христос, а запишано е во Матеј 7:12: „Сѐ што сакате луѓето да ви прават вам, правете им го и вие ним“. Затоа што го применуваат, многумина успеале да ги надминат предрасудите.

‚Се сакаат еден со друг‘

Јеховините сведоци се решени да докажат дека се Христови ученици, и затоа ги држат неговите зборови: „По тоа сите ќе знаат дека сте мои ученици, ако се сакате еден со друг“ (Јован 13:35). Тие на дело покажале дека имаат таква љубов, особено во време на расни борби и политички немири. На пример, за време на геноцидот во Руанда во 1994 год., Јеховините сведоци покажаа дека навистина се сакаат еден со друг. Сведоци од племето Хуту си го ризикуваа животот за да ги заштитат своите браќа од племето Тутси.

Се разбира, не е реално да очекуваме дека сите народи ќе развијат љубов кон ближниот до таа мера што целиот свет ќе се обедини. Според Библијата, тоа ќе го постигне Бог кога ќе дојде време. Меѓутоа, уште сега поединци можат да се облечат во љубов и да бидат обединети.

Минатата година, Јеховините сведоци поминаа повеќе од милијарда часови посетувајќи ги луѓето и зборувајќи со нив за Библијата и за тоа каква вредност има оваа книга во денешно време. Точното познавање на Божјата реч придонесува милиони луѓе да се обединат, и покрај тоа што некои пред тоа биле заколнати непријатели. На пример, меѓу нив има Арапи и Евреи, Ерменци и Турци, Германци и Руси.

Дали би сакал да дознаеш нешто повеќе за тоа како Божјата реч, Библијата, им помага на луѓето да се обединат? Ако да, слободно стапи во контакт со Јеховините сведоци во твоето место или пиши на најблиската адреса од 2. страница во ова списание.

[Фуснота]

a Повеќе информации за Божјата намера со луѓето можат да се најдат во 3. поглавје од книгата Што навистина учи Библијата?, издадена од Јеховините сведоци.

[Истакната мисла на страница 4]

Илјадници мировни спогодби биле потпишани и прекршени

[Истакната мисла на страница 7]

Со примена на библиските начела, се постигнува она што човечките влади само го посакуваат

[Слика на страница 5]

Божјата реч покажува кој ќе го обедини светот

[Слика на страница 7]

Јеховини сведоци од племињата Хуту и Тутси заедно градат сала за христијански состаноци

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели