ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w10 1/10 стр. 9
  • 5. Каде и кога да се молиме?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • 5. Каде и кога да се молиме?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Сличен материјал
  • Молитвата може да ти помогне да се зближиш со Бог
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Исус нѐ учи да се молиме
    Учи од Големиот Учител
  • Зошто да се молиме непрестајно?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Како може да ни помогне молитвата
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
w10 1/10 стр. 9

5. Каде и кога да се молиме?

СИГУРНО си забележал дека повеќето религии имаат раскошни места за молитви и одредуваат точно време во денот кога верниците треба да се молат. Дали Библијата пропишува да се молиме само на одредени места и во одредено време?

Библијата покажува дека има соодветни прилики кога треба да се каже молитва. На пример, пред да јаде со своите ученици, Исус му се заблагодарил на Бог (Лука 22:17). А кога Христовите ученици се собирале за да го обожаваат Бог, се молеле заедно. Така го продолжиле обичајот што долго време се практикувал во еврејските синагоги и во храмот во Ерусалим. Бог имал намера храмот да биде „дом на молитвата за сите народи“ (Марко 11:17).

Кога Божјите слуги се собираат и се молат, нивните молитви може да имаат големо влијание. Ако сите се истомисленици и молитвата што ја кажуваат ги одразува библиските начела, Бог се радува. Таа молитва може дури и да го поттикне да го направи она што инаку не би го направил (Евреите 13:18, 19). Јеховините сведоци редовно се молат на нивните состаноци. Срдечно си поканет да дојдеш во најблиската Сала на Царството и сам да ги чуеш тие молитви.

Меѓутоа, Библијата не нѐ ограничува да се молиме само во одредено време и на одредено место. Во неа читаме дека Божјите слуги се молеле во различно време и на различно место. Исус рекол: „Кога се молиш, влези во својата најскриена соба и затвори ја вратата, па помоли му се на својот Татко кој е во тајност. Тогаш твојот Татко, кој гледа во тајност, ќе ти возврати“ (Матеј 6:6).

Зар не ти е мило што е така? Ти можеш да му се обратиш на Севишниот на целата вселена во секое време, дури и тогаш кога си сам, уверен дека тој ќе те чуе. Затоа, не е чудно што Исус честопати сакал да биде сам за да се моли! Еднаш, пред да донесе една многу важна одлука, поминал цела ноќ во молитва, очигледно барајќи водство од Бог (Лука 6:12, 13).

И други мажи и жени што се спомнати во Библијата се молеле кога требало да донесат некои тешки одлуки или кога биле во неволја. Понекогаш се молеле гласно, а понекогаш во себе. Се молеле и кога биле собрани во група и кога биле сами. Но, најважно е што се молеле. Бог ги повикува своите слуги: „Молете се непрестајно“ (1. Солуњаните 5:17). Тој секогаш е спремен да ги сослуша оние што ја вршат неговата волја. Зарем тоа не е љубезна покана?

Се разбира, во денешниов циничен свет, мнозина се прашуваат од каква практична вредност е молитвата. Можеби се прашуваш: ‚Дали молитвата навистина ќе ми помогне?‘

[Истакната мисла на страница 9]

Можеме да се молиме во секое време и на секое место

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели