ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g20 Бр. 1 стр. 14-15
  • Живот без стрес — не е само сон

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Живот без стрес — не е само сон
  • Разбудете се! 2020
  • Сличен материјал
  • Содржина
    Разбудете се! 2020
  • Како да го контролираш стресот
    Разбудете се! 2010
  • Под власта на Божјето Царство „ќе има голем мир“
    Разбудете се! 2019
  • Како да се справиш со стресот
    Разбудете се! 2020
Повеќе
Разбудете се! 2020
g20 Бр. 1 стр. 14-15
Еден татко ужива со синчето играјќи си на брановите од океанот, а мајката и ќерките радосно гледаат од плажата.

КАКО ДА СЕ СПРАВИШ СО СТРЕСОТ

Живот без стрес — не е само сон

Благодарение на мудроста од Библијата можеме да избегнеме голем дел од стресот. Се разбира, ние луѓето не можеме да ги отстраниме сите работи што ни предизвикуваат стрес. Но нашиот Творец може. Тој дури поставил некој што ќе ни помогне. Тоа е Исус Христос. Наскоро, Исус ќе направи многу поголеми чуда од оние што ги направил кога живеел како човек на Земјата. На пример:

ИСУС ЌЕ ГИ ИЗЛЕКУВА БОЛНИТЕ, КАКО ШТО ВЕЌЕ ГО СТОРИЛ ТОА ВО МИНАТОТО.

„Му ги доведоа сите што страдаа, болни од разни болести... и тој ги излекува“ (МАТЕЈ 4:24).

ИСУС ЌЕ ОБЕЗБЕДИ УДОБЕН ДОМ И ХРАНА ЗА СИТЕ.

„Тие [Христовите поданици] ќе градат куќи и ќе живеат во нив, ќе садат лозја и ќе го јадат нивниот род. Нема тие да градат, а некој друг да живее во нив, нема тие да садат, а некој друг да го јаде нивниот род“ (ИСАИЈА 65:21, 22).

ВЛАДЕЕЊЕТО НА ИСУС ЌЕ ДОНЕСЕ МИР И СИГУРНОСТ ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ.

„Во неговите дни ќе процвета праведникот и ќе има голем мир сѐ додека постои месечината. Ќе има поданици од море до море и од Реката до краиштата на земјата... Неговите непријатели ќе ја лижат прашината“ (ПСАЛМ 72:7-9).

ИСУС ЌЕ ЈА ОТСТРАНИ НЕПРАВДАТА.

„Ќе се сожали на бедниот и на сиромавиот и ќе ги спаси душите на сиромасите. Од угнетување и од насилство ќе ја откупи нивната душа“ (ПСАЛМ 72:13, 14).

ИСУС ЌЕ ГИ ОТСТРАНИ ДУРИ И СТРАДАЊАТА И СМРТТА.

„Смрт нема да има веќе, ни тага, ни пискот, ниту болка“ (ОТКРОВЕНИЕ 21:4).

„ОСОБЕНО ТЕШКИ ВРЕМИЊА“

„Луѓето денес имаат повеќе стрес и грижи и чувствуваат поголема тага и болка од кога и да било порано“ (Мохамед Јунис, главен уредник во Галуп, агенција за истражување на јавното мислење).

Зошто денес има толку многу стрес? Библијата дава многу логичен одговор. Во 2. Тимотеј 3:1 пишува: „Во последните денови ќе настанат особено тешки времиња“. Потоа Библијата објаснува дека причината за толку лошата состојба во светот е поврзана со лошите особини на луѓето. Во тие особини спаѓаат алчност, гордост и религиозно лицемерство. Освен тоа, Библијата вели дека луѓето ќе бидат насилни, без љубов кон членовите на семејството и без самоконтрола (2. Тимотеј 3:2-5). Последните денови ќе завршат кога Исус Христос потполно ќе завладее со целата планета како Цар на Божјето Царство — влада која од небото ќе управува со Земјата (Даниел 2:44).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели