ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w94 1/3 стр. 28-30
  • Дали ја вршиш Божјата волја?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали ја вршиш Божјата волја?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што е ‚волја Божја‘?
  • Да се пронајде радост во вршењето на Божјата волја
  • Да се задржи радоста во вршењето на Божјата волја
  • Радост — особина што ни ја дава Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
  • Служи му на Јехова со радосно срце
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Служи му на Јехова со радост
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Имај удел во радоста од давањето!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
w94 1/3 стр. 28-30

Дали ја вршиш Божјата волја?

ВО СЛУЖБАТА од куќа до куќа, двајца Јеховини сведоци сретнале свештеник на Епископалната црква, љубезен, брадест шеесетгодишен човек. На себе имал маичка со амблем на црквата. Само кратко им рекол: „Би сакал и нашите членови да се ревни како вас во ширењето на Речта, но ќе морам да ве замолам повеќе да не доаѓате на мојата врата“.

Да, многу луѓе се восхитуваат на делото на Јеховините сведоци и ги фалат поради нивната ревност и ентузијазам. Сепак, тие воопшто не се заинтересирани за нивното дело ниту пак самите сакаат да го вршат. Но, оваа очигледна противречност на работите не е ништо ново. И Исус ја забележал во свое време и силно ја нагласил со помош на една споредба која нѐ поттикнува на размислување.

„А како ви се чини ова? Еден човек имаше два сина; па отиде при првиот и му рече: ‚Сине, оди денес да работиш во моето лозје!‘ Тој одговори и рече: ‚Нејќам!‘ Но потоа се покаја и отиде. Па како дојде и при вториот, му го рече истото. Тој одговори и рече: ‚Ќе отидам, господаре‘. Но не отиде. Кој од двајцата ја исполни татковата волја?“ (Матеј 21:28-31).

Одговорот е очигледен. Како мноштвото кое го слушало Исус така и ние ќе одговориме: „Првиот“. Но, покрај очигледното, преку оваа илустрација Исус ни посочил дека она што било важно е извршувањето на татковото барање. Иако првиот син рекол дека не сака да оди, сепак отишол и затоа бил пофален. Да се врши вистинската работа е еднакво важно. Првиот син постапил така што работел во лозјето на татка си; тој не отишол да работи во своето сопствено лозје.

Какво значење има сето ова за нас? Што бара Бог денес од обожавателите? Што можеме да научиме од Исусовиот живот, а што ќе ни помогне да ја вршиме волјата на неговиот Татко? Ова се важни прашања и пронаоѓањето на вистинските одговори ќе значи наше вечно добро бидејќи „оној, што ја извршува волјата Божја, останува довека“ (1. Јованово 2:17; Ефесјаните 5:17).

Што е ‚волја Божја‘?

Именката „волја“ е наведена повеќе од 84 пати во Comprehensive Concordance of the New World Translation of the Holy Scriptures (Опширна конкорданца на Нов свет преводот на Светото писмо). Во шеесет случаи (или околу 75 проценти од вкупниот број) се однесува на Божјата волја. Изразите како што се „волја Божја“, „волјата на мојот Татко“ и „Божја волја“ се појавуваат преку 20 пати. Од овде можеме да видиме дека божествената волја за нас би требала да биде од примарна важност. Вршењето на Божјата волја би требало да биде главен интерес во нашиот живот.

Според Webster’s Ninth New Collegiate Dictionary именката „волја“ значи ‚желба, одлука, нешто што се сака, особено избор или одлука на некој кој има власт или моќ‘. Според тоа, Јехова, Врховната власт, има волја, желба, односно, одлука. Каква? Библијата ни вели дека делумно „[Божја] волја е сите видови луѓе да бидат спасени и да дојдат до точно спознание на вистината“ (1. Тимотеј 2:4, НС). Исус Христос и првите христијани со цела душа работеле за да им го пренесат на другите ова точно спознание (Матеј 9:35; Дела 5:42; Филипјаните 2:19, 22).

Кој ја извршува Божјата волја денес? Од речиси две милијарди луѓе кои се изјаснуваат за следбеници на Исус Христос, колкумина се како првиот син од Исусовата споредба кој отишол и ја извршил волјата на својот татко? Не е тешко да се пронајде одговорот. Вистинските следбеници на Исус Христос, кои во чекор го следат, ќе ја извршуваат онаа работа која тој рекол дека ќе ја извршуваат: „Кај сите народи најнапред треба да се проповеда Евангелието“ (Марко 13:10). Јеховините сведоци кои бројат преку четири и пол милиони во целиот свет, активно ја проповедаат добрата вест за Божјето Царство и ги поучуваат другите укажувајќи на Царството како на единствена надеж на човештвото за мир и безбедност. Дали учествуваш целосно во вршењето на Божјата волја? Дали ја проповедаш добрата вест за Царството како Исус? (Дела 10:42; Евреите 10:7).

Да се пронајде радост во вршењето на Божјата волја

Иако е радост да се учи што е волјата на Таткото, поголема радост е да се поучуваат другите за Божјата волја. Исус нашол радост во поучувањето на луѓето за својот Татко. Тоа за него било како храна (Јован 4:34). И ние ќе се радуваме на вистинска среќа ако го вршиме она што го вршел Исус, имено, да проповедаме и да поучуваме за работите за кои тој поучувал, за работите кои ги примил од својот Татко (Матеј 28:19, 20). Како што Исус и ветил: „Кога го знаете ова, блажени сте, ако го извршувате“ (Јован 13:17).

На пример: Една мајка која неодамна повторно стапи во полновремената пионерска служба, рече: „Навистина сум одушевена кога ќе видам како лицето на библискиот ученик го осветлуваат многуте библиски вистини додека допираат до неговото срце! За мене е толкава радост кога видов како една извонредна студентка ги испишува сите стихови пред студијата и прави забелешки во текот на студирањето за да може да одговори на секое прашање кое подоцна повторно ќе се разгледува“. Една друга нејзина библиска студентка имала некакви контакти со вистината на својата рана тинејџерска возраст. Денес е омажена и загрижена поради некои лични проблеми, па копнеела да ги пронајде Сведоците. Колку била среќна кога пионерката ја пронашла! Младата жена била одушевена што можела да продолжи со библиската студија.

Да се задржи радоста во вршењето на Божјата волја

Цар Давид од древниот Израел бил еден од оние кои тежнееле да ја вршат Божјата волја сиот свој живот. Наспроти многуте тешкотии и притисоци кои му доаѓале, бил вдахновен да каже: „Одлучив да ја исполнам волјата Твоја, Боже мој; и Твојот закон е во срцето мое“ (Псалм 39:8). Вршењето на Божјата волја било во самата Давидова душа, во самото негово битие. Тоа била тајната на неговата постојана радост додека му служел на Јехова. За Давид не претставувало тешкотија да ја врши Божјата волја. Напротив, му претставувало задоволство, тоа било нешто што доаѓало од самото негово срце. Сиот живот се напрегал во службата за својот Бог Јехова да го направи најдоброто иако, сепак, понекогаш грешел и потклекнувал.

Понекогаш, радоста може да ни исчезне. Можеби сме станале исцрпени или малодушни. Можеби случките од минатото и понатаму ни претставуваат проблем, нашата совест сѐ уште нѐ вознемирува поради некои лоши постапки кои сме ги сториле далеку во минатото. Често пати овие чувства можеме да ги победиме преку потемелно проучување на Божјата Реч. Можеме да тежнееме Божјиот закон да го испишеме на ‚нашите срца‘, како Давид. Ако се трудиме со цела душа да ја вршиме Божјата волја, односно, да го правиме најдоброто според нашите можности, тој ќе нѐ награди следствено затоа што е верен (Ефесјаните 6:6; Евреите 6:10-12; 1. Петрово 4:19).

Занимливо, во Евреите 10:5-7 апостол Павле ги цитирал Давидовите зборови од Псалм 39:6-8, применувајќи ги на Исус Христос. Со тоа Павле истакнал колку Исус бил близок со својот Татко. Хебрејскиот збор за „волја“ пренесува мисла на ‚радост, желба, наклоност или задоволство‘. Според тоа, што се однесува до Христос, Псалм 39:8 може да гласи: „Наоѓам радост да го исполнам она што ти е тебе задоволство, Боже мој“.a Исус сакал да го прави она што му се допаѓало на неговиот Татко. Тој отишол над она што од него се барало да го направи. Тој го правел она што му лежело на срце на неговиот Татко и тоа го правел со задоволство.

Целиот Исусов живот се вртел околу поучувањето на другите за тоа што е Божјата волја и што мораат да сторат за да добијат Божји благослов. Тој бил полновремен проповедник и учител, и наоѓал голема радост во вршењето на тоа дело. Според тоа, логично е дека колку повеќе го извршуваме Јеховиното дело толку повеќе радост ќе добиеме. Можеш ли и ти да служиш полновремено во делото на проповедање за да може и твојата радост да изобилува?

Понатамошна помош да се задржи радоста во вршењто на Божјата волја е добро да се сконцентрираме на иднината. Токму тоа го сторил Исус. „Поради Неговата идна радост претрпе крст, откако го презре срамот.“ За него радоста била да се покаже верен пред Бог до крајот, а после тоа да ја добие наградата да царува од десната страна на својот Татко (Евреите 12:2).

Претстави си ја идната радост која ќе настапи за оние кои непрестано ја вршат Божјата волја. Таквите ќе го видат уништувањето на оние кои упорно ја извршуваат својата себична волја дури и ако поради тоа страдаат оние кои се напрегаат да ја вршат Божјата волја (2. Солунјаните 1:7, 8). Мисли за радоста на ближните кои ќе воскреснат кога ќе добијат можност да учат за Божјата волја и да ја извршуваат. Или, размисли за Божјата намера да ја обнови Земјата до рај. И, на крајот, замисли си ја слободата што ќе настане со потполното уништување на Сатана, противникот на Јеховината волја.

Да, вршењето на Божјата волја може денес да донесе многу радост, а во иднината бескрајна среќа. Без обѕир на одѕивот на кој би можеле да наидеме во делото на проповедање, да го имитираме Исусовиот пример и со задоволство да ја вршиме волјата на неговиот Татко.

[Фуснота]

a Види ја фуснотата за Псалм 40:8 (НС).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели