ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 8/95 стр. 7
  • Родители кои се радуваат!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Родители кои се радуваат!
  • Нашата служба за Царството 1995
  • Сличен материјал
  • Млади — радувајте го Јеховиното срце
    Нашата служба за Царството 1993
  • Какви цели поставувате за вашите деца?
    Нашата служба за Царството 1995
  • Поучете ги своите деца да проповедаат
    Нашата служба за Царството 2011
  • Да се изгради духовно јако семејство
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
Повеќе
Нашата служба за Царството 1995
km 8/95 стр. 7

Родители кои се радуваат!

1 Ако си млада личност која живее во еден христијански дом, на еден посебен начин можеш да ги усреќиш своите родители. Доколку постапуваш исправно, ќе „се радуваат татко ти и мајка ти“ (Изр. 23:22-25). Природно е родителите да ти го сакаат најдоброто. Ним ништо не може да ги израдува повеќе од тоа да видат како вистината станува дел од тебе и како ти му го предаваш својот живот на Јехова.

2 Можеш да бидеш благодарен што имаш родители кои се во вистината. Уште од твоето раѓање тие те хранат, те облекуваат, ти дале дом и те негуваат кога си болен. Што е уште поважно, тие настојуваат да те поучат за Јехова и за неговите праведни патишта; тоа претставува одгледување кое може да ти осигури вечен живот (Ефеш. 6:1-4). Како можеш да го покажеш своето ценење за тоа?

3 Направи ја вистината дел од себе: Твоите родители се обидуваат да те поучат сериозно да ја сфатиш вистината, духовно да напредуваш и да бидеш тесно поврзан со Јеховината организација. Можеш да покажеш ценење со тоа што ќе се интересираш за семејната студија без да мораат да те принудуваат на тоа. Покажи желба да присуствуваш на состаноците, самиот грижејќи се да бидеш спремен за да можете како семејство да пристигнете навреме. На состаноците седи со своите родители и внимавај со тоа што ќе следиш во публикацијата што се проучува. Покажи иницијатива да учествуваш на состаноците со коментирање. Покажи дека си ученик кој е спремен да учествува во Теократската школа за проповедање, со тоа што ќе ги прифаќаш задачите и ќе дадеш сѐ од себе за да ги извршиш. Пријави се сам за да помогнеш кога се работи околу Салата на Царството, доколку твојата помош би била од корист. Вклученоста во таквите активности може да го сосредоточи твоето срце на она што е духовно добро за тебе.

4 Постави си цели да напредуваш: Посегни по значајно учество во службата на проповедање, покажувајќи желба да ги исполниш условите за објавител. Биди во чекор со седмичното читање на Библијата или, што е уште подобро, самиот прочитај ја целата Библија. Одлучи да ги исполниш условите за предание и крштевање. Родителите нека ти помогнат внимателно да го избереш училиштето со цел да добиеш школување кое ќе те опреми за потполно учество во Јеховината служба. Концентрирај се на тоа да стекнеш углед кој ќе ги наведе другите да те препорачаат за посебни предности како што е пионерската или бетелската служба (Дела 16:1, 2). Постигнувањето цели може да ти помогне ‚да се увериш во поважните работи, за да бидеш . . . исполнет со праведен плод‘ (Фил. 1:10, 11, НС).

5 Младоста е време за учење, односно за стекнување искуство и вештини во постапувањето со другите. Тоа е време кога можеш да уживаш во животот без притисоците и одговорностите кои ги носат зрелите години. Соломон рекол: „Весели се во младоста своја, момче, и срцето твое да вкусува радост во дните на твојата младост“ (Проп. 11:9). Ако си цврсто решен да му служиш на Јехова во младоста, ќе пожнееш благослови што ќе траат засекогаш (1. Лет. 28:9).

6 Ако ‚се стремиш кон правда‘ наместо кон „желбите на младоста“, ќе ги ослободиш своите родители од тешкото бреме на грижата и од болки на срцето (2. Тим. 2:22). И на своето срце ќе му дадеш причина да се радува (Изр. 12:25). А најмногу од сѐ, ќе му донесеш радост на својот Творец, Јехова Бог (Изр. 27:11).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели