Дели со другите според нивните потреби
1 Јехова прави подготовка за да ги задоволи нашите духовни потреби преку верниот „роб“ (Мат. 24:45—47, НС). Многу од овие подготовки се во форма на книги, Библии, повези, видеокасети, снимки на аудиокасети и компјутерски дискови за истражување на Библијата. Она што го дава Јехова секогаш е доволно без да биде премногу. Тој очекува од нас да делиме еден со друг, уверувајќи се дека сите имаат подеднаква корист.
2 Сите такви подготовки се произведуваат со огромна финансиска цена. За овие трошоци се грижи целото светско братство. Ова особено е случај откако Организацијата ја воспоставила подготовката за бесплатно дистрибуирање на литературата, потполно зависејќи од доброволни донации за да го покрие трошокот. Освен тоа, многу подружници ги добиваат овие подготовки од Друштвото по цена што им овозможува на браќата да го имаат она што им е потребно за состаноците и за активноста на подрачјето, дури и тогаш кога имаат многу ограничени материјални средства.
3 Како можеме да помогнеме: Ние можеме да одговориме на Павловата опомена да делиме со другите „според нивните потреби“ (Рим. 12:13, НС). Кога даваме финансиски прилози за светското дело, ние директно учествуваме во делењето на она што го имаме, со нашите браќа ширум светот. Имајќи го тоа на ум, некои решаваат да одделат извесна сума за секој месец да приложат за светското дело, како што прават за трошоците на Салата на Царството. Тие сфаќаат дека овие средства се трошат не само за производство на литература туку и за сите фасети на делото. Замисли ја големата корист која би ја доживеало нашето братство ако повеќето би учествувале во тоа редовно.
4 Понатаму, можеме да делиме со нив ако секогаш бидеме скромни кога бараме работи кои ни се достапни без тешкотија. Нарачувајќи го само она што всушност ни е потребно, им дозволуваме на нашите браќа на другите места да ги добијат духовните подготовки што и на нив им се потребни за да останат јаки и да го унапредуваат проповедањето на добрата вест во нивниот дел од светот (Евр. 13:16, НС).
5 Ова треба да го имаме на ум особено тогаш кога бараме работи што се произведени по приличен трошок за Друштвото. Тоа вклучува видеокасети, CD-ROM-ови, големи прирачници, повези и претплати на аудиокасети. Наместо да се бара по една работа за секој член на домаќинството, би можело ли целото семејство да помине само со една? Ако го ограничиме она што го бараме за себеси, тоа ќе им дозволи на другите да ги набават истите добри работи кои ние ги уживаме (Фил. 2:4).
6 Цената на литературата што ја оставаме на подрачјето може да биде делумно израмнета со донации за светското дело на Друштвото кои во Салите на Царството ги приложуваме ние и заинтересираните лица кои ја прифаќаат. Но, кога се работи за литературата која ја бараме за наша лична употреба, вклучувајќи песнарки, Годишници, делукс Библии итн., ние не можеме да очекуваме надворешни лица да се грижат за нашите потреби. Јеховините предадени слуги се првенствениот извор на оваа финансиска поддршка. Имајќи го ова на ум, многу објавители проценуваат колку би можеле да чинат овие работи доколку се комерцијално произведени, а потоа спрема тоа приложуваат. На пример, една делукс Библија со златни рабови може лесно да чини 20 долари или повеќе, прирачник може да биде 40 долари и нагоре, четирибоен ѕиден календар можеби се продава за најмалку 5 долари, енциклопедија на CD-ROM чини од 50 до 100 долари или повеќе, музички компакт дискови обично чинат близу 20 долари, а некои видеокасети често се продаваат за многу повеќе. Пропустот да се приложи доволно за да се покријат трошоците, на крај ќе го ограничи она што Организацијата можеби инаку ќе може да го постигне во унапредувањето на светското дело.
7 Исус објавил дека неговите вистински следбеници би можеле јасно да се идентификуваат по нивната љубов еден кон друг (Јован 13:34, 35). Нашата великодушност во материјалното давање и нашата несебичност во делењето со другите според нивните потреби, сигурно се добри начини да се докажеме дека сме вистински христијани.