Покажувај ценење за теократските средства
1 Кога ги правел подготовките за поправка на храмот, цар Јосиј ги пофалил оние на кои им била доделена работата, велејќи: „Нека не се бара од нив сметка за врачените сребреници, зашто тие работат чесно [со верност, NW] “ (2. Цар. 22:3—7). Ценењето што овие мажи го имале за светите работи било очигледно од тоа како ракувале со средствата што им биле доверени. Денес, додека сме зафатени во светото дело на Божјата добра вест, и ние на сличен начин треба да покажуваме верност кога ракуваме со средствата што ни се дадени.
2 Во службата на теренот: Благодарноста за важната порака што ја содржат нашите публикации и свесноста за трошокот што е вклучен во нивното производство нѐ тера многу да ги цениме. Нашата литература не треба да ја нудиме непробирливо на оние што не покажуваат вистинско ценење за библиската порака. Ако некој покажува мал интерес за добрата вест, можеме да му понудиме трактат наместо друга литература.
3 Дистрибуирај ја литературата на начин што покажува почит за нејзината вредност. Избегнувај да ја оставаш на јавни места каде што само ќе се расфрла. За да избегнеш да ти пропаднат списанијата, пред да набавиш уште литература, направи попис на онаа што ја имаш дома при рака. Ако редовно имаш вишок од секое издание од списанијата, размисли да ја намалиш својата нарачка.
4 Публикации за лична употреба: Треба да ги порачуваме само оние публикации што навистина ни се потребни. Треба да бидеме особено скромни кога бараме делукс Библии, Библија со референции и други големи публикации, како што се Конкорданца, Индекс, Увид и книгата Објавители, за чие производство се потребни значителни трошоци.
5 Дали имаш навика да го запишеш своето име и адреса на твојот личен примерок од публикациите? Ова помага да се намали потребата да се набават замени за публикациите што се изгубени. Ако изгубиш песнарка, Библија или публикација што се проучува, можеби ќе ја најдеш меѓу изгубените работи што се најдени во Салата на Царството или на конгресното место (Лука 15:8, 9).
6 Да настојуваме мудро да ја користиме нашата литература. Тоа е еден начин да ја покажеме нашата верност кога ракуваме со средствата на Царството што Јехова ни ги доверил (Лука 16:10).